Квалификации за Светско првенство во фудбал 2018 - плејоф (КОНКАКАФ - АФК)

Квалификации за Светско првенство во фудбал 2018 – плејоф (КОНКАКАФ–АФК) било фудбалско натпреварување, односно два натпревари од дополнителните квалификации помеѓу победникот од 4. круг квалификации на АФК конфедерацијата Австралија, и четвртопласираната репрезентација од 5. круг квалификации од КОНКАКАФ конфедерацијата Хондурас. Натпреварите од баражот се одиграле на 10 и 15 ноември 2017 година.[1] Австралија победила со вкупен резултат 3–1 и се квалификувала за Светското првенство.

Квалификации за Светско првенство во фудбал 2018
(плејоф КОНКАКАФАФК)
ПрвенствоКвалификации за СП 2018
вкупен резултат
Прв натпревар
Датум10 ноември 2017 (2017-11-10)
СтадионСтадион Олимпико Метрополитано, Сан Педро Сула
СудијаИталија Даниеле Орсато
Гледачи38,000
Втор натпревар
Датум15 ноември 2017 (2017-11-15)
СтадионСтадион Австралија, Сиднеј
СудијаАргентина Нестор Питана
Присутни гледачи77,060

Преглед

уреди

Австралија шести пат настапила во дополнителен интерконтинентален бараж на квалификации за Светско првенство. Првпат во интерконтинентален бараж Австралија настапила 1985 каде била поразена од Шкотска. Во баражот за Светското првенство 1994, Австралија најпрво била поуспешна од Канада, а потоа загубила од Аргентина со вкупен резултат 2–1. Четири години подоцна, кенгурите ниту овој пат не успеале да се квалификуваат на Светското првенство 1998, каде сега во баражот биле поразени од Иран. Иако двата натпