ЖРК Ларвик
ЖРК Ларвик е женски ракометен клуб од Ларвик, Норвешка. Моментално се натпреварува во Норвешката Прва лига.
Ларвик | |||
---|---|---|---|
Целосен назив | Женски Ракометен Клуб Ларвик | ||
Основан | 31 мај 1990 | ||
Игралиште | Арена Ларвик, Ларвик | ||
Приемност | 4.500[1] | ||
Главен тренер | Тор Одвар Моен | ||
Лига | Грундиглигаен | ||
2015–2016 | 1ви | ||
Бои | |||
Клупски бои | |||
Дресови | |||
Мреж. место Матична страница |
Клубот е основан на 31 мај 1990 година. Ларвик е најуспешниот женски ракометен клуб во Норвешка со освоени 18 домашни титули и 16 национални купови. Покрај тоа, клубот исто така бил европски шампион, кога во сезоната 2010-2011 ја освоиле Лигата на шампионите со победа над шпанскиот Итчако. Ларвик е двократен освојувач и на Купот на победниците на куповите во сезоните 2004-2005 и 2007-2008.
Ларвик исто така е клубот кој дал најмногу ракометарки на норвешката женска репрезентација која со години е доминантна во Светскиот женски ракомет.
Својте домашни натпревари Ларвик ги игра во салата Арена Ларвик која собира 4,500 гледачи.
Историја
уредиЖРК Ларвик е основан на 31 мај 1990 година, со спојувањето на двата ракометни клуба Ларвик Турн и Халсен. Тие играат во Првата лига на Норвешка од сезоната 1992-1993. Во текот на првата година клубот бил блиску до испаѓање, но успеал да остане во топ дивизијата. Меѓутоа веќе во следната сезона, клубот ги направил својот пробив освојувајќи ја титулата во лигата и играле во финалето на Купот н Норвешка.
Ларвик во моментов е, од крајот на 1990-тите години, најсилниот тим на Норвешката женска ракометна сцена. Последниот пат кога загубиле лигашки натпревар на домашен терен било на 14 март 1999 година. На 14 мај 2011 година клубот го доживеал најголемиот успех во своето постоење освојувајќи ја титулата во Лигата на шампионите, за првпат.
Сала
уреди- Име: Арена Ларвик
- Град: Ларвик
- Капацитет: 4,000 седечки места
- Отворена:19 септември 2009.
- Адреса: Hoffsgt. 6, 3262 Ларвик
Титули
уреди- Норвешко првенство : 19 (рекорд)
- 1993-1994, 1996-1997, 1999-2000, 2000-2001, 2001-2002, 2002-2003, 2004-2005, 2005-2006, 2006-2007, 2007-2008, 2008-2009, 2009-2010, 2010-2011, 2011-2012, 2012-2013, 2013-2014, 2014-2015, 2015-2016, 2016-2017
- Куп на Норвешка : 17 (рекорд)
- 1995-1996, 1997-1998, 1999-2000, 2002-2003, 2004-2005, 2005-2006, 2006-2007, 2008-2009, 2009-2010, 2010-2011, 2011-2012, 2012-2013, 2013-2014, 2014-2015, 2015-2016, 2016-2017
- Лига на шампиони : 1
Шампиони (1) : 2010-2011
Вицешампиони (2) : 2012-2013, 2014-2015
Играчи
уредиМоментален состав
уреди
|
|
Играчи на Ларвик во норвешката репрезентација
уредиПо натпреварувања почнувајќи од 1992
- Олимписки игри 1992 Сребро: Кристине Дувхолт Хавнос
- Светско првенство 1993 Бронза: Кристине Дувхолт Хавнос
- Европско првенство 1994 Бронза: Кристине Дувхолт Хавнос, Тоње Ларсен, Кристине Молдестад
- Светско првенство 1995 4. место: Тоње ларсен, Кристине Молдестад
- Олимписки игри 1996 4. место: Кристине Дувхолт Хавнос, Тоње Ларсен, Кристне Молдестад
- Европско првенство 1996 Сребро: Тоње Ларсен, Моника Вик Хансен
- Светско првенство 1997 Сребро: Тоње Ларсен, Моник Вик Хансен, Анете Тветер, Лисе Кристиансен Солем
- Европско првенство 1998 Злато: Тоње Ларсен
