ЖРК Металург

македонски ракометен клуб

Женски ракометен клуб Металург е женски ракометен клуб од Скопје, Република Македонија.

ЖРК Металург
Целосен називЖенски ракометен клуб Металург
Краток називЖРК Металург
Основан1964
ИгралиштеАвтокоманда, Скопје
Приемност2.000
ПрестедателМакедонија Томе Треновски
Главен тренерМакедонија Александар Петровски
ЛигаСупер лига
2018-20191-ви
Бои
Клупски бои         
Дресови
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Домашен
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Гостински
Мреж. место
Матична страница

Металург е еден од најуспешните клубови во Македонија. Тие се четирикратен шампион на Македонија и четирикратен освојувач на Купот на Македонија.

Историја

уреди

Клубот е основан во 1964 година под името МИК и се натпреварувал во аматерската ракометна лига на Југославија. Во сезоната 1969/70 МИК станал шампион во ракометната лига на СР Македонија. Во 1973 година клубот бил преименуван во РК Скопје. Конечно во 1975 година, РК Скопје го постигнал својот најголем успех, учевство во првата ракометна лига на Југославија. Во 1978 година РК Скопје го освоил Купот на Југославија за територија на СР Македонија.[1]

По осамостојувањето на Република Македонија од Југославија во 1991, клубот се натпреварувал во Македонската ракометна супер лига. Во сезоната 2007-2008, клубот добил силен спонзор, и под името ЖРК Металург Скопје, без пораз, изборил влез во Супер лигата. Во сезоната 2009-2010, ЖРК Металург ги освоил својте први титули во Македонската супер лига и Купот на Македонија и тоа без ниту еден пораз. Веднаш потоа клубот успеал да ги одбраните двете титули и во наредните две години.[2] Во сезоната 2011-2012, клубот го постигнал својот најдобар резултат во европските натпрварувања стигајќи до осминафиналето на Купот на победниците на куповите, каде биле сопрени од германскиот Лајпциг.[3]

Во 2013 година Металург освоил уште еден трофеј во Купот на Македонија, четврти во нивната клупска историја. Сепак, од таа сезона па скоро до крајот на декадата клубот повеќе не бил во можност да освојува титули. Главна причина за тоа била екипата на ЖРК Вардар која предводена од новиот спонзор создала силен тим и наскоро станала доминант во лигата и една од најсилните екипи во Европа.

Сепак, откако пред почетокот на сезоната 2018-2019 политиката во екипата на Вардар се променила и тие ги отпуштиле сите врвни ракометарки неизвесноста во суперлигата повторно се вратила. Во сезоната 2018-2019 по шест години пауза и доминација на Вардар, ракометарките на Металург ја вратил титулата во Автокоманда, освојувајќи ја четврта шампионска титула во клупската историја.[4] Во истата сезона клубот бил поразен во полуфиналето на купот од Куманово.[5]

Сала

уреди
 
Салата во Автокоманда.

Металург има своја сопствена сала во Автокоманда со капацитет од 2.000 седечки места, каде што тие ги играат својте домашни натпревари. Сепак, натпреварите во натпреварувањата на ЕХФ тие ги играат во Спортската сала „Борис Трајковски“, која собира преку 5.000 седечки места.

Постигнувања

уреди
Победник (4): 2009-2010, 2010-2011, 2011-2012, 2018-2019
Победник (4): 2010, 2011, 2012, 2013
  • ЕХФ Челинџ куп
Полуфиналист (1): 2009-2010

Играчи

уреди

Моментален состав

уреди
Состав за сезоната 2019-2020

Голмани
Десни крила
  • 06   Антонела Ристовска
  • 74   Мирјана Петковска
Леви крила
Пивоти
  • 17   Аида Смајловска
  • 22   Мила Алексова

Леви бекови
  • 18   Мери Арсениевска
  • 31   Јана Калајџиевска
  • 13   Теодора Гулицоска
  • 23   Тамара Темелковска
Средни бекови
  • 10   Ана Марија Божиновска
  • 71   Сара Стефановска
  • 32   Ива Божиновска
  • 07   Мила Ѓорѓиевска
Десни бекови
  • 05   Марија Гугуљанова

Стручен штаб

  •   Тренер: Александар Петровски
  •   Помошник тренер : Благоја Весиќ
  •   Физиотерапевт: Кате Андоновска
  •   Директор: Филип Христов

Познати поранешни ракометарки

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Историјат на ЖРК Металург“. RK Metalurg official website. Архивирано од изворникот на 2012-03-19. Посетено на 2012-06-03.
  2. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-05-20. Посетено на 2019-12-28.
  3. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2019-12-28. Посетено на 2019-12-28.
  4. ЖРК Металург е нов шампион на Македонија Архивирано на 25 декември 2019 г. zrk.rkmetalurg.mk конс. 22.5.2019
  5. Куманово противник на Вардар во финалето на Купот на Македонија Архивирано на 28 декември 2019 г. kurir.mk конс. 9.5.2019

Надворешни врски

уреди