ЖРК Вардар
ЖРК Вардар е женски ракометен клуб од Скопје, Македонија. Екипата редовно настапува во женската ракометна лига на Македонија, а исто така, била учесник и во Лигата на шампиони. Боите на клубот се: црно-црвена. Своите натпревари како домаќин, клубот ги играл најпрвин во СЦ „Борис Трајковски“, а од сезоната 2014-2015 во СЦ „Јане Сандански“. Канцелариите на клубот се наоѓаат на бул. Октомвриска револуција, бр. 18, 1000 Скопје.
ЖРК Вардар | |||
---|---|---|---|
Краток назив | Вардар | ||
Основан | 1961 | ||
Игралиште | Спортски центар Јане Сандански | ||
Приемност | 6. 000 | ||
Престедател | Гордана Нацева | ||
Главен тренер | Индира Кастратовиќ | ||
Лига | СКОПСКО супер женска ракометна лига | ||
2016/17 | 1. | ||
Бои | |||
Клупски бои | |||
Дресови | |||
Мреж. место Матична страница |
Спортски клуб Вардар | ||
---|---|---|
Фудбал | Ракомет (мажи) | Ракомет (жени) |
Историја
уредиКлубот најпрвин настапувал како ЖРК „Вардар“, а подоцна играл под името ЖРК „Вардар-Осигурување“. Се работи за клуб со најголема традиција и историја во женскиот ракомет во Македонија. Клубот е формиран во 1961 година, од тогашниот РК „Графичар“ и сè до денес го задржува името „Вардар“. Во времето на СФРЈ, клубот се натпеварувал во Втората сојузна лига, Македонско-косовската лига и Македонската лига. По осамостојувањето на Македонија, клубот продолжил да се натпреварува во женската ракометна супер лига, каде секогаш завршувал во горниот дел на табелата. Исто така, во повеќе наврати, клубот настапувал на европската ракометна сцена.[1] Во сезоната 2013-2014, клубот го носел името ЖРК „Вардар СЦБТ“, а по завршувањето на сезоната го променил името во ЖРК „Вардар“. Притоа, интересно е да се спомене дека во Лигата на шампионите, клубот настапувал како ЖРК „Вардар“, додека во првенството на Македонија играл под името „Вардар“, додека втората екипа настапувала под името ЖРК „Вардар“.
Настапи во македонската ракометна лига
уредиПрвиот голем успех на домашната сцена, ЖРК „Вардар“ го постигнал во 1994 година, кога го освоил Купот на Македонија, победувајќи го во финалето „Кометал Ѓорче Петров“. Подоцна, во сезоната 2011-2012, клубот го освоил второто место во ракометната лига и играл во полуфиналето од Купот на Македонија. Една година подоцна, во сезоната 2012-2013, ЖРК „Вардар СЦБТ“ конечно станал шампион на Македонија.[1]
Во сезоната 2013/2014, ЖРК „Вардар СЦБТ“ по вторпат едноподруго ја освоил шампионската титула во македонската лига. Притоа, по одиграните 20 кола, клубот имал 19 победи и еден нерешен меч, со гол разлика од 758:364, при што освоил 58 бодови, т.е. 9 бодови пред второпласираниот тим ЖРК "Металург". Истата година, клубот ја освоил и двојната круна, победувајќи во финалето од Купот на Македонија.[2]
Во сезоната 2014/2015, „Вардар“ повторно го освоил Купот на Македонија. Притоа, најпрвин, на 15 мај 2015 година, во полуфиналето го победил вториот тим на „Вардар“ со 39:26, а еден ден подоцна, во финалето убедливо го победиле и тимот на „Металург“ со 34:16 (17:11). За најкорисен играч на Ф4 турнирот била прогласена Андреа Пенезиќ, која во финалето постигнала осум гола.[3][4][5] Неколку дена подоцна, на 20 мај 2015 година, во претпоследното коло од Суперлигата, ракометарките на „Вардар„ ги примиле пехарот и медалите за освоената трета шампионска титула, која ја обезбедиле уште претходно. Притоа, шампионската титула била освоена без ниту еден претрпен пораз или нерешен резултат, освојувајќи ги сите можни 60 бодови и со гол разлика од 781:389.[6][7][8] Најубедливата победа во сезоната, ракометарките на „Вардар“ ја оствариле на 19 мај 2015 година, победувајќи го ЖРК „Пелистер 2012“ со 52-10.[9]
Во сезоната 2015/2016, „Вардар“ ги продолжил успешните настапи и по четврти пат во низа станал шампион на Македонија, а истата година го освоил и Купот на Македонија, со што третпат едноподруго ја освоил двојната круна.[10]
Во сезоната 2016/207, „Вардар“ ја освоил петтата шампионска титула во низа и четвртата двојна круна. Притоа, во финалето на разигрувањето, екипата на „Вардар“ била убедливо подобра од „Вардар СЦЈС“, победувајќи со резултат 54:24 (24:11).[11]
Меѓународни настапи
уредиЖРК "Вардар" настапувал на меѓународната сцена во повеќе наврати, и тоа:[1]
- 1994/95 Куп на градови
- 1995/96 Куп на градови (1/16 финале)
- 1999/00 Куп на градови (1/16 финале)
- 2001/02 Челенџ Куп
- 2002/03 ЕХФ Куп
- 2003/04 ЕХФ Куп
- 2008/09 Челенџ Куп
- 2009/10 Куп на победници на купови
- 2011/12 ЕХФ Куп
Лига на шампионите
уреди2013-2014
уредиВо сезоната 2013-2014, „Вардар“ го постигнал најголемиот успех на меѓународната сцена, изборувајќи учество во Лигата на шампионите. Најпрвин, клубот играл во групата „Д“, каде остварил пет победи и еднаш одиграл нерешено . Оттука, клубот се пласирал на второто место и изборил учество во натамошните натрпевари, а потоа и на финалниот турнир на Лигата на шампионите, одржан во Будимпешта. Таму, на 3 мај 2014 година, ЖРК „Вардар СЦБТ“ играл со црногорскиот шампион „Будуќност“ при што, во регуларниот дел натпреварот завршил нерешено 16:16 (6:11), но по двете одиграни продолженија, ЖРК „Вардар СЦБТ“ загубил со 20:22. Утредента, во борбата за третото место, ЖРК „Вардар СЦБТ“ го победил тимот на „Митланд“ со 34:31 (14:12).[12][13][14]
2014-2015
уредиВо сезоната 2014-2015, ЖРК „Вардар“ играл во групата „Б“ од групната фаза на Лигата на шампионите. Во првото коло, одиграно во Подгорица, тимот на ЖРК „Вардар“ изгубил од црногорскиот шампион ЖРК „Будуќност Подгорица“ со 17:23 (9:12).[15] Во второто коло, одиграно на 26 октомври 2014 година во Скопје, „Вардар СЦБТ“ го победил тимот на „Турингер“ со 26:21 (12:10). Притоа, во тимот на „Вардар“ се истакнале голманот Ина Суслина, која имала дури 29 одбрани и најдобриот стрелец, Андреа Пенезиќ, која постигнала осум гола, поради што од страна на ЕХФ била прогласена како една од трите ѕвезди на колото.[16][17] Во третото коло, ЖРК „Вардар“ му гостувал на тимот на „Подравка“ од Копривница, каде остварил тесна победа од 27:26 (11:13). Најефикасни во тимот на „Вардар“ биле Андреа Лекиќ и Андреа Пенезиќ, со постигнати седум и шест гола, соодветно.[18][19] Во четвртото коло, одиграно на 9 ноември 2014 година, „Вардар“ играл на домашен терен против „Подравка“ при што остварил убедлива победа од 35:25 (15:10), со што го обезбедил пласманот во натамошната фаза од Лигата на шампионите. Најефикасна ракометарка во тимот на „Вардар“ била Јованка Радичевиќ, со постигнати пет гола.[20] Во петтото коло, одиграно на 16 ноември 2014 година во Скопје, ЖРК „Вардар“ одиграл нерешено со „Будуќност“ 24:24 (9:11), додека во шестото коло, одиграно на 22 ноември 2014 година, на гостувањето против „Турингер“, „Вардар“ изгубил со 20:21 (12:10).[21]
На тој начин, ЖРК „Вардар“ се пласирал во втората фаза од лигата, каде играл во втората група, заедно со екипите на „Будуќност“, „Динамо Синара“, „Лајпциг“, „Крим“ и „Турингер“. Притоа, врз основа на резултатите од првата фаза, ЖРК „Вардар“ пренесол три бода во втората фаза.[22] Притоа, во првото коло, ЖРК „Вардар“ загубил на гостувањето во Лајпциг со 23-26.[23] Меѓутоа, во второто коло, одиграно на домашен терен, тимот на „Вардар“ убедливо го поразил тимот на „Крим“ со 41-30 (21-12). Најефиксни во тимот на „Вардар“ била Јованка Радичевиќ со постигнати оум гола, додека Лејно имала дури 21 одбрана.[24] Како резултат на добрата игра, Радичевиќ била избрана меѓу „трите ѕвезди“ на колото, додека Лејно ја имала најдобрата одбрана на колото.[25] Во третото коло, одиграно на 15 февруари 2015 година, ЖРК „Вардар“ изгубил на гостувањето кај „Динамо Синара“ со 25-33 (12-15).[26] Во следното коло, на домашен терен, „Вардар“ бил подобар од тимот на „Лајпциг“, совладувајќи го со 26-21 (10-9). Најдобри во тимот на „Вардар“ биле голманот Суслина со 16 одбрани, Ања Алтхаус со постигнати шест гола, како и Ихнева и Јулија Николиќ кои постигнале по пет гола.[27] Потоа, на 6 март 2015 година, „Вардар“ убедливо победил на гостувањето против „Крим Меркатор“ со 47-29.[28] Во последното коло од втората фаза, на 14 март 2015 година, во Скопје, „Вардар“ го победил тимот на „Динамо Синара“ со 28-27. Така, на крајот, со вкупно 11 освоени бодови, ЖРК „Вардар“ завршил на третото место во групата, со учинок од пет победи, еден нерешен резултат и четири порази, со гол-разлика од 277:254.[29]
На 4 април 2015 година, во борбата за учество на завршниот турнир на најдобрите четири тимови, на домашен терен, „Вардар“ го совладал актуелниот европски шампион „Ѓер“ со 24-18. Во натпреварот особено се истакнале голманите на „Вардар“, Ина Суслина, која со своите 13 одбрани била прогласена за една од трите „ѕвезди“ на првото четвртфинално коло и Амандин Лејно, чија двојна одбрана при пеналот била прогласена за најдобра одбрана на колото. Исто така, и една од одбраните на Суслина влегла меѓу петте најдобри одбрани на колото (на четвртото место).[30] Најпосле, голот на Јованка Радичевиќ, постигнат со „цепелин“ бил рангиран на третото место во изборот на петте најубави голови на колото.[31] На 11 април, на гостински терен, ракометарките на „Вардар“ одиграле нерешено 27-27 и на тој начин, по вторпат по ред, избориле пласман меѓу четирите најдобри тимови во Европа.[32] Најефикасна ракометарка во редовите на „Вардар“ била Андреа Пенезиќ, која со постигнатите осум гола се нашла меѓу трите ѕвезди на колото, според изборот на „ЕХФ ТВ“. Исто така, голот на Маја Сокач влегол меѓу петте најубави голови на колото, а и голманот Лејно повторно се нашла на списокот на петте најдобри одбрани.[33]
На тој начин, „Вардар“ вторпат последователно изборил учество на финалниот турнир на Лигата на шампионите, каде во полуфиналето, одиграно на 9 мај 2015 година, претрпел убедлив пораз од црногорскиот тим „Будуќност“ од 17-27 (9-14). Утредента, во борбата за третото место, „Вардар“ го победил тимот на „Динамо“ со 28-26, со што го повторил успехот од претходната година. Најдобар стрелец на натпреварот била Пенезиќ, со постигнати девет голови.[34][35] На крајот од сезоната, Пенезиќ го добила признанието за најдобар стрелец во Лигата на шампионите, со постигнати 102 гола. Дополнително признание на добрата игра на „Вардар“ во Лигата на шампионите претставува изборот на Сираба Дембеле во идеалниот тим на сезоната.[36][37]
2015-2016
уредиВо сезоната 2015-2016, „Вардар“ играл во групата „Ц“, заедно со екипите на „Ѓер“, „Митјиланд“ и „Хипо“. Во првото коло, во Скопје, „Вардар“ загубил од „Ѓер“ со 22:27 (10:13).[38] Сепак, веќе во второто коло, одиграно на 24 октомври, „Вардар покажал убедлива игра на гостувањето кај „Хипо“, победувајќи со 38:25.[39] Во третото коло, одиграно на 1 ноември 2015 година, на домашен терен, „Вардар“ ја победил екипата на „Митјиланд“ со резултат 33:24 (16:8), а најефикасни во редовите на „Вардар“ била Пенезиќ со 10 постигнати гола.[40] На 8 ноември, овојпат на гостински терен, „Вардар“ повторно победил со резултат 25:15 (12:11), а најефикасна била Андреа Лекиќ која постигнала осум гола.[41] На 14 ноември, „Вардар“ ѝ гостувал на екипата на „Ѓер“ и претрпел пораз од 27:28 (17:14). Најефикасни во редовите на „Вардар“ биле Радичевиќ, Дембеле и Хмирова, со постигнати четири голови.[42] Најпосле, во шестото коло, одиграно на 21 ноември во Скопје, екипата на „Вардар“ била убедливо подобра од „Хипо“, победувајќи со резултат 37:25 (15:14). Притоа, Лејно остварила 16 одбрани, а најдобри стрелци за „Вардар“ биле Лекиќ и Пенезиќ, со постигнати девет и шест голови, соодветно. На тој начин, во групната фаза екипата на „Вардар“ остварила четири победи и два пораза, освојувајќи осум бодови, со гол разлика 182:144.[43][44]
По завршувањето на групната фаза, „Вардар“ се пласирал во главната фаза, каде се сретнал со екипите од групата „Д“, и тоа: „Будуќност“, „Савехоф“ и „ЦСМ Букурешт“. Притоа, од групната фаза „Вардар“ пренесол четири бода во главната фаза.[45] На 9 јануари 2016 година, во рамките на првото коло, „Вардар“ ја победил екипата на „ЦСМ Букурешт“ со 22:21.[46] Потоа, на 17 јануари, во второто коло, „Вардар“ ѝ гостувал на екипата на „Будуќност“ при што претрпел висок пораз од 19:31 (8:16). Најефикасни во екипата на „Вардар“ биле Маја Сокач, со постигнати пет гола, и Андреа Кликовац, која постигнала четири гола,[47] а една одбрана на Суслина била прогласена за втора најдобра одбрана во второто коло.[48] На 6 февруари 2016 година, „Вардар“ ја пречекал екипата на „Савехоф“ и остварил победа од 37:25 (19:10). Најефикасни во редовите на „Вардар“ биле Пенезик и Лекиќ, кои постигнале по шест гола,[49] а еден гол на Пенезиќ бил избран за петти најубав гол на колото.[50] Подоцна, на 16 февруари, „Вардар“ ѝ гостувал на екипата „ЦСМ Букурешт“, остварувајќи победа од 30:25 (17:11). Најефикасни во редовите на „Вардар“ биле Лекиќ и Пенезиќ, со постигнати девет и седум гола, соодветно. По овој натпревар, „Вардар“ се наоѓал на третото место во својата група, со 10 бодови.[51][52] Во петото коло, на 21 февруари, „Вардар“ бил домаќин на екипата на „Будуќност“ при што остварил победа од 26:24 (11:11) и тоа било прва победа на „Вардар“ во натпреварите против црногорската екипа. Најзаслужна за победата на „Вардар“ била Лејно, која имала 19 одбрани (од кои една била прогласена за втора најубава одбрана на колото) поради што ЕХФ ја прогласила за една од трите ѕвезди на колото. Најефикасна во редовите на „Вардар“ била Лазовиќ, со постигнати шест гола.[53][54] Во последното коло од оваа фаза, на гостински терен, екипата на „Вардар“ била подобра од „Савехоф“, остварувајќи победа од 29:26 (14:14). Притоа, Суслина имала 11 одбрани, а најефикасна била Маја Сокач, со постигнати седум гола. Поради добрата игра, Сокач била прогласена како една од трите ѕвезди на колото.[55][56]
Со тоа, екипата на „Вардар“ завршила како третопласирана во групата, со 14 бодови (седум победи и три порази) и со гол разлика од 270:246. Во четврфиналето на Лигата на шампионите, „Вардар“ ја пречекал екипата на „Ларвик“. Првиот натпревар се одиграл во Скопје на 2 април, а „Вардар“ остварил убедлива победа со резултат 34:20 (16:9).[57] Во вториот натпревар, одигран на 10 април, „Вардар“ загубил со резултат 26:28 (13:11), но и покрај тоа обезбедил учество во финалниот турнир на Лигата на шампионите. Најефикасна ракометарка во редовите на „Вардар“ била Јованка Радичевиќ, со постигнати седум голови, додека Лејно имала дури 17 одбрани.[58] Во полуфиналето, одиграно на 7 мај, „Вардар“ загубил од екипата на „ЧСМ Букурешт“ со резултат 21:27 (9:14) и така, третпат по ред, не успеал да влезе во финалето на Лигата на шампионите. Најефикасна во редовите на „Вардар“ била Лекиќ, која постигнала шест гола.[59] Утредента, во борбата за третото место, „Вардар“ го победил „Будуќност“ со резултат 30:28 (14:16), со што го повторил успехот од претходната година. Најголем придонес во победата имале Лејно со нејзините 14 одбрани, како и Пенезиќ и Радичевиќ кои постигнале по седум и шест гола, соодветно.[60]
2016-2017
уредиВо сезоната 2016-2017, „Вардар“ играл во групата „Б“, заедно со екипите на „ФТЦ“, „Лајпциг“ и „Астраханочка“. Во првото коло, одиграно на домашен терен на 14 октомври 2016 година, „Вардар“ одиграл нерешено (27:27) со екипата на „ФТЦ“ од Будимпешта, по што била отпуштена Индира Кастратовиќ, а на нејзиното место со екипата раководел привремен тренерски тим. Потоа, на 21 октомври, „Вардар“ ја пречекал екипата на „Лајпциг“, остварувајќи убедлива победа од 41:24 (19:14). Најефикасна ракометарка била Јованка Радичевиќ, со шест постигнати гола, додека голманките Лејно и Песоа имале по 11 и 10 одбрани, соодветно.[61] Во третото коло, одиграно на 29 октомври, „Вардар“ победил на гостувањето кај екипата на „Астраханочка“ со резултат 31:26 (14:13), во натпревар во кој Пенезиќ дала дури 10 гола.[62] На 5 ноември, „Вардар“ ја пречекал екипата на „Астраханочка“ на домашен терен, остварувајќи висока победа од 39:25 (18:13), а најефикасна била Јованка Радичевиќ со постигнати девет гола.[63] Во петтото коло, на гостински терен, „Вардар“ ја победил екипата на „ФТЦ“ со резултат 37:24 (11:12), а најефикасни биле Лекиќ и Радичевиќ, со постигнати седум и шест гола, соодветно. Исто така, една одбрана на Лејно била прогласена за најдобра во петтото коло.[64][65] Во последното коло, на 19 ноември, „Вардар“ извојувал убедлива победа на гостински терен против екипата на „Лајпциг“ со резултат 45:22 (22:9) при што најефикасна ракометарка била Лакрабер, со постигнати 10 гола. Со тоа, „Вардар“ ја завршил групната фаза на првото место, пренесувајќи седум бодови во следната групна фаза.[66] На овој натпревар, „Вардар“ поставил неколку клупски рекорди, како: 34. победа во Лигата на шампионите, највисока победа во Лигата на шампионите и пет последователни победи во Лигата на шампионите (израмнет претходниот рекорд). Исто така, „Вардар“ влегол и во историјата на Лигата на шампионите со неколку рекорди: втората највисока победа во историјата на лигата, највисока победа на гости и втор натпревар со вкупно најмногу постигнати голови.[67]
Во главната фаза од Лигата на шампионите, „Вардар“ играл во Групата 1. Притоа, во првото коло, „Вардар“ победил на гостувањето кај „Будуќност“, со резултат 31:28 (16:16).[68] Андреа Пенезиќ, која постигнала осум гола, била прогласена за најдобра ракометарка во првото коло на Лигата на шампионите.[69] Со оваа победа, „Вардар“ постигнал клупски рекорд - шест последователни победи во Лигата на шампионите.[70] Во второто коло, одиграно во Скопје на 4 февруари 2017 година, „Вардар“ ја пречекал екипата на „Мец“, остварувајќи победа од 23:21 (13:11). На тој начин, тие оствариле низа од девет натпревари без пораз, израмнувајќи го рекордот од сезоната 2013/2014, а повторно поставиле нов рекорд во својата историја - седум победи по ред во Лигата на шампионите.[71] Во третото коло, одиграно на 12 февруари 2017 година, „Вардар“ ја победил екипата на „Турингер“ со резултат 31:29 (18:13), постигнувајќи нов клупски рекорд - осум последователни победи и десет последоватлени натпревари без пораз во Лигата на шампионите.[72] Најефикасни во редовите на „Вардар“ биле Пенезиќ и Лекиќ, кои постигнале по девет и осум гола, соодветно.[73] Оттука, Пенезиќ била прогласена за една од трите „ѕвезди“ на третото коло од главната фаза на Лигата на шампионите, а еден од нејзините голови влегол во изборот на петте најубави голови на колото.[74] Победничата серија на „Вардар“ завршила во четвртото коло (одиграно на 26 февруари), со поразот од „Будуќност“ на домашен терен, со резултат 28:31 (16:17).[75] Притоа, една одбрана на Амандин Лејно била прогласена за најдобра одбрана на колото.[76] Во петтото коло, „Вардар“ претпрел тежок пораз од француската екипа „Мец“, со резултат 28:42 (16:19) и така за првпат паднал на второт коло во својата група.[77] По поразот, тренерот Давид Дејвис, на негово барање, се вратил во машката екипа на „Вардар“, а неговото место го зазела Ирина Дибирова.[78] Во последното коло, одиграно на 11 март 2017 година во Скопје, „Вардар“ ја победил екипата на „Турингер“, со резултат 36:26 (19:12), со што за првпат завршиле како првопласирани во групната фаза од Лигата на шампионите и повторно избориле учество во четврт-финалето. Најефикасна во редовите на „Вардар“ била Радичевиќ, со постигнати девет гола.[79] На тој начин, екипата на „Вардар“ ја завршила групната фаза со седум победи, еден нерешен резултат и два пораза, со освоени 15 бодови и со гол-разлика 311:279.[80]
Во првиот натпревар од четврт-финалето, одигран на 9 април 2017 година, ракометарките на „Вардар“ ја победиле данската екипа „Митјиланд“, со резултат 28:26 (18:12), а најефикасна ракометарка била Пенезиќ, со постигнати седум гола.[81] Исто така, голем придонес во победата имала и Амандин Лејно при што една нејзина одбрана била прогласена за најдобра во првите четврт-финални средби.[82] Во вториот натпревар од четврт-финалето, одигран на 15 април 2017 година, ракометарките на „Вардар“ повторно оствариле победа, овојпат со резултат 26:24 (11:12), со што по чевтрти пат се пласирале на финалниот турнир.[83] Најдобра во редовите на „Вардар“ била Андреа Човиќ, со постигнати шест гола, поради што била прогласена за една од трите ѕвезди на колото.[84]
На финалниот турнир во Будимпешта, во полуфиналето, одиграно на 6 мај 2017 година, „Вардар“ се сретнал со „ЧСМ Букурешт“ и остварил победа од 38:33 (21:13) и така, во својот четврти обид, се пласирал во финалето.[85] Сепак, утредента, „Вардар“ загубил од екипата на „Ѓер“ со резултат 30:31 (12:15), откако во регуларниот дел напреварот завршил нерешено, 26:26. На тој начин, во својот четврти настап на завршниот турнир, „Вардар“ првпат станал вице-шампион на Европа.[86]
2017-2018
уредиВо оваа сезона „Вардар“ играл во групата „Ц“, заедно со екипите на ФТЦ Реил Карго, Ларвик и Турингер. Во првото коло, одиграно на домашен терен на 6 октомври 2017 година, „Вардар“ ја победил екипата на „ФТЦ Реил Карго“ со резултат 34:31 (20:11), а најефикасни во редовите на „Вардар“ биле Андреа Лекиќ и Драгана Цвијиќ, кои постигнале по седум гола.[87] Во второто коло, „Вардар“ ја победил екипата на „Турингер“ на гости, со резултат 29:21 (19:11), а најефикасна во редовите на „Вардар“ била Радичевиќ, која постигнала седум гола.[88] Во третото коло, „Вардар“ ја продолжил успешната низа со победата на гостувањето кај „Ларвик“, со резултат 31:19 (16:9), а најефикасни во редовите на „Вардар“ биле Пенезиќ и Сара Ристовска, кои постигнале по шест гола.[89] Одлична игра прикажала и Суслина, која имала вкупно 17 одбрани, од кои два пенала, при што една од нив била избрана меѓу петте најдобри одбрани на колото, а таа пак била прогласена за една од трите ѕвезди на колото.[90] Во четврото коло, на 4 ноември 2017 година, „Вардар“ ја пречекал екипата на „Ларвик“ при што извојувал победа од 30:27, а најдобра ракометарка била Лејно, која имала дури 20 одбрани.[91] Во следното коло, на гостински терен, „Вардар“ ја победил екипата на „ФТЦ Реил Карго“, со резултат 29:28 (16:12), а најефикасна ракометарка била Пенезиќ, со постигнати девет гола.[92] Во шестото коло, „Вардар“ остварил убедлива победа над „Турингер“ со резултат 29:21 (12:12), со што ја завршил групната фаза од Лигата на шампионите со максимален број бодови.[93] Најдобар стрелец во редовите на „Вардар“ била Лакрабер, со постигнати шест гола, а еден гол на Цвијиќ бил прогласен за најубав гол на колото.[94]
Во главната фаза од Лигата на шампионите, „Вардар“ играл заедно со екипите на Будуќност, Мец и ББМ Битигхајм. Во првиот натпревар, одигран на 27 јануари 2018 година на домашен терен, „Вардар“ ја победил екипата на „Мец“ со резултат 29:23 (15:9), а најефикасна ракометарка била Цвииќ, која постигнала седум гола.[95] Потоа, на 4 февруари, „Вардар“ остварил убедлива победа на гостински терен против „ББМ Битигхајм“, со резултат 38:26 (16:14).[96] Во следното коло, одиграно на 10 февруари, „Вардар“ ја победил екипата на „Будуќност“, со резултат 31:24 (19:8) при што Лејно имала 15 одбрани, а најефиксна била Пенезиќ, со осум постигнати гола.[97] Како потврда на добрата игра, Пенезиќ била избрана за една од трите ѕвезди на колото, додека една одбрана на Лејно влегла во изборот на петте најдобри одбрани.[98] На 25 февруари 2018 година, „Вардар“ бил поразен на гостински терен од екипата на „Мец“, со резултат 22:24 (10:10), со што ја прекинале серијата од девет натпревари без пораз.[99] Во претпоследното коло, одиграно на 2 март 2018 година, на домашен терен „Вардар“ ја победил екипата на „Битигхајм“ со резултат 30:22 (13:8), а најефикасна ракометарка била Лекиќ, која постигнала осум гола.[100] Најпосле, на 10 март, на гостински терен, „Вардар“ ја победил екипата на „Будуќност“ со резултат 30:25, а најефикасна ракометарка била Пенезиќ, која постигнала 10 гола. Оттука, таа била избрана за една од трите ѕвезди на колото, еден гол на Лакрабер влегол во изборот на петте најубави голови, додека една одбрана на Суслина била избрана меѓу петте најдобри одбрани.[101]
На тој начин, „Врадар“ се пласирал во четврфиналето како првопласирана екипа во својата група, со 11 победи во 12 одиграни натпревари. Во текот на сезоната, „Вардар“ постигнал неколку клупски рекорди: најдолга победничка серија (9 победи по ред), најмногу освоени бодови по главната фаза (18) и најдобра гол-разлика (56). Покрај тоа, „Вардар“ ја завршил главната фаза од Лигата на шампионите како екипа со најдобар напад (постигнати 301 гол), со најдобра гол-разлика (56), најмногу победи (9), најмалку порази (1), најмногу постигнати голови по натпревар (просек од 30,1) и најмногу освоени бодови (18). По завршувањето на групната фаза од Лигата на шампионите, „Вардар“ стигнал до својата 52. победа во ова натпреварување (од 74 одиграни натпревари) при што освоил 110 бодови (со успешност над 70%). Со овие резултати, „Вардар“ влегол во десетте најуспешни екипи во историјата на Лигата на шампионите.[102] Притоа, Драгана Цвииќ била избрана за најдобар пикер во Лигата на шампионите за сезоната 2017-2018.[103][104]
Во четврфиналето, „Вардар“ играл против екипата на „Митјиланд“ при што во првиот натпревар, одигран на 6 април, остварил победа од 24:23. И во вториот натпревар, одигран на 14 април 2018 година, „Вардар“ забележал победа од 32:25 (17:12) и така по петти пат во низа се пласирал на завршниот турнир, нешто што не го остварила ниту една екипа во историјата на ова натпреварување.[105] На 12 мај, во полуфиналниот натпревар, „Вардар“ ја победил екипата на „Ростов“ со резултат 25:19 (10:7) и така се пласирале во финалето, каде се сретнале со екипата на „Ѓер“.[106] Во финалето, исто како претходната година, натпреварот завршил нерешено 20:20 (9:9), но по одиграните две продолженија, „Вардар“ загубил со резултат 26:27.[107] Притоа, голманката Амандин Лејно била прогласена за најкорисна ракометарка на финалниот турнир.[104] По завршувањето на сезоната, сите ракометарки го напуштиле клубот, кој не се натпреварувал во следната сезона од Лигата на шампионите.
