Марина Дмитровиќ

Српска ракометарка

Марина Дмитровиќ (родена на 23 март 1985 г. во Белград) е српска ракометарка која игра за унгарскиот клуб Кишварда и за српската репрезентација.

Марина Дмитровиќ
Лични податоци
Име и презиме Марина Дмитровиќ
Роден(а) 23 март 1985(1985-03-23)(39 г.)
Белград, СФР Југославија
Националност  Србија
Спорт Ракомет
Висина 1.82 м
Позиција Десен бек
Клупски податоци
Тековен клуб Унгарија Кишварда
Број 77
Сениорски клубови
2001–2003
2003–2004
2004–2007
2008–2010
2010–2012
2012–2014
2014–2015
2014–2015
2016–2018
2018-
Србија Раднички Белград
Србија Вождовац
Србија ХУМЕЛ Белград
Србија Врњачка Бања
Србија Јагодина
Македонија Вардар
Турција Анкара Јенимахал
Романија Плоешти
Унгарија Кишварда
Романија Корона Брашов
Репрезентација
  Србија Србија 85 (153)

Таа игра на позицијата десен бек.

Кариера

уреди

Дмитровиќ започнала да игра ракомет на 13 годишна возраст во основно училиште. Прв клуб за кој играла е РК Земун од Белград, а прв тренер ѝ бил Лазар Кордиќ. Потоа преминала во јуниорската екипа на РК Црвена Ѕвезда од Белград. Со екипата на Раднички таа победила во Купот на Србија и Црна Гора, а со РК Врњачка Бања ја освоила шампионската титула во Србија.

Во 2012, од Јагодина преминала во ЖРК Вардар, каде што двапати ја освоила титулата во македонското првенство. Во сезоната 2013–14 таа била дел од тимот на Вардар на фајнлфор турнирот од Лигата на шампионите. Во 2014 потпишала договор со турскиот вицешампион Анкара Јенимахал.[1]

Во летото 2016, Дмитровиќ потпишала за унгарскиот клуб Кишварда.[2]

Од 2005 година е во составот на сениорската репрезентација на Србија со која има настапено на четири европски првенства (ЕП 2006, ЕП 2008, ЕП 2010 и на ЕП 2012).

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди