Арон Мој
Арон Мој (роден на 15 септември 1990 во Сиднеј) — поранешен австралиски фудбалер, играч од средниот ред.
Арон Мој | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Арон Франк Мој[1] | ||
Роден на | 15 септември 1990 | ||
Роден во | Сиднеј, Австралија | ||
Држава | Австралија | ||
Висина | м | 1,86||
Играчки податоци | |||
Позиција | среден ред | ||
Повлекување | 30 јуни 2023 (32 г.) | ||
Младинска кариера | |||
НСВИС | |||
Болтон | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
2009-2010 | Болтон | 0 | (0) |
2010-2012 | Ст. Мирен | 21 | (12) |
2012-2014 | Вестерн Сиднеј В. | 49 | (4) |
2014-2016 | Мелбурн Сити | 7 | (0) |
2016 | Манчестер Сити | 0 | (0) |
2016-2019 | Хадерсфилд Таун | 111 | (11) |
2019-2020 | Брајтон | 31 | (2) |
2020-2022 | Шангај СИПГ | 23 | (6) |
2022-2023 | Селтик | 29 | (4) |
Репрезентација ‡ | |||
2006 | Австралија 17 | 2 | (0) |
2009-2010 | Австралија 20 | 10 | (4) |
2011-2012 | Австралија 23 | 4 | (2) |
2012-2022 | Австралија | 57 | (7) |
* Ажурирано на: 11 јануари 2012 ** Ажурирано на: 11 јануари 2012 |
Клупска кариера
уредиБолтон Вондерерс
уредиМој ја започнал својата кариера во Европа како младински стипендист во школата на англискиот клуб Болтон Вондерерс, откако бил забележан од Крис Сали.[2]
Сепак, тој го напуштил Болтон без да забележи ниту еден настап за првиот тим на клубот, откако одбил да го продолжи договорот во јули 2010 година, барајќи поголема минутажа.[3][4]
Сент Мирен
уредиНа 23 октомври 2010 година, Мој му се приклучил на Сент Мирен, клуб од Шкотската Премиер лига,[5] и дебирал истиот ден во поразот со 3–0 од Хартс.[6] На 18 јануари 2011 година, го постигнал својот прв гол за светците, во повтрениот натпревар од четвртото коло на Купот на Шкотска, кој Сент Мирен го добил со убедливи 6–1 против Питерхед.[7] Откако запишал 18 настапи и еден гол во сите натпреварувања, на Мој му бил понуден нов договор во април 2011 година,[8] пред конечно да потпише продолжување за уште две години во мај.[9]
Сезоната 2011-2012, за негова несреќа била обележана од стресната фрактура на грбот која што ја доживеал уште за време на претсезоната.[10] Сепак, како што минувале месеците, неговото закрепнување започнало да оди добро.[11] Откако посетил специјалист за се увери дека повредата е залечена,[12] Мој се вратил во акција на 17 декември 2011 година, влегувајќи како замена, во ремито 1-1 против Мадервел.[13] Во следниот натпревар, одигран на католички Бадник 2011, тој го постигнал својот прв првенствен гол за клубот против Ренџерс на Сент Мирен Парк во победата со 2-1.[14]
Поради веќе споменатата повреда, втората сезона со Сент Мирен ја завршил со само 12 настапи, 8 во првенството и 4 во купот, и еден постигнат гол.
Вестерн Сиднеј Вондерерс
уредиОткако го напушти Сент Мирен со слободен трансфер, Мој се вратил во Австралија на 25 јуни и бил најавен како едно од трите инаугуративни засилувања на новиот клуб член на А-лигата, Вестерн Сиднеј Вондерерс.[15] Тој го направил своето деби во воведниот натпревар од сезоната во ремито 0-0 против Сентрал Коуст Маринерс[16] а на 23 февруари 2013 година, тој го постигнал својот прв гол, во победата со 1–0 над Перт Глори.[17] Тој одиграл 23 настапи и постигнал еден гол во својата прва сезона со Вондерерс, кои го завршиле регуларниот дел од сезоната на првото место и се пласирале во големото финале во нивната инаугуративна сезона. Мој учествувал и во неговото второ последователно големо финале на А-лигата следната сезона; сепак клубот од неговиот роден град одново бил поразен во финалниот натпревар овојпат од Бризбејн Роар.
Мелбурн Сити
уредиОткако бил отпуштен од Вестерн Сиднеј Вондерерс на 21 мај 2014 година,[18] истиот ден, било објавено дека тој ќе се придружи на еден од најголемите ривалите на клубот во А-лигата, Мелбурн Сити. Тој го постигнал својот прв гол против Брисбејн Роар, а исто така постигнал гол и на двата натпревари против неговиот поранешен клуб Вестерн Сиднеј Вондерерс. На крајот на сезоната, тој ја освоил титулата во А-лигата со Мелбурн Сити, притоа бил избран за играч на годината на клубот и бил најдобар стрелец на клубот за таа сезона (со 7 гола), а исто така имал и осум асистенции.
Мој станал најмладиот марки играч во историјата на А-лигата кога повторно потпишал со Мелбурн Сити за сезоната 2015–2016. На 29 септември, тој постигнал хет-трик против Хајделберг Јунајтед во четвртфиналето на ФФА купот, а два од погодоците биле постигнати со удар надвор од шеснаесетникот; со ова тој исто така станал прв играч на Сити кој постигнал хет-трик во ФФА купот. За време на неговиот престој во Мелбурн Сити, селекторот на австралиската репрезентација Анге Постекоглу го означил Мој како „најдобар и највозбудлив играч во А-лигата“, додека поранешниот голман на сокеросите Марк Боснич го опишал како „најдобриот австралиски играч од средниот ред кој игра било каде во светот“.[19] Добрите игри на Мој не останале не забележани ниту од другите екипи ширум светот, па така Мелбурн Сити одбил една понуда од 2 милиони долари од клубот од Саудиска Арабија Ал-Наср.[20] На 5 март 2016 година, тој му асистирал на Бруно Форнароли за два од неговите три гола за да стигне до 20 асистенции за сезоната; рекорд на сите времиња во А-лигата.[21]
Манчестер Сити
уредиНа 30 јуни 2016 година, Мој потпишал тригодишен договор со Манчестер Сити.[22]
Хадерсфилд Таун
уредиСамо шест дена по потпишувањето за Манчестер Сити, Мој бил позајмен Хадерсфилд Таун во Чемпионшип.[23] Тој го направил своето деби за Хадерсфилд во нивната победа од 2–1 над Брентфорд на 6 август,[24] и го постигнал својот прв гол за нив на 10 септември во победата со 1–0 над Лидс Јунајтед во дербито на Западен Јоркшир.[25] На 28 ноември 2016 година, тој постигнал моментален израмнувачки погодок во поразот со 2–1 на домашен терен од Виган Атлетик.[26] На крајот од регуларниот дел од сезоната навивачите на Хадерсфилд Таун го изгласале Мој за најдобар играч на сезоната, која завршила со промоција на териерите во Премиер лигата откако клубот бил победник во финалето на плејофот во кое го совладале Рединг по изведување на пенали; Мој бил еден од сигурните изведувачи за својата екипа.
На 15 јуни 2017 година, било објавено дека Хадерсфилд се договорил со Манчестер Сити да го потпише Мој на трајна основа. Надоместокот бил пријавен на 8 милиони фунти, со потенцијално зголемување на 10 милиони фунти во зависност од додатоците. Сити би имал и откупна клаузула за враќање на Мој.[27] Трансферот бил финализиран на 30 јуни.[28] Мој го направил своето деби во Премиер лигата за Хадерсфилд во нивниот прв натпревар од сезоната 2017–2018, победата од 3–0 над Кристал Палас, а самиот Мој учествувал во два од головите.[29] Тој го постигнал својот прв гол во Премиер лигата една недела подоцна, единствениот гол во натпреварот со кој Хадерсфилд го победил Њукасл Јунајтед.[30] На 21 октомври 2017 година, Мој го постигнал воведниот гол кога Хадерсфилд го изненадил Манчестер Јунајтед со 2–1 во пресметката во Премиер лигата на стадионот Џон Смит.[31]
Во неговата трета сезона во Хадерсфилд, Мој одиграл 29 натпревари и 3 гола, но не можел да го спречи испаѓањето на териерите од Премиер лигата.
Брајтон
уредиНа 8 август 2019 година, Мој се приклучил на Брајтон енд Хоув Албион на позајмица од Хадерсфилд Таун.[32] Своето деби за галебите го направил влегувајќи како замена во ремито 1–1 на домашен терен против Вест Хем Јунајтед на 17 август.[33] Првиот гол за клубот го постигнал на 28 декември 2019, во победата со 2-0 на домашен терен над Борнмут.
На 24 јануари 2020 година, Мој направил постојан трансфер во Брајтон потпишувајќи договор на три и пол години.[34]
Шангај СИПГ
уредиНа 28 август 2020 година, било објавено дека Мој потпишал за кинескиот клуб Шангај СИПГ, откако тие ја активирале ослободителната клаузула во неговиот договор од 4 милиони фунти.[35] Менаџерот на Брајтон, Греам Потер рекол по неговото заминување „навистина уживав да работам со него, и во име на сите во клубот би сакал да му се заблагодарам за неговиот придонес и да му посакам добро во иднина“.[36]
Дебитирал во кинеското првенство на 15 септември 2020 во победата со 1-2 на гостувањето кај Вухан, постигнувајќи го притоа вториот од погодоците на неговиот тим.
Селтик
уредиНа 19 јули 2022 година, Мој му се приклучил на Селтик потпишувајќи двегодишен договор со клубот.[37]
Репрезентативна кариера
уредиМој имал право да ги претставува Германија или Холандија преку неговите родители.[38]
Во периодот 2008 и 2009 година, Мој одиграл 10 натпревари и постигнал четири гола за австралиската репрезентација под 20 години. Тој играл на Светското првенство за играчи под 20 години, каде настапил во два натпревари од групната фаза пред Австралија да биде елиминирана, постигнувајќи гол во неговиот втор натпревар против Бразил. Тој бил повикан во сениорската репрезентација во август 2009 година.[39]
Кон крајот на 2011 година, Мој изјавил дека сака да игра за Австралија на Летните олимписки игри 2012,[40] сепак, тие биле неуспешни во нивната квалификациска кампања за Лондон 2012.
На 7 декември 2012 година, тој го направи своето деби за сениорската репрезентација против Гуам постигнувајќи гол од слободен удар за да го отвори резултатот во натпревар во кој Сокеросите победиле со 9-0.[41] Во следниот натпревар против Кинески Тајпеј, Мој повторно постигнал гол од слободен удар кога Сокерос победиле со 8–0 и се квалификувале за ЕАФФ источноазискиот куп.
На 11 март 2015 година, тој бил избран во составот за натпреварите против Германија и Македонија. На 3 септември 2015 година, тој го постигнал петтиот гол во победата со 5–0 над Бангладеш во квалификациите за Светското првенство 2018 во Перт.[42] Како еден од главните играчи на Австралија во овој квалификациски циклус, Мој им помогнал на Сокерос да стигнат до завршниот турнир во Русија со успехот над Хондурас во интерконтиненталниот плејоф, завршен со вкупен резултат 3-1 за Австралија.
Во мај 2018 година, тој бил избран во австралискиот состав од 23 играчи за Светското првенство 2018 во Русија,[43] правејќи го своето мундијалско деби на 16 јуни во Казањ во поразот со 2-1 од подоцнежниот светски првак Франција во првиот натпревар од групата. Мој ги одиграл целосно и другите два натпревари на Австралија против Данска и Перу, но Сокерос биле елиминирани откако освоиле само еден бод во групната фаза.
Четири години подоцна, тој ја претставувал Австралија на своето второ светско првенство во Катар 2022.[44] Како и пред четири години, тој играл во сите натпревари на својата земја во фазата по групи, но овојпат Австралија имала повеќе среќа; иако почетокот бил идентичен како и на претходното првенство, со пораз од Франција, потоа тие ги совладале Тунис и Данска со 1-0 и како втори зад триколорите минале во осминафиналето каде се сретнале со Аргентина. Мој го одиграл целиот натпревар против гаучосите, во кој неговата репрезентација загубила со 2-1 и го завршила настапот на катарското првенство.
