Ишикли или Ашиклар (грчки: Λεβεντοχώρι, Левендохори, до 1927 Ασικλάρ, Асиклар)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Ишикли
Λεβεντοχώρι
Ишикли is located in Грција
Ишикли
Ишикли
Местоположба во областа
Ишикли во рамките на Кукуш (општина)
Ишикли
Местоположба на Ишикли во Општина Кукуш и областа Централна Македонија
Координати: 40°57′N 22°49′E / 40.950° СГШ; 22.817° ИГД / 40.950; 22.817
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки округ
ОпштинаКукуш
Општ. единицаКукуш
Надм. вис.&10000000000000158000000158 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно266
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на 8 километри југозападно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 158 метри.

Историја

уреди

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Ишикли се состоело од 10 семејства со 36 жители муслимани[3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Ишикли имало 140 жители муслимани[4].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година, во селото биле евидентирани 27 жители, додека во 1920 година 78 жители Турци. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека од селото се иселиле муслиманските жители[5]. Во 1926 година, селото било преименувано во Левендохорион.[6]

Демографија

уреди

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 161 жител бегалец.[7], додека во 1940 година селото броело 275 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 247 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 248 жители, во 1971 година имало 238 жители, во 1981 година имало 279 жители, додека во 1991 година имало 301 жител[8]. Денеска, населението на селото е 266 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 275 247 248 238 279 301 266
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

уреди
  1. Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Λεβεντοχώρι
  3. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 162-163.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 165.
  5. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 123.
  6. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  7. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  8. „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-07.