Вестон Мекени (роден на 28 август 1998 година, во Литл Елм) — американски фудбалер, играч од средниот ред на Јувентус и на американската репрезентација.

Вестон Мекени
Лични податоци
Полно име Вестон Џејмс Ерл Мекени[1]
Роден на 28 август 1998(1998-08-28)(26 г.)
Роден во Литл Елм, САД[2]
Држава САД САД
Висина &100000000000001850000001,85 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Јувентус Јувентус
Број 16
Младинска кариера
Феникс Отербах
Далас Далас
Шалке 04 Шалке 04
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2017-2020 Шалке 04 Шалке 04 75 (4)
2020- Јувентус Јувентус 74 (9)
2023Лидс Јунајтед Лидс Јунајтед 19 (0)
Репрезентација
2013-2014 САД САД 17 6 (0)
2016 САД САД 19 9 (2)
2016 САД САД 20 2 (0)
2017- САД САД 46 (11)
* Ажурирано на: 6 јануари 2012
** Ажурирано на: 6 јануари 2012

Биографија

уреди

Вестон Мекени е роден и израснал во Тексас, САД, но како дете поминал три години во Кајзерслаутерн, Германија, додека неговиот татко служел во блиската воздушна база Рамштајн.[3]

Клупска кариера

уреди

Почетоци

уреди

Мекени започнал да игра фудбал во локалниот германски клуб Феникс Отербах во 2004 година, пред да се врати со семејството назад во САД.[4] Потоа, играл во младинските категории на ФК Далас - клуб од МЛС лигата - седум години од 2009 до 2016 година, пред да се пресели во Шалке во 2016 година.[5]

Шалке 04

уреди

Во јули 2016 година, Мекени ја отфрлил можноста да потпише договор за домашен играч со ФК Далас. Наместо тоа, тој се одлучил за трансфер во Бундеслигата, каде му се приклучил на Шалке 04.[6]

Во неговата прва сезона во Шалке, тој играл за екипата под 19 години во Јуниорската Бундеслига Запад, за која одиграл 21 натпревар (во некој од нив и како капитен) и постигнал 4 гола.[7] По завршувањето на сезоната со екипата под 19 години, Мекени бил промовиран во првиот тим во мај 2017 и бил повикан во составот за последниот натпревар од сезоната во Бундеслигата против Инголштат;[8] во 77-мата минута од овој натпревар што завршил 1-1, тој го направил своето деби за Шалке влегувајќи од клупата за резерви на местото на Донис Авдијај.[9] Тоа бил неговиот единствен настап за првиот тим на сините во сезоната 2016-2017.[10] Набргу потоа тој потпишал нов петгодишен договор со клубот од Гелзенкирхен.[11]

Следната сезона, Мекени ја започнал играјќи како стартер во победата со 2-0 над Динамо Берлин во Купот на Германија. Пет дена подоцна, во првото коло од Бундеслигата, тој влегол од клупата во последните десеттина минути од победата со 2-0 над РБ Лајпциг. На 29 септември 2017, против Бајер Леверкузен го имал својот прв старт за Шалке во еден натпревар од првенството, играјќи ги сите 90 минути во ремито 1-1 на Фелтинс Арена. Од тој момент Мекени станал стандарден првотимец на Шалке и ја завршил сезоната со 22 настапи во првенството и 3 во Купот на Германија.

 
Мекени со Шалке 04 во 2018

Својот прв гол во дресот на Шалке, Мекени го постигнал на 3 октомври 2018 против Локомотив Москва во Лигата на шампионите, носејќи му минимална победа на својот тим со 1-0 на гостувањето во Русија. Само три дена подоцна, тој го постигнал и својот прв гол во Бундеслигата во победата со 2-0 на гостувањето кај Фортуна Диселдорф. Во текот на сезоната 2018-2019, тој одиграл вкупно 33 натпревари и бил користен на многу различни позиции; покрај неговата омилена како дефанзивен играч од средниот ред, играл и како централен дефанзивец, десен бек, десно крило, офанзивен играч од средниот ред, па дури и како напаѓач.

Во сезоната 2019-2020, Мекени постигнал 3 гола на 28 натпревари во Бундеслигата. Вкупно за Шалке одиграл 91 натпревар и постигнал 5 гола.