Хронологија на репрезентативните настапи
уредиКлупска статистика
уредиСтатистиката е ажурирана на 2 ноември 2022.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2010-2011 | Сент Мирен | ШПЛ | 13 | 0 | КШ+ЛК | 5+0 | 1+0 | - | - | - | - | - | - | 18 | 1 |
2011-2012 | ШПЛ | 8 | 1 | КШ+ЛК | 4+0 | 0+0 | - | - | - | - | - | - | 12 | 1 | |
Вкупно Сент Мирен | 21 | 1 | 9 | 1 | - | - | - | - | 30 | 2 | |||||
2012-2013 | Вестерн Сиднеј Вондерерс | АЛ | 22+1[45] | 1+0 | - | - | - | - | - | - | - | - | - | 23 | 1 |
2013-2014 | АЛ | 23+2[45] | 3+0 | - | - | - | АЛШ | 5 | 1 | - | - | - | 30 | 4 | |
Вкупно Вестерн Сиднеј Вондерерс | 45+3 | 4+0 | - | - | 5 | 1 | - | - | 53 | 5 | |||||
2014-2015 | Мелбурн Сити | АЛ | 25+2[45] | 7+0 | - | - | - | - | - | - | - | - | - | 27 | 7 |
2015-2016 | АЛ | 24+2[45] | 11+0 | КА | 4 | 6 | - | - | - | - | - | - | 32 | 17 | |
Вкупно Мелбурн Сити | 49+4 | 18+0 | 4 | 6 | - | - | - | - | 59 | 24 | |||||
2016-2017 | Хадерсфилд Таун | ФЛЧ | 45+3[46] | 4+0 | ФАКуп+ЛК | 2+1 | 0+0 | - | - | - | - | - | - | 51 | 4 |
2017-2018 | ПЛ | 36 | 4 | ФАКуп+ЛК | 1+1 | 0+0 | - | - | - | - | - | - | 38 | 4 | |
2018-2019 | ПЛ | 29 | 3 | ФАКуп+ЛК | 0+1 | 0+0 | - | - | - | - | - | - | 30 | 3 | |
авг. 2019 | ФЛЧ | 1 | 0 | ФАКуп+ЛК | 0+0 | 0+0 | - | - | - | - | - | - | 1 | 0 | |
Вкупно Хадерсфилд | 81+3 | 11+0 | 6 | 0 | - | - | - | - | 90 | 11 | |||||
2019-2020 | Брајтон | ПЛ | 31 | 2 | ФАКуп+ЛК | 0+1 | 0+0 | - | - | - | - | - | - | 32 | 2 |
2020 | Шангај СИПГ | КСЛ | 4+6[46] | 1+0 | КК | 1 | 0 | АЛШ | 6 | 0 | - | - | - | 17 | 1 |
2021 | КСЛ | 13 | 5 | КК | 1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 14 | 5 | |
Вкупно Шангај СИПГ | 17+6 | 6+0 | 2 | 0 | 6 | 0 | - | - | 31 | 6 | |||||
2022-2023 | Селтик | ШПЛ | 29 | 4 | КШ+ЛК | 4+4 | 3+0 | ЛШ | 5 | 0 | - | - | - | 42 | 7 |
Вкупно во кариерата | 289 | 46 | 30 | 10 | 16 | 1 | - | - | 335 | 57 |
Титули
уредиКлупски
уредиМелбурн Сити
уреди- ФФА куп : 1
- 2016
Селтик
уреди- 2022-2023
- Куп на Шкотска : 1
- 2012-2023
- 2022-2023
Индивидуални
уреди- 2016, 2017, 2018
- Фудбалер на годината на Хадерсфилд Таун : 1
- 2016-2017
Наводи
уреди- ↑ „Updated squads for 2017/18 Premier League confirmed“. Premier League. 2 February 2018. Архивирано од изворникот 12 June 2018. Посетено на 11 February 2018.
- ↑ „Aussie prospect happy at Reebok“. The Bolton News. 8 December 2008. Архивирано од изворникот на 24 December 2013. Посетено на 15 August 2013.
- ↑ Somerford, Ben (3 July 2010). „Mooy Quits Trotters For Europe – Australia News – Australian FourFourTwo – The Ultimate Football Website“. Au.fourfourtwo.com. Архивирано од изворникот 1 October 2012. Посетено на 31 July 2012.
- ↑ Georgakopoulos, Chris (25 June 2012). „Western Sydney A-League: Quakers Hill boy Aaron Mooy named as one of first three Wanderers – Soccer – Sport – Blacktown Advocate“. Blacktown-advocate.whereilive.com.au. Архивирано од изворникот 27 July 2022. Посетено на 31 July 2012.
- ↑ „Mooy signs on for St Mirren“. Au.fourfourtwo.com. 23 October 2010. Архивирано од изворникот 1 October 2012. Посетено на 31 July 2012.
- ↑ „Hearts 3 – St Mirrens 0“. Архивирано од изворникот на 4 March 2012.
- ↑ „Scottish Cup: Peterhead 1 St Mirren 6“. Daily Record. 19 January 2011. Архивирано од изворникот 6 March 2016. Посетено на 15 August 2013.
- ↑ „St Mirren offer new deal to Australian starlet Aaron Mooy“. Daily Record. 19 April 2011. Архивирано од изворникот 4 March 2016. Посетено на 15 August 2013.
- ↑ „Mooy Extends Contract at St Mirren“. Inspire Sports Management. 18 May 2011. Архивирано од изворникот на 29 May 2011. Посетено на 15 August 2013.
- ↑ „Dutch defender Jeroen Tesselaar agrees St Mirren deal“. BBC Sport. 15 July 2011. Архивирано од изворникот 26 March 2014. Посетено на 15 August 2013.
- ↑ „Rehab going well for St Mirren ace Aaron Mooy as he recovers from back injury“. Daily Record. 9 September 2011. Архивирано од изворникот 22 December 2015. Посетено на 15 August 2013.
- ↑ „St Mirren hope specialist can get to bottom of Aaron Mooy back injury“. Daily Record. 3 November 2011. Архивирано од изворникот 22 December 2015. Посетено на 15 August 2013.
- ↑ „Motherwell 1 – 1 St Mirren“. BBC Sport. 16 December 2011. Архивирано од изворникот 4 May 2014. Посетено на 15 August 2013.
- ↑ „SPL: St Mirren 2 Rangers 1“. Daily Record. 26 December 2011. Архивирано од изворникот 22 December 2015. Посетено на 15 August 2013.
- ↑ „Western Sydney reveal first players“. Football Federation Australia. 25 June 2012. Архивирано од изворникот на 29 May 2014. Посетено на 25 June 2012.
- ↑ „Match Report: Western Sydney Wanderers vs Central Coast Mariners“. The World Game. 6 October 2012. Архивирано од изворникот 8 January 2013. Посетено на 15 August 2013.
- ↑ „Match Report: Western Sydney Wanderers vs Perth Glory“. The World Game. 23 February 2013. Архивирано од изворникот 30 March 2013. Посетено на 15 August 2013.
- ↑ „Wanderers Announce Player Departures“. Western Sydney Wanderers FC. 21 May 2014. Архивирано од изворникот на 21 May 2014. Посетено на 28 May 2014.
- ↑ „Aaron Mooy joins Melbourne Heart FC“. Melbourne Heart FC. 21 May 2014. Архивирано од изворникот на 21 May 2014. Посетено на 28 May 2014.
- ↑ Bossi, Dominic (10 December 2015). „Melbourne City reject record offer from Al-Nassr for Socceroos star Aaron Mooy“. The Age. Архивирано од изворникот 5 May 2016. Посетено на 7 August 2016.
- ↑ Puterflam, Michael (March 2016). „Bruno Fornaroli scores his 18th, 19th and 20th goals of season to give Melbourne City win over Sydney FC“. Fox Sports. Архивирано од изворникот 27 July 2022. Посетено на 5 March 2016.
- ↑ „Melbourne City FC Player Update“. Melbourne City. 30 June 2016. Архивирано од изворникот 3 July 2016. Посетено на 30 June 2016.
- ↑ „Man City's Aaron Mooy arrives at HTAFC“. Huddersfield Town A.F.C. 5 July 2016. Архивирано од изворникот 8 July 2016. Посетено на 5 July 2016.
- ↑ Wobschall, Leon (6 August 2016). „Huddersfield Town 2 Brentford 1: Terriers win at John Smith's Stadium“. The Yorkshire Post. Архивирано од изворникот 17 September 2016. Посетено на 7 August 2016.
- ↑ Booth, Mel (10 September 2016). „Leeds United 0 Huddersfield Town 1: Aaron Mooy screamer seals best ever Town start“. Huddersfield Daily Examiner. Архивирано од изворникот 12 September 2016. Посетено на 10 September 2016.
- ↑ „Huddersfield 1–2 Wigan Athletic“. 28 November 2016. Архивирано од изворникот 27 November 2016. Посетено на 29 November 2015.
- ↑ „Aaron Mooy: Huddersfield Town agree club-record £10m fee with Man City“. BBC Sport. 15 June 2017. Архивирано од изворникот 16 June 2017. Посетено на 15 June 2017.
- ↑ „Huddersfield Town TRANSFER: AARON MOOY JOINS TOWN PERMANENTLY“. Архивирано од изворникот 28 February 2021. Посетено на 30 June 2017.
- ↑ „Mooy in assist mode as Huddersfield thump Palace“. The World Game. SBS. 13 August 2017. Архивирано од изворникот 21 August 2017. Посетено на 21 August 2017.
- ↑ „Huddersfield Town 1–0 Newcastle United“. BBC Sport. 20 August 2017. Архивирано од изворникот 21 August 2017. Посетено на 21 August 2017.
- ↑ „Aaron Mooy scores as Huddersfield shocks Manchester United“. ABC News. 22 October 2017. Архивирано од изворникот 22 October 2017. Посетено на 22 October 2017.
- ↑ „Brighton & Hove Albion“. Архивирано од изворникот 8 August 2019. Посетено на 8 August 2019.
- ↑ „Brighton 1–1 West Ham: Leandro Trossard shines as Seagulls are held - BBC Sport“. BBC Sport. 17 August 2019. Архивирано од изворникот 16 August 2019. Посетено на 17 August 2019.
- ↑ „Aaron Mooy: Brighton sign midfielder from Huddersfield Town“. BBC Sport. 24 January 2020. Архивирано од изворникот 27 January 2020. Посетено на 24 January 2020.
- ↑ Andy Naylor. „Exclusive: Aaron Mooy had £4m release clause for Chinese clubs“. The Athletic. Архивирано од изворникот 18 September 2020. Посетено на 28 August 2020.
- ↑ „Mooy makes China move“. Brighton & Hove Albion. 28 August 2020. Архивирано од изворникот 29 August 2020. Посетено на 28 August 2020.
- ↑ „Double signing swoop as Aaron Mooy and Moritz Jenz join Celtic“. Celtic FC. 19 July 2022. Архивирано од изворникот 19 July 2022. Посетено на 19 July 2022.
- ↑ „Huddersfield Town permanently sign Aaron Mooy“. 30 June 2017. Архивирано од изворникот на 1 December 2017. Посетено на 25 November 2017.
- ↑ „Australia squad named for Ireland friendly“. Football Association of Ireland. 4 August 2009. Архивирано од изворникот 26 May 2011. Посетено на 31 July 2012.
- ↑ „St Mirren kid Aaron Mooy: I'd love to be part of Australia's 2012 Olympic squad“. Daily Record. 17 December 2011. Архивирано од изворникот 25 September 2015. Посетено на 16 August 2013.
- ↑ „Aaron Mooy scores on Socceroo Debut“. Western Sydney Football. 7 December 2012. Архивирано од изворникот 11 March 2016. Посетено на 16 August 2013.
- ↑ „Australia put five past Bangladesh in second straight WC qualifier as well as another against Jordan later in qualifying. win“. ESPN FC. 3 September 2015. Архивирано од изворникот 4 September 2015. Посетено на 3 September 2015.
- ↑ „Revealed: Every World Cup 2018 squad - 23-man & preliminary lists & when will they be announced? - Goal.com“. Архивирано од изворникот 24 February 2022. Посетено на 17 May 2018.
- ↑ „SOCCEROOS SQUAD ANNOUNCED: FIFA World Cup Qatar 2022™“. Socceroos (англиски). 8 November 2022. Посетено на 9 November 2022.
- ↑ 45,0 45,1 45,2 45,3 А-лига финална фаза
- ↑ 46,0 46,1 Плејоф
Надворешни врски
уреди„Арон Мој“ на Ризницата ? |