Регионална лига
уредиВо сезоната 2013/2014, ЖРК „Вардар СЦБТ“ настапувал и во женската регионална лига, каде на одиграните 11 натпревари, остварил 6 победи и четири порази, а еднаш одиграл нерешено.[14]
Во сезоната 2017/2018, „Вардар“ настапувал во регионалната лига ВРХЛ, заедно со екипите на „Крим“ и „Будуќност“. Притоа, на 13 септември 2017 година, на гостински терен, „Вардар“ бил подобар од „Будуќност“ со резултат 24:22, а утредента го победил „РК Крим Меркатор“ со резултат 30:27. Потоа, на 27 октомври, „Вардар“ повторно ја победил екипата на „РК Крим Меркатор“, овојпат со резултат 32:29, додека утредента го совладал „Будуќност“ со 21:20. На 19 јануари 2018 година, „Вардар“ уште еднаш бил подобар од „Будуќност“ (31:24), а на 21 јануари ја победил екипата на „РК Крим Меркатор“ со 25:24.[108]
Настапи на меѓународни турнири
уредиНа крајот од август и почетокот на септември 2015 година, по повод првиот роденден на спортската сала „Јане Сандански“, во Скопје бил организиран меѓународен ракометен турнир. Победник на турнирот била екипата на „Вардар“, која во финалето била подобра од екипата на „Ростов“ со резултат 29-24 (14-14). За победата на турнирот, „Вардар“ ја добил паричната награда во износ од 5.000 евра.[109]
Состав
уреди
|
|
Стручен штаб
уреди- Сопственик: Сергеј Самсоненко
- Претседател: Гордана Нацева
- Извршен директор: Давор Стојаноски
- Оперативен менаџер: Ана Стојков
- Спортски директор: Едуард Кошкаров
- Главен тренер: Ирина Дибирова
- Помошник тренер: Роберто Гарсија Парондо
- Кондиционален тренер: Марија Лојаница
- Физиотерапевти: Рубинчо Србиновски и Бојана Божиновска
Поранешни играчи
уредиПоранешни ракометарки на „Вардар“ биле:[112]
- Ања Алтхаус
- Ивана Гакидова
- Сања Дамњановиќ
- Сираба Дембеле
- Марина Дмитровиќ
- Ана Ѓокиќ
- Итана Грбиќ
- Маја Сокач
- Дијана Илина
- Екатерина Костјукова
- Марија Лојпур
- Тамара Мавсар
- Јулија Николиќ
- Мајса Песоа
- Драгана Пецевска
- Алисон Пино
- Нигина Саидова
- Бегоња Фернандес
- Камила Херем
- Биљана Црвенковска
- Олга Черноиваненко
- Марија Штериова
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „ЖРК Вардар СЦБТ - официјално мрежно место (пос. 28.5.2014)“. Архивирано од изворникот на 2014-05-31. Посетено на 2014-05-28.
- ↑ ЖРК Вардар СЦБТ - официјално мрежно место (посетена на 28.5.2014)
- ↑ „Трет куп трофеј за Вардар“ (пристапено на 19.5.2015)
- ↑ „Вардарки лесно против „помладите“ за пласман во финалето на Купот“ (пристапено на 19.5.2015)
- ↑ ЖРК Вардар - официјално мрежно место (пристапено на 19.5.2015)
- ↑ „Вардарки ги примија одличјата за третата титула“, Дневник, година XIX, број 5772, петок, 22 мај 2015, стр. 26.
- ↑ „Вардарки го кренаа пехарот, повторно сме шампиони!“, ЖРК Вардар - официјално мрежно место (пристапено на 26.5.2015)
- ↑ ЖРК Вардар - официјално мрежно место (пристапено на 6.6.2015)
- ↑ „Вардарки ја остварија најубедливата победа оваа сезона“, ЖРК Вардар - официјално мрежно место (пристапено на 26.5.2015)
- ↑ „ЖРК Вардар - официјално мрежно место, „За клубот" (пристапено на 7.5.2017)“. Архивирано од изворникот на 2017-03-21. Посетено на 2017-05-07.
- ↑ „Петта титула и четврта двојна круна за Вардар“, ЖРК Вардар - официјално мрежно место (пристапено на 30.5.2017)[мртва врска]
- ↑ „Вардарки во Будимпешта отидоа по изненадување“, Дневник, година XVIII, број 5454, петок, 2 мај 2014, стр. 24.
- ↑ „ЖРК Вардар СЦБТ - официјално мрежно место (посетена на 8.5.2014)“. Архивирано од изворникот на 2014-05-19. Посетено на 2014-05-08.
- ↑ 14,0 14,1 „ЖРК Вардар СЦБТ - официјално мрежно место (посетена на 29.5.2014)“. Архивирано од изворникот на 2014-05-31. Посетено на 2014-05-29.
- ↑ „Кастратовиќ: Ова е само прв меч и има уште многу да се игра“, Дневник, година XVIII, број 5597, вторник, 21 октомври 2014, стр. 24.
- ↑ „Пенезиќ меѓу трите ракометарки-ѕвезди на колото во ЛШ“, Дневник, година XVIII, број 5602, вторник, 28 октомври 2014, стр. 24.
- ↑ „Суслина бранеше сè, Вардар стаса до планираните два бода“, Дневник, година XVIII, број 5601, понеделник, 27 октомври 2014, стр. 22.
- ↑ „Пенезиќ: Вардар помина, но грешките треба да се поправат“, Дневник, година XVIII, број 5607, вторник, 4 ноември 2014, стр. 23.
- ↑ „Официјално мрежно место на ЖРК „Вардар" (пристапено на 5.11.2014)“. Архивирано од изворникот на 2014-11-19. Посетено на 2014-11-04.
- ↑ „Вардарки со Подравка се загреваа за Будуќност“, Дневник, година XVIII, број 5614, вторник, 11 ноември 2014, стр. 22.
- ↑ „ЖРК Вардар - официјално мрежно место (посетена на 28.11.2014)“. Архивирано од изворникот на 2014-05-31. Посетено на 2014-05-29.
- ↑ „Лајпциг е првиот предизвик за Вардар“, Дневник, година XIX, број 5679, петок, 30 јануари 2015, стр. 22.
- ↑ „Кастратовиќ: Не бараме алиби, му се посветуваме на Крим“, Дневник, година XIX, број 5685, петок, 6 февруари 2015, стр. 22-23.
