Гарона

река во југозападна Франција и северна Шпанија

Гарона (француски: Garonne; окситански, каталонски и шпански: Garona; латински: Garumna[1] или Garunna) — река во југозападна Франција и северна Каталонија, (Шпанија) со должина од 602 км.

Гарона
Местоположба
Физички особености
УстиеЖиронда,
Атлантски Океан
45°2′29″N 0°36′24″W / 45.04139° СГШ; 0.60667° ЗГД / 45.04139; -0.60667 (Жиронда-Гарона)
Должина602 км
Особености на сливот

Географија

уреди

Извор

уреди
 
Водотекот од клисурите Баранкс и Ескалета

Реката извира во Аранската Долина на Пиринеите, иако точното место е спорно. Предложени се три можности: „Гаронско Око“ (окситански: Uelh deth Garona) (42°42′34″N 0°56′43″E / 42.709494° СГШ; 0.945398° ИГД / 42.709494; 0.945398), во Тарера-Саборедо 42°36′26″N 0°57′56″E / 42.607295° СГШ; 0.965424° ИГД / 42.607295; 0.965424) или на падините на Ането (клисурата Салтерилјо-Баранкс 42°38′59″N 0°40′06″E / 42.6498° СГШ; 0.6683° ИГД / 42.6498; 0.6683 согласно годишното време).

Течение

уреди

Гарона тече низ Аранската Долина во северен правец и влегува во Франција, минувајќи низ Тулуза и Ажен кон Бордо, па доаѓа до естуарот Жиронда и истекува во Бискајскиот Залив (Атлантски Океан). По течението има три поважни притоки: Арјеж, Тарн и Лот. Веднаш по бордо, реката се спојува со Дордоња, образувајќи го естуарот Жиронда, кој а завршува во Атлантскиот Океан по 100 км. Други притоки се Сав и Жер.

Ова е една од неколкуте реки во светот што добива приливен бран.[2][3][4] По бранот може да се едри на даска и со скутер барем до селото Камб, оддалечено 120 км од океанот

Пловност

уреди

Гарона игра важна улога во превозот на стоки. Океанските бродови влегуваат по реката и доаѓаат до Бордо, и се потпомогнати од т.н. „Канал на двете мориња“ (Canal des Deux Mers), што го поврзува Средоземното Море со Атлантскиот Океан, овозможувајќи пократок и побезбеден превоз на стоки од земјоделските подрачја во јужна Франција до Атлантскиот Океан.

Населени места по течението

уреди
 
Гарона во Тулуза

Поважни притоки

уреди

Поважни притоки на Гарона (низводно) се следниве:

  • Пик
  • Урз
  • Нест
  • Сала
  • Волп
  • Ариза
  • Луж
  • Жал де Бланкфор

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Smith, William (1850). A new classical dictionary of Greek and Roman biography, mythology, and geography. London: John Murray. стр. 492. OCLC 223027795.
  2. Chanson, H., Lubin, P., Simon, B., and Reungoat, D. (2010). Turbulence and Sediment Processes in the Tidal Bore of the Garonne River: First Observations. Hydraulic Model Report No. CH79/10, School of Civil Engineering, The University of Queensland, Brisbane, Australia, 97 pages. ISBN 978-1-74272-010-4.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  3. Simon, B., Lubin, P., Reungoat, D., Chanson, H. (2011). Turbulence Measurements in the Garonne River Tidal Bore: First Observations. Proc. 34th IAHR World Congress, Brisbane, Australia, 26 June-1 July, Engineers Australia Publication, Eric Valentine, Colin Apelt, James Ball, Hubert Chanson, Ron Cox, Rob Ettema, George Kuczera, Martin Lambert, Bruce Melville and Jane Sargison Editors, pp. 1141-1148. ISBN 978-0-85825-868-6.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  4. Chanson, H., Reungoat, D., Simon, B., Lubin, P. (2011). „High-Frequency Turbulence and Suspended Sediment Concentration Measurements in the Garonne River Tidal Bore“. Estuarine Coastal and Shelf Science, Vol. 95, No. 2-3, pp. 298-306. doi:10.1016/j.ecss.2011.09.012. ISSN 0272-7714. Надворешна врска во |title= (help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)

Надворешни врски

уреди