Мирово
Мирово (грчки: Ελληνικό, Елинико, до 1927 Μύροβον, Мировон)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Мирово Άγιος Αντώνιος | |
---|---|
Координати: 41°0′N 23°6′E / 41.000° СГШ; 23.100° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Кукушки округ |
Општина | Кукуш |
Општ. единица | Кукуш |
Надм. вис. | 743 м |
Население (2001)[1] | |
• Вкупно | 166 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на 20 километри североисточно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро, на планината Круша. Селото се наоѓа на надморска височина од 743 метри.
Историја
уредиСпоред статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Мирово имало 60 жители Македонци и 290 Турци[3][4].
Селото било под влијание на Бугарската егзархија.
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По 1919 година, голем дел од унијатското население заминале во Бугарија, каде го основале селото Ново Делчево[5].
Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1927 година, селото било преименувано во Елинико.[6].
Демографија
уредиВо 1928 година селото било чисто бегалско со 124 жители бегалци.[7].
Наводи
уреди- ↑ Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Ελληνικό
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 165.
- ↑ http://www.kae-bg.org/images/content/36/istoria%20novo-delchevo.doc
- ↑ „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.