- ↑ „Кастратовиќ: Одигравме најдобар меч откако сум тренер на екипата“, Дневник, година XIX, број 5687, понеделник, 9 февруари 2015, стр. 23.
- ↑ „Радичевиќ меѓу „трите ѕвезди“, Лејно со најатрактивна одбрана“, Дневник, година XIX, број 5688, вторник, 10 февруари 2015, стр. 23.
- ↑ „ЖРК Вардар - официјално мрежно место (пристапено на 25.2.2015)“. Архивирано од изворникот на 2014-11-19. Посетено на 2014-11-04.
- ↑ „Вардарки му вратија на Лајпциг со камата“, Утрински весник, година XVI, број 4723, понеделник, 2 март 2015, стр. 19.
- ↑ ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место (посетена на 12.3.2015)
- ↑ ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место(посетена на 31.3.2015)
- ↑ ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место (посетена на 7.4.2015)
- ↑ „Лејно со најдобра одбрана, Суслина и Радичевиќ во топ-5“, Дневник, година XIX, број 5736, вторник, 7 април 2015, број, стр. 23.
- ↑ ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место (посетена на 15.4.2015)
- ↑ ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место, „Пенезиќ повторно меѓу ѕвездите на колото од ЛШ“ (посетена на 15.4.2015)
- ↑ ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место, „Вардарки по вторпат на пиедесталот на Ф4“ (посетена на 13.5.2015)
- ↑ ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место(посетена на 13.5.2015)
- ↑ ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место „Дембеле е избрана во тимот на сезоната во Лигата на шампионите“(посетена на 13.5.2015)
- ↑ ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место „Пенезиќ е најдобар стрелец во ЛШ сезонава“(посетена на 13.5.2015)
- ↑ ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место, „Првиот меч од ЛШ му припадна на Ѓер“ (посетена на 18.10.2015)
- ↑ ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место, (посетена на 3.11.2015)
- ↑ ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место, „Вардарки му ја покажаа на Митјиланд својата сила“ (посетена на 3.11.2015)
- ↑ ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место, „Вардар одново го демолираше Митјиланд“ (посетена на 14.11.2015)
- ↑ ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место, „Вардарки немаа среќа, Ѓер уште еднаш подобар“ (посетена на 14.11.2015)
- ↑ ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место (посетена на 23.11.2015)
- ↑ ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место, „Хипо згазен за 14 минути“ (посетена на 23.11.2015)
- ↑ ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место, „Познат распоредот на играње во Главната фаза на ЛШ“ (посетена на 23.11.2015)
- ↑ ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место (посетена на 16.1.2016)
- ↑ ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место, „Будуќност подобар од Вардар во Подгорица“ (посетена на 22.1.2016)
- ↑ ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место, „Суслина со втора најдобра одбрана во ова коло во ЛШ“ (посетена на 22.1.2016)
- ↑ ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место, „Вардар повторно победнички во Лигата на шампионите“ (посетена на 9.2.2016)
- ↑ ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место, „Андреа Пенезиќ доби место во Топ-5 гола на колото“ (посетена на 9.2.2016)
- ↑ „Вардар ги сака бодовите и од двобојот со Будуќност“, Дневник, година XX, број 5992, четврток, 18 февруари 2016, стр. 22-23.
- ↑ ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место, „Вардарки блескаа во Букурешт за да дојдат до важна победа“ (посетена на 18.2.2016)
- ↑ ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место, „Лејно е една од „Трите ѕвезди“ со втора најубава одбрана ова коло во ЛШ“ (посетена на 24.2.2016)
- ↑ ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место, „Европскиот првак на колена пред Вардар“ (посетена на 8.3.2016)
- ↑ ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место, „Маја Сокач е една од „Трите ѕвезди“ на колото во ЛШ“ (посетена на 8.3.2016)
- ↑ ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место, „Вардарки ја завршија групната фаза со победа над Савехоф“ (посетена на 8.3.2016)
- ↑ ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место, „Вардар - Ларвик (четврт-финале во ЛШ, 02.04.2016)“ (посетена на 10.4.2016)
- ↑ ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место, „Вардар оди на фајналфор во Лигата на шампионите“ (посетена на 10.4.2016)
- ↑ ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место, „По третпат Вардар ќе игра за бронза на Ф4“ (посетена на 9.5.2016)
- ↑ ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место, „Вардар повторно со бронза се враќа од Будимпешта“ (посетена на 9.5.2016)
- ↑ ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место, „Вардар повторно игра шампионски, Лајпциг замина со полна мрежа“ (посетена на 21.10.2016)
- ↑ ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место, „Вардарки со триумфална „петка“ се враќаат од Русија“ (посетена на 1.11.2016)
- ↑ ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место, „Астраханочка доби „лекција“, а вардарки се пласираа во Главната фаза на ЛШ“ (посетена на 10.11.2016)
- ↑ ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место, „Игра за „десетка“ и победа со „тринаесетка“ во Будимпешта“ (посетена на 14.11.2016)
- ↑ ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место, „Лејно ја има најдобрата одбрана на колото“ (посетена на 14.11.2016)
- ↑ ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место, „Вардарки победнички, супериорно и рекордерски против Лајпциг“ (посетена на 19.11.2016)
- ↑ ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место, „Против Лајпциг поставени неколку клупски и рекорди на ЕХФ во ЛШ“ (посетена на 19.11.2016)
- ↑ ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место, „Будуќност - Вардар (ЛШ, 29.01.2017)“ (посетена на 4.2.2017)
- ↑ ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место, „Пенeзиќ избрана за играч на првото коло во главната фаза од ЛШ“ (посетена на 4.2.2017)
- ↑ ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место, „Нов клупски рекорд на вардарки - најмногу победи по ред во ЛШ“ (посетена на 4.2.2017)
- ↑ ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место, „Нова победа, нови бодови, нов клупски рекорд“ (посетена на 4.2.2017)
- ↑ ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место, „Вардар го завери четвртфиналето во ЛШ по драматичната завршница кај Турингер“ (посетена на 12.2.2017)
- ↑ „Вардарки трепереа за победата и против Тутингер“, Дневник, година XXI, број 6288, понеделник, 13 февруари 2017, стр. 21.
- ↑ „Пенезиќ третпат сезонава меѓу трите ѕвезди на колото во ЛШ“, Дневник, година XXI, број 6289, вторник, 14 февруари 2017, стр. 21.
