Марија Лојпур
Марија Лојпур (родена 10 Август 1983 г. е српска ракометарка која моментално игра за македонскиот шампион ЖРК Вардар СЦБТ, и за српската репрезентација.
Лични податоци | ||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Име и презиме | Марија Лојпур | |||||||||||
Роден(а) |
10 август 1983 Крагујевац, Србија | |||||||||||
Националност | Србинка | |||||||||||
Спорт | Ракомет | |||||||||||
Висина | 1.81 метарs (5 ст 11 ин) | |||||||||||
Тежина | 86 kilograms (190 lb) | |||||||||||
Позиција | Пикер | |||||||||||
Клупски податоци | ||||||||||||
Тековен клуб | ЖРК Вардар | |||||||||||
Сениорски клубови | ||||||||||||
1995-2003 2003–2004 2004–2006 2006–2007 2007–2009 2009–2010 2010–2011 2011–2012 2012- |
ЖРК Раднички Београд Југопертрол Раднички РК НUMMEL Белград Аriostopallamano Casalgrande padana Аriostopallamano h.a.c.Nuoro РК Јагодина ЖРК Вардар СЦБТ | |||||||||||
Репрезентација | ||||||||||||
Србија | ||||||||||||
Освоени медали
|
Марија Лојпур е репрезентативка на Србија. Ракомет почнала да тренира на 12- годишна возраст во РК Крагујевац кај тренерот Бојан Милентијевиќ. Со екипата на Југопетрол Раднички во 2004 година го освои Купот на Србија и Црна Гора. Од 2006 година се сели во екипата на Аристопаламано во Италија и тоа е прва станица во нејзината интернационална кариера. По пет години поминати во неколку клубови во Италија, во 2011 година Лојпур се враќа во Србија, во екипата на Јагодина, а оттаму во 2012 година стана дел од екипата на ЖРК Вардар СЦБТ.
Во 2003 година настапува за јуниорската репрезентација на Србија на Светското првенство во Македонија. Од 2004 година е во составот на сениорската репрезентација на Србија со која настапи на четири европски првенства. Во 2005 година со репрезентацијата на Србија го освои сребрениот медал на Средоземните игри во Шпанија. По вокација е дипломиран економист.