- Светско првенство 1999 Злато: Кристине Дувхолт Хавнос, Тоње Ларсен, Биргите Сетем
- Олимписки игри 2000 Бронза: Кристине Дувхолт Хавнос, Тоње Ларсен, Биргите Сетем
- Европско првенство 2000 6. место: Кристине Дувхолт Хавнос, Биргите Сетем, Мими Коперуд Слевиген
- Светско првенство 2001 Сребро: Кристине Дувхолт Хавнос, Мими Коперуд Слевиген
- Европско првенство 2002 Сребро: Тоње Ларсен, Биргите Сетем, Мими Коперуд Слевиген, Катја Ниберг, Лина Олсон Розенберг
- Светско првенство 2003 6. место: Тоње Ларсен, Катја Ниберг, Вигдис Хорсакер, Лин-Кристин Ригелут Корен
- Европско првенство 2004 Злато: Катја Ниберг, Вигдис Хорсакер, Лин-Кристин Ригелут Корен Кари Мете Јохансен, Елизабет Хилмо
- Светско првенство 2005 9. место: Кари Мете Јохансен, Елизабет Хилмо, Каролине Дуре Бреиванг
- Европско првенство 2006 Злато: Лин-Кристин Ригелут Корен, Кари Мете Јохансен, Каролине Дуре Бреиванг
- Светско првенство 2007 Сребро: Лин-Кристин Ригелут Корен, Кари Мете Јохансен, Каролине Дуре Бреиванг
- Олимписки игри 2008 Злато: Тоње Ларсен, Лин-Кристин Ригелут Корен, Кари Мете Јохансен, Каролине Дуре Бреиванг
- Европско првенство 2008 Злато: Тоње Ларсен, Лин-Кристин Ригелут Коррен, Кари Мете Јохансен, Каролине Дуре Бреиванг, Хајди Локе, Тине Рустад Кристиансен
- Светско првенство 2009 Бронза: Тоње Ларсен, Кари Мете Јохансен, Каролине Дуре Бреиванг, Хајди Локе, Тине Штанге
- Европско првенство 2010 Злато: Тоње Ларсен, Кари Мете Јохансен, Каролине Дуре Бреиванг, Хајди Локе, Тине Штанге, Лин-Кристин Ригелут Корен, Лин Јорум Суланд, Гро Хамерсенг, Нора Морк
- Светско првенство 2011 Злато: Кари Мете Јохансен, Каролине Дуре Бреиванг, Лин-Кристин Ригелут Корен, Лин Јорум Суланд, Аманда Куртовиќ
- Олимписки игри 2012 Злато: Каролине Дуре Бреиванг, Кари Мете Јохансен, Лин Јорум Суланд, Лин-Кристин Ригелут Корен, Аманда Куртовиќ
- Европско првенство 2012 Сребро: Каролине Дуре Бреиванг, Ања Един, Лин Јорум Суланд, Лин-Кристин Ригелут Корен
- Светско првенство 2013 5. место: Каролине Дуре Бреиванг, Изабел Бланко, Ања Един, Лин Јорум Суланд, Лин-Кристин Ригелут Корен, Нора Морк
- Европско првенство 2014 Злато: Каролине Дуре Бреиванг, Нора Морк, Лин-Кристин Ригелут Корен, Сана Солберг
- Светско првенство 2015 Злато: Мари Молид, Нора Морк, Аманда Куртовиќ, Сана Солберг
- Олимписки игри 2016 Бронза: Марит Малм Фрафјорд, Лин-Кристин Ригелут Корен, Аманда Куртовиќ, Сана Солберг
- Европско првенство 2016 Злато: Марит Малм Фрафјорд, Аманда Куртовиќ, Сана Солберг
- Светско првенство 2017 Сребро: Емили Кристенсен
Тренери
уредиИме | Националност | Тренер од | Тренер до |
---|---|---|---|
Петер Бертелсен | Данска | 1 јуни 1990 | 1 јуни 1992 |
Марит Бреивик | Норвешка | 1 јуни 1992 | 1 јуни 1994 |
Гунар Петерсен | Норвешка | 1 јуни 1994 | 1 јуни 1996 |
Кристијан Халдорсон | Исланд | 1 јуни 1996 | 1 јуни 1998 |
Оле Густав Екстад | Норвешка | 1 јуни 1998 | 1 јуни 2005 |
Карл Ерик Бен | Норвешка | 1 јули 2005 | 3 јануари 2011 |
Тор Одвр Моен | Норвешка | 3 јануари 2011 | 1 јуни 2011 |
Оле Густав Екстад | Норвешка | 1 јуни 2011 | 1 јуни 2015 |
Тор Одвар Моен | Норвешка | 1 јуни 2015 | денес |
Наводи
уреди- ↑ „Technical Data“ (германски). SAP Arena official website. Архивирано од изворникот на 2013-05-31. Посетено на 17 January 2012.