Сираба Дембеле

Француска ракометарка

Сираба Дембеле (родена на 28 Јули 1986 г. во Дре, Франција) — француска ракометарка која игра на позицијата лево крило за Тулон и француската репрезентација.

Сираба Дембеле
Лични податоци
Роден(а) 28 јуни 1986(1986-06-28)(38 г.)
Дре, Франција
Националност Франција Франција
Спорт Ракомет
Висина &100000000000001720000001,72 м
Тежина 64 Кг.
Позиција лево крило
Клупски податоци
Тековен клуб Тулон Тулон
Број 17
Сениорски клубови
1996–2003
2003–2004
2004–2008
2008–2009
2009–2012
2012–2013
2013–2016
2016–2018
2018–2020
2020–
Франција Вале д’Авр
Франција Дро АК
Франција Мерињак
Франција Изи ле Мулино
Тулон Тулон
Данска Рандерс
ЖРК Вардар Вардар
Ростов-Дон Ростов-Дон
Тулон Тулон
ЧСМ Букурешт ЧСМ Букурешт
Репрезентација
2006- Франција Франција 225 (720)

Дембеле е француска репрезентативка која игра на позицијата лево крило. Четири години по ред (2008–2011) таа била прогласена за најдобро лево крило, а во 2011 година го добила признанието за најдобра ракометарка во првенството на Франција. Дембеле е родена во градот Дро во Франција каде ги направила првите ракометни чекори во 1996 година под водство на тренерот Ален Марше.

Со нејзиниот прв клуб Вале д’Авр настапувала во понизок ранг. Една сезона настапувала за екипата на Дро, а од 2004 година се преселила во прволигашот Мерињак за кој настапувала во наредните четири години. Една сезона (2008/2009) Дембеле минала во дресот на Изи ле Мулино, а потоа до 2012 година го носела дресот на Тулон со кој освоила една шампионска и две титули во Купот на Франција.

Во 2012 година од Франција се пресели во Данска, во екипата на Рандерс. По една сезона мината во Данска, Дембеле кариерата ја продолжила во Вардар. Со Вардар, таа три сезони по ред играла на фајнл-фор во ЕХФ Лигата на шампионите.

Во летото 2016, таа потпишала со рускиот клуб Ростов-Дон.[1]

За сениорската репрезентација на Франција, Сираба Дембеле дебитирала на 26 мај 2006 година на натпреварот против Турција. Со француската репрезентација има освоено два сребрени медали на СП 2009 во Кина и на СП 2011 во Бразил и бронзен медал на ЕП 2006 во Шведска. На СП 2010 во Норвешка и Данска, со Франција го освои 5.место, а истиот пласман Французинките го остварија и на ОИ 2012 во Лондон. На Летните олимписки игри 2016, таа заедно со својот репрезентација го освоила сребрениот медал.

Наводи

уреди