Јувентус

уреди

На 29 август 2020, Мекени му се приклучил на италијанскиот Јувентус како позајмен фудбалер за 4.5 милиони евра, со опција за откуп на играчот за 18.5 милиони евра на крајот од сезоната.[12][13] Тој станал првиот американец кој потпишал за Јувентус во историјата на клубот,[14] а своето деби со бјанконерите го направил на 20 септември, во победата со 3-0 на домашен терен над Сампдорија во Серија А.[15] На 5 декември 2020, Мекени го постигнал својот прв гол во дресот на Јувентус против градскиот соперник Торино во Дерби дела Моле; тој со својот гол го израмнил резултатот во 77-мата минута, кога по центаршутот на Хуан Квадрадо со глава ја сместил топката во мрежата изедначувајќи на 1-1, а до крајот од натпреварот Јувентус успеале да направат целосен пресврт и да победат со 2-1.[16] Само три дена подоцна, тој се запишал во списокот на стрелците и во Лигата на шампионите со прекрасен гол од волеј повторно на додавање на Квадрадо во победата со 3-0 на гостувањето кај Барселона на Камп Ноу:[17] оваа победа им овозможила на бјанконерите да завршат на првото место во групата пред шпанскиот тим.[18]

 
Мекени со Јувентус во 2021

На 6 јануари 2021, Мекени го постигнал својот трет гол за Јувентус погодувајќи од блиско растојание за победата со 3-1 во дербито против Милан по одличниот пробив од десната страна на Дејан Кулушевски.[19][20] Тој станал првиот американец во историјата кој постигнал гол на Сан Сиро како противнички играч.[21] На 20 јануари 2021, го освоил својот прв трофеј во кариерата, откако Јувентус го победил Наполи со 2-0 во Суперкупот на Италија;[22] тој го одиграл целиот натпревар и направил пенал во завршницата фаулирајќи го Дрис Мертенс, но за негова среќа ударот од белата точка Наполи не го претвориле во гол. На 19 мај, го освоил вториот трофеј со Јувентус, со победата од 2-1 над Аталанта во финалето на Купот на Италија; Мекени го одиграл целиот натпревар и забележил асистенција за првиот гол на Јувентус кој го постигнал Кулушевски. Својата прва сезона во Италија ја завршил со вкупно 46 настапи и 6 гола во сите натпреварувања.

Уште пред крајот на сезоната, на 3 март 2021 година, Јувентус го искористил своето право на откуп и потпишал траен четиригодишен договор со Мекени.[23]

По долгите летни шпекулации дека ќе го напушти Јувентус после само една сезона во клубот и ќе се пресели во Англија од каде неколку клубови пројавиле интерес за него,[24][25] Мекени сепак останал во гигантот од Торино за својата втора сезона.[26] Својот прв гол за сезоната го постигнал на 27 октомври против Сасуоло, а само три дена подоцна ја затресол и мрежата на Верона; сепак, и двата натпревари завршиле со пораз на неговиот тим од 2-1.[27][28] На 13 јануари 2022, тој постигнал гол со кој го довел Јувентус во водство во натпреварот од Суперкупот на Италија против Интер, завршен со уште еден пораз од 2-1 за бјанконерите, но по продолженија. Неговата втора сезона во Торино не завршила добро, бидејќи на 22 февруари, за време на натпреварот од нокаут фазата од Лигата на шампионите против Виљареал, по судир со противничкиот играч Первис Еступињан, тој доживеал фрактура на втората и третата метатарзална коска:[29] повреда која го принудила предвреме да ја заврши сезоната.[30]

Лидс Јунајтед, враќање во Јувентус

уреди

На 30 јануари 2023 година, тој заминал на позајмица до крајот на сезоната, со право на откуп, во англискиот Лидс Јунајтед.[31][32] Своето деби за Лидс го направил на 5 февруари 2023 година, влегувајќи како замена во второто полувреме од поразот со 1-0 од Нотингем Форест во Премиер лигата.[33] Тој забележал 20 настапи без постигнат гол за време на своето искуство на Еланд Роуд, кое не му останало во добро сеќавање, бидејќи бил често критикуван поради неговата форма.[34]

На крајот на сезоната 2022-2023, по испаѓањето на Лидс во Чемпионшип, клубот не го откупил Мекени и така тој се вратил во Јувентус.[35] Иако првично бил на списокот вишок играчи во Јувентус,[36] сепак, за време на претсезоната, исто така поради недостапноста на некои играчи во средниот ред,[37] тој успеал да ја предомисли средината и повторно да најде место во тимот.[38] На 16 септември 2023 година, во победата со 3-1 на домашен терен над Лацио во Серија А, тој го одиграл својот 100-ти натпревар за клубот од Торино, одбележувајќи го со асистенција за третиот гол кој го постигнал Душан Влаховиќ.[39]

Репрезентативна кариера

уреди

Мекени ја претставувал својата земја во неколку младински селекции вклучувајќи ги репрезентациите под 17, под 19 и под 20 години.

