Едвард Црниот Принц
Едвард (15 јуни 1330 — 8 јуни 1376) — син на англискиот крал Едвард III и неговата сопруга Филипа де Авен.
Едвард | |
---|---|
Принц од Велс; Принц од Аквитанија | |
Сопружник | Јована |
Деца | Едвард Ричард II |
Династија | Династија Плантагенет |
Татко | Едвард III |
Мајка | Филипа де Авен |
Во текот на 1337 година се стекнал со титулата војвода од Корнвол, а во 1343 година бил објавен за принц од Велс. Тој учествувал заедно со неговиот татко во војната со Франција во 1346 година. Овде од страна на француските војници бил наречен црниот принц. Во 1355 година раководел со воените дејствија во Аквитанија, каде следната година го победил и го заробил англискиот крал Јован II
За гроф од Аквитанија бил прогласен во 1363 година, и заедно со својата сопруга го изградиле кралскиот дворец во Бордо. Во следните години ја продолжил војната со Франција, каде доживеал голем неуспех. Така, поради неговата здравствена состојба, тој ја напуштил Франција и своето место го дал на својот брат Јован.
Во 1376 година починал во Лондон.