СЦ „Јане Сандански“ - Скопје

Спортски центар „Јане Сандански“ — повеќенаменски спортски центар за ракомет и кошарка, кој се наоѓа во Општина Аеродром. Спортскиот центар Јане Сандански претставува најголем повеќефункционален спортски центар во Република Македонија. Спортскиот центар се состои од голема и мала сала. Големата сала (Спортска Арена) има капацитет од 5,700 посетители и е направена според стандардите за одигрување на сите кошаркарски и ракометни натпревари.

Спортски центар
„Јане Сандански“
Надворешен изглед на салата
Место Јане Сандански, Општина Аеродром, Македонија
Започнат 2013 (нова сала)
Изграден 2013-2014 (нова сала)
Отворен 2014
Проширен 2015
Срушен 2012 (стара сала)
Сопственик РК Вардар
Цена на изградбата 15 милиони евра
Игра РК Вардар
ЖРК Вардар
КК МЗТ Аеродром
Гледачи 5,700