 
Мекени со репрезентацијата на САД на КОНКАКАФ Голд куп 2019

Својот прв повик во сениорската репрезентација го добил за пријателскиот натпревар против Португалија на 14 ноември 2017, постигнувајќи гол на своето деби за јеникте во ремито 1-1.[40][41]

Мекени бил повикан во американската репрезентација за КОНКАКАФ Голд купот 2019, кој се одржал во три земји САД, Костарика и Јамајка. Во првиот натпревар на американците на турнирот, тој забележал асистенција во победата со 4-0 над Гвајана. Првиот свој гол на Голд купот го постигнал во четвртфиналето во победата со 1-0 над Курасао. Потоа, тој постигнал гол и во полуфиналето во победата со 3-1 над Јамајка и како капитен го одиграл целиот натпревар во финалето, во кое јенките биле поразени од Мексико со 1-0.

на 12 октомври 2019, Мекени го постигнал најбрзиот хет-трик во историјата на американската репрезентација, постигнувајќи три гола за 13 минути во победата со 7-0 над Куба во КОНКАКАФ Лигата на нации.[42]

Хронологија на репрезентативните настапи

уреди
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― САД
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
14-11-2017 Леирија Португалија   1 – 1   САД Пријателска 1   84'
29-5-2018 Филаделфија САД   3 – 0   Боливија Пријателска -   65'
2-6-2018 Даблин Ирска   2 – 1   САД Пријателска -   81'
9-6-2018 Лион Франција   1 – 1   САД Пријателска -   79'
7-9-2018 Ист Ратерофрд САД   0 – 2   Бразил Пријателска -   83'
12-9-2018 Нешвил САД   1 – 0   Мексико Пријателска -   40'
15-11-2018 Лондон Англија   3 – 0   САД Пријателска -   76'
22-3-2019 Орландо САД   1 – 0   Еквадор Пријателска -   68'
9-6-2019 Синсинати САД   0 – 3   Венецуела Пријателска -   62'
19-6-2019 Сент Пол САД   4 – 0   Гвајана Голд куп 2019 - Прва фаза -   74'
23-6-2019 Кливленд САД   6 – 0   Тринидад и Тобаго Голд куп 2019 - Прва фаза -   58'
30-6-2019 Филаделфија САД   1 – 0   Курасао Голд куп 2019 - Четвртфинале 1
3-7-2019 Нешвил Јамајка   1 – 3   САД Голд куп 2019 - Полуфинале 1   31'
7-7-2019 Чикаго Мексико   1 – 0   САД Голд куп 2019 - Финале -  
6-9-2019 Ист Ратерфорд САД   0 – 3   Мексико Пријателска -
12-10-2019 Вашингтон САД   7 – 0   Куба КОНКАКАФ Лига на нации 2019-2020 - Втора фаза 3   46'
16-10-2019 Торонто Канада   2 – 0   САД КОНКАКАФ Лига на нации 2019-2020 - Втора фаза -   33'
15-11-2019 Орландо САД   4 – 1   Канада КОНКАКАФ Лига на нации 2019-2020 - Втора фаза -
19-11-2019 Џорџ Таун Куба   0 – 4   САД КОНКАКАФ Лига на нации 2019-2020 - Втора фаза -   69'
12-11-2020 Кардиф Велс   0 – 0   САД Пријателска -
16-11-2020 Австрија САД   6 – 2   Панама Пријателска -   50'
30-5-2021 Санкт Гален Швајцарија   2 – 1   САД Пријателска -  
4-6-2021 Денвер САД   1 – 0   Хондурас КОНКАКАФ Лига на нации 2019-2020 - полуфинале -
7-6-2021 Денвер САД   3 – 2 прод.   Мексико КОНКАКАФ Лига на нации 2019-2020 - Финале 1
2-9-2021 Сан Салвадор Ел Салвадор   0 – 0   САД Квал. за СП 2022 -   67'
7-10-2021 Остин САД   2 – 0   Јамајка Квал. за СП 2022 -
13-10-2021 Колумбус САД   2 – 1   Костарика Квал. за СП 2022 -
13-11-2021 Синсинати САД   2 – 0   Мексико Квал. за СП 2022 1   68'
27-1-2022 Колумбус САД   1 – 0   Ел Салвадор Квал. за СП 2022 -
30-1-2022 Хамилтон Канада   2 – 0   САД Квал. за СП 2022 -
2-2-2022 Минесота САД   3 – 0   Хондурас Квал. за СП 2022 1   84'
2-6-2022 Синсинати САД   3 – 0   Мароко Пријателска -   72'
5-6-2022 Канзас Сити САД   0 – 0   Уругвај Пријателска -   46'
11-6-2022 Остин САД   5 – 0   Гренада КОНКАКАФ Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза -   46'
14-6-2022 Сан Салвадор Ел Салвадор   1 – 1   САД КОНКАКАФ Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза -   46'
23-9-2022 Диселдорф Јапонија   2 – 0   САД Пријателска -   67'
27-9-2022 Ријад Саудиска Арабија   0 – 0   САД Пријателска -   76'
21-11-2022 Ал Рајан САД   1 – 1   Велс СП 2022 - Групна фаза -   13'   66'
25-11-2022 Ал Хор Англија   0 – 0   САД СП 2022 - Групна фаза -   77'
29-11-2022 Доха Иран   0 – 1   САД СП 2022 - Групна фаза -   65'
3-12-2022 Ал Рајан Холандија   3 – 1   САД СП 2022 - Осминафинале -   67'
24-3-2023 Сент Џорџес Гренада   1 – 7   САД КОНКАКАФ Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза 2   57'
27-3-2023 Орландо САД   1 – 0   Ел Салвадор КОНКАКАФ Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза -   90+2'
15-6-2023 Парадајс САД   3 – 0   Мексико КОНКАКАФ Лига на нации 2022-2023 - Полуфинале -   71'
9-9-2023 Сент Луис САД   3 – 0   Узбекистан Пријателска -   81'
12-9-2023 Сент Пол САД   4 – 0   Оман Пријателска -
Вкупно Настапи 46 Голови 11

Статистика

уреди

Клупска статистика

уреди

Статистикате е ажурирана на 17 септември 2023.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2016-2017   Шалке 04 БЛ 1 0 КГ - - ЛЕ - - - - - 1 0
2017-2018 БЛ 22 0 КГ 3 0 - - - - - - 25 0
2018-2019 БЛ 24 1 КГ 3 0 ЛШ 6 1 - - - 33 2
2019-2020 БЛ 28 3 КГ 4 0 - - - - - - 32 3
Вкупно Шалке 04 75 4 10 0 6 1 - - 91 5
2020-2021   Јувентус А 34 5 КИ 4 0 ЛШ 7 1 СИ 1 0 46 6
2021-2022 А 21 3 КИ 1 0 ЛШ 6 0 СИ 1 1 29 4
2022-јан. 2023 А 15 1 КИ 1 0 ЛШ 5 2 - - - 21 3
јан.-јун. 2023   Лидс Јунајтед ПЛ 19 0 ФАКуп+ЛК 1+0 0 - - - - - - 20 0
2023-2024   Јувентус А 4 0 КИ 0 0 - - - - - - 4 0
Вкупно Јувентус 74 9 6 0 18 3 2 1 100 13
Вкупно во кариерата 168 13 17 0 24 4 2 1 211 18

Титули

уреди

Клупски

уреди

  Јувентус

уреди
2020-2021, 2023-2024
2020

Репрезентативни

уреди
  САД
2019-2020, 2022-2023

Индивидуални

уреди
2020

Наводи

уреди
  1. „40-Player National Team Roster: 2019 Concacaf Gold Cup: United States“ (PDF). CONCACAF. стр. 16. Посетено на May 21, 2019 – преку Bernews.
  2. „U.S. prospect Weston McKennie is living his dream in Germany“. ESPN FC / Howler Magazine.
  3. „Weston McKennie: 10 things you might not know about Schalke's USA starlet“ (англиски). Посетено на 28 agosto 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  4. Uerfsfeld, Stephan (April 4, 2017). „Schalke's Weston McKennie dreaming of following Christian Pulisic's path“. ESPN FC. Посетено на May 30, 2020.
  5. Sidway, Scott (September 23, 2016). „How FC Dallas became home to the best academy in the United States“. MLS. Посетено на August 19, 2020.
  6. Joseph, Brendan. „Weston McKennie signs with FC Schalke“. Stars and Stripes. Посетено на May 20, 2017.
  7. „Weston McKennie season 2016-2017“. transfermarkt.
  8. „Schalke promote American duo McKennie and Wright to senior squad“ (англиски). 18 мај 2017. Посетено на 28 август 2020.
  9. „Ingolstadt-Schalke 04 1-1“. 20 мај 2017. Посетено на 28 август 2020.
  10. „Weston McKennie“. kicker.de. kicker. Посетено на September 18, 2018.
  11. „Schalke tie U.S. youngster Weston McKennie to new five-year deal“.
  12. „Weston McKennie wechselt zu Juventus Turin“ (германски). 29 август 2020. Посетено на 29 август 2020.
  13. Juventus.com. „Welcome Weston!“. Juventus.com (англиски). Посетено на 2020-08-29.
  14. Domenico Marchese (26 август 2020). „Juventus, arriva McKennie: è il primo americano bianconero“. Посетено на 31 август 2020.
  15. Federico Sala (20 септември 2020). „Juventus-Sampdoria 3-0: Kulusevski, Bonucci e Ronaldo. Pirlo parte bene“.
  16. „USMNT's McKennie leads Juventus comeback in Derby della Mole (video)“. ProSoccerTalk | NBC Sports (англиски). 2020-12-05. Посетено на 2020-12-05.
  17. Randhawa, Jaikuran (8 December 2020). „Video: McKennie scores scissor kick for Juventus vs Barcelona“. CaughtOffside (англиски). Посетено на 8 December 2020.
  18. Timothy Ormezzano (9 декември 2020). „La Juve di Pirlo vola grazie a McKennie e Cuadrado“. Посетено на 9 декември 2020.
  19. „МИЛАН – ЈУВЕНТУС 1:3 Киеза и МекКени му го нанесоа првиот пораз на Милан во одличното дерби“. mk.tv21.tv. 2021-01-06. Посетено на 2021-01-08.
  20. „Pirlo ha già stravinto la scommessa McKennie. E i tifosi lo paragonano a un certo Vidal...“.
  21. „McKennie nella storia: è il primo americano a segnare a San Siro da avversario“. milannews24.com (италијански). 2021-01-07. Посетено на 2021-01-08.
  22. „CELEBRATING LIKE A WES“. Juventus on Instagram. 20 јануари 2021. Посетено на 21 јануари 2021.
  23. „Ufficiale il riscatto di Weston McKennie“. Juventus (италијански). March 3, 2021. Посетено на March 3, 2021.
  24. „Tottenham interested in Juventus midfielder Weston McKennie“. sportlens. 26 август 2021. Посетено на 10 април 2022.
  25. „Report: Burnley in talks for Spurs and Aston Villa-linked Weston McKennie“. tbr. 31 август 2021. Посетено на 10 април 2022.
  26. „McKennie resta alla Juve: tentativo in extremis fallito da un club“. juventus news 24. 31 август 2021. Посетено на 10 април 2022.
  27. „Juventus fall to injury-time defeat“. BBC Sport (англиски). Посетено на 2021-11-03.
  28. „Juventus drop to ninth after fourth loss“. BBC Sport (англиски). Посетено на 2021-11-03.
  29. „Training Center | Rientro a Torino e scarico per i bianconeri“. 2022-02-23.
  30. Luca Stamerra (2022-03-06). „Serie A, Tegola Juventus - Allegri conferma: "Stagione finita per McKennie".
  31. „Leeds United complete Weston McKennie deal“ (англиски). 30 јануари 2023. Посетено на 30 јануари 2023.
  32. „Grazie, Weston, e buona fortuna!“. 30 јануари 2023. Посетено на 30 јануари 2023.
  33. mcKennie Leeds debut
  34. „McKennie, l'esordio con il Leeds è da horror. I tifosi: "Sembra sovrappeso". 2023-02-06.
  35. „McKennie torna alla Juventus: il Leeds retrocede e non lo riscatta“. 2023-05-28.
  36. Giovanni Albanese (2023-07-14). „Quei quattro esuberi "sistemati" in un giorno: Bonucci & co., chi paga la linea dura Juve“.
  37. Giuseppe Nigro (2023-08-25). „Da esubero a polizza per Pogba e ora esterno a tutta fascia: così McKennie si gioca il futuro Juve“.
  38. Stefano Silvestri (2023-09-16). „La riscoperta di McKennie: da esubero a titolare in poche settimane“.
  39. Juventus FC [@@juventusfc] (2023-09-16). „100 presenze in ⚪️⚫️ per Weston!“ (Tweet) – преку Twitter.
  40. „USA's new era starts with draw against European champions Portugal“. theguardian.com. Посетено на November 16, 2017.
  41. „Weston McKennie man of the match as U.S. earn draw in Portugal“. espnfc.com. Посетено на November 16, 2017.
  42. sport, Guardian; agencies (October 12, 2019). „Weston McKennie scores record hat-trick as USA hammer seven past Cuba“. The Guardian (англиски). ISSN 0261-3077. Посетено на October 12, 2019.

Надворешни врски

уреди