- ↑ ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место, „Вардарки остануваат водачи во групата ама ја прекинаа победничката серија во ЛШ“ (посетена на 27.2.2017)
- ↑ ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место, „Лејно одлична: Ја има најдобрата одбрана на колото“ (посетена на 27.2.2017)
- ↑ ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место, „Вардарки без бодови од Франција, и првпат се на второ место во групата“ (посетена на 12.3.2017)
- ↑ ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место, „Вардарки со нов тренер“ (посетена на 12.3.2017)
- ↑ ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место, „Вардар повторно на победнички патеки, како првопласиран влегува во четврт-финалето“ (посетена на 12.3.2017)
- ↑ „ЖРК „Вардар" - официјално мрежно место, (посетена на 7.5.2017)“. Архивирано од изворникот на 2017-03-15. Посетено на 2017-04-10.
- ↑ ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место, „Вардарки со победа се враќаат од Данска и се на чекор до Ф4 во Будимпешта“ (посетена на 10.4.2017)[мртва врска]
- ↑ ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место, „Лејно е голман со „сто раце“, повторно ја има најдобрата одбрана“ (посетена на 10.4.2017)[мртва врска]
- ↑ ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место, „Вардар по четврти пат на Ф4 во Будимпешта“ (посетена на 20.4.2017)[мртва врска]
- ↑ „ЖРК „Вардар" - официјално мрежно место, „Човиќ првпат избрана меѓу ѕвездите на колото во ЛШ" (посетена на 20.4.2017)“. Архивирано од изворникот на 2017-04-19. Посетено на 2017-04-20.
- ↑ ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место, „Конечно финале!“ (посетена на 7.5.2017)[мртва врска]
- ↑ ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место, „Вардарки се враќаат со сребро од Будимпешта!“ (посетена на 7.5.2017)[мртва врска]
- ↑ ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место, „Сезоната во отворивме со триумф“ (посетена на 7.10.2017)[мртва врска]
- ↑ ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место, „Вардар игра шампионски - триумфално се враќаме од Германија“ (посетена на 15.10.2017)[мртва врска]
- ↑ ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место, „Вардарки со убедлив гостински триумф во Норвешка“ (посетена на 25.10.2017)[мртва врска]
- ↑ ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место, „Суслина меѓу трите главни ѕвезди на колото во ЛШ“ (посетена на 25.10.2017)[мртва врска]
- ↑ ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место, „Вардарки со триумф против Ларвик и теоретски во Главната фаза на ЛШ“ (посетена на 4.11.2017)[мртва врска]
- ↑ ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место, „Вардар ја освои Будимпешта и останува најдобар тим во ЛШ“ (посетена на 12.11.2017)[мртва врска]
- ↑ sportski.mk, „Вардар со максимален учинок во групната фаза: Без проблеми и против Турингер на домашен терен“ (пристапено на 26.11.2017)
- ↑ ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место, „Цвијиќ го постигна најубавиот гол на 6. коло во ЛШ“ (посетена на 26.11.2017)[мртва врска]
- ↑ ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место, „Вардар е во топ форма - Мец надигран и победен заминува од Скопје“ (посетена на 1.2.2018)[мртва врска]
- ↑ ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место, „Гостински триумф во Германија и обезбеден пласман во четврт-финалето на ЛШ“ (посетена на 13.2.2018)[мртва врска]
- ↑ ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место, „Вардарки ветија и остварија: Скопје останува неосвоива тврдина во ЛШ“ (посетена на 13.2.2018)[мртва врска]
- ↑ ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место, „Пенезиќ меѓу ѕвездите на колото - Лејно меѓу Топ-5 одбрани“ (посетена на 13.2.2018)[мртва врска]
- ↑ ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место, „Мец останува непријатен терен за вардарки“ (посетена на 25.2.2018)[мртва врска]
- ↑ ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место, „Целта е остварена: Вардар како прв од групата влегува во четврт-финалето на ЛШ“ (посетена на 2.3.2018)[мртва врска]
- ↑ ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место, „Главната фаза ја завршивме со стил - Пенезиќ, Суслина и Лакрабер во TOП изборите на ЕХФ на колото“ (посетена на 12.3.2018)[мртва врска]
- ↑ ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место, „Вардар со нов успех: Во Топ-10 најдобри екипи во ЛШ на сите времиња“ (посетена на 12.3.2018)[мртва врска]
- ↑ ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место, „Драгана Цвијиќ дел од Ол стар тимот на ЕХФ лигата на шампините“ (посетена на 12.5.2018)[мртва врска]
- ↑ 104,0 104,1 „Вардарки повторно потклекнаа пред Ѓер“, Слободен печат, година VI, 1362, вторник, 15 мај 2018, стр. 29.
- ↑ ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место, „Очекувано: Вардар по петти пат на Ф4 во Будимпешта“ (посетена на 15.4.2018)[мртва врска]
- ↑ ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место, „Реприза на лани: Вардарки против Ѓер во финалето на Ф4“ (посетена на 12.5.2018)[мртва врска]
- ↑ ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место, „Вардар по вторпат се враќа со сребро од Будимпешта“ (посетена на 13.5.2018)[мртва врска]
- ↑ „ЖРК Вардар - официјално мрежно место (посетена на 1.2.2018)“. Архивирано од изворникот на 2017-06-29. Посетено на 2018-02-01.
- ↑ „Домаќинот Вардар победи и на женскиот турнир“, Дневник, година XIX, број 5856, четврток, 3 септември 2015, стр. 22.
- ↑ „Ekipa [Team]“. ŽRK Vardar official website. Посетено на 18 October 2014.
- ↑ „ЖРК „Вардар" - Официјално мрежно место (посетена на 13.2.2018)“. Архивирано од изворникот на 2017-06-29. Посетено на 2018-02-12.
- ↑ „ДОВИДУВАЊЕ И ВИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА СЀ!“ (пристапено на 10.6.2017)[мртва врска]
Надворешни врски
уреди- Официјално мрежно место (македонски) (англиски)
- ЕХФ Профил (англиски)
- Ракометна Федерација на Македонија Архивирано на 6 август 2012 г. (македонски)