Бризбејн

главен град на Квинсленд, Австралија

Бризбејн (англиски: Brisbane) е главен и најнаселен град во австралиската држава Квинсленд. Тој е трет град според број на жители во Австралија. Според податоцит еод пописот во 2006 година во градот живееле 1.676.389 жители.

Бризбејн
The Brisbane skyline from Kangaroo Point
Бризбејн во рамките на Австралија
Бризбејн
Држава/територија Квинсленд
Координати27°28′4.5″S 153°01′40″E / 27.467917° ЈГШ; 153.02778° ИГД / -27.467917; 153.02778
Население2,189,878 (2012)[1] (3rd)
 • Густина346,0 жит/км2 (2006)[2]
Основан1824
Површина5.949,9 км2 [3]
Часовен појасAEST (UTC+10)
Местоположба
  • 733 км N од Sydney
  • 1.374 км NNE од Melbourne
  • 1.600 км NE од Adelaide
  • 3.604 км NE од Perth
  • 945 км NNE од Canberra
Самоуп. подрачја
РегионSouth East Queensland
ОкругStanley, Canning, Ward
Изб. единици41 divisions
Сој. единици17 divisions
Сред. макс. темп. Сред. мин. темп. Год. врнежи
26.4 °C
16.2 °C
986.2 мм
Панорама од Бризбејн

Бризбејн е еден од најзначајните градови во Австралија. Се наоѓа меѓу рамнината на Бризбејнска река и Тихи Океан, на југоистокот на Квинсленд. Градот го добил името по Томас Бризбејн, управник на Нов Јужен Велс кој таа функција ја обавувал во периодот од 1820 ди 1825 година. Градот првин бил сместен на 40 км од своето сегашно место. Претставувал село во кое живеела казнена колонија.

Колонијата во 1825 година се преселила на територијата на денешен Бризбејн. Од 1842 година градот нагло се шири. Конечно во 1859 година е одлучено градот да стане престолнина Квинсленд. Градот се развивал споро по Втората светска војна кога имал важна улога во сојузничката борба, како седиште на Југозападниот тихоокеански штаб на генералот Даглас Макартур.

Население

уреди

Според пописот од 2006 година во градот живееле 1.676.389 жители.

Број на жители во Бризбејн, 1991-2006
1991 1996 2001 2006
1.145.537[4] 1.291.117[4] 1.508.161[4] 1.676.389[4]

Бризбејн како тема во уметноста и во популарната култура

уреди
  • „Битката за Бризбејн“ (The Battle of Brisbane) - песна на ирската рок-група „Поугс“ (The Pogues) од 1984 година.[5]

Наводи

уреди
  1. „3218.0 - Regional Population Growth, Australia, 2011-12“. Abs.gov.au. Посетено на 2013-05-09.
  2. Australian Bureau of Statistics (17 March 2008). „Explore Your City Through the 2006 Census Social Atlas Series“. Посетено на 19 May 2008.
  3. Australian Bureau of Statistics (1 November 2011). „National Regional Profile: Brisbane (Statistical Division)“. Архивирано од изворникот на 2013-05-15. Посетено на 5 September 2012.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 „Australian Bureau of Statistics: 2006 Census QuickStats by Location“. Архивирано од изворникот на 2019-10-17. Посетено на 6 декември 2012.
  5. YouTube, The Pogues - Red Roses For Me (FULL ALBUM) (пристапено на 22 август 2017)

Надворешни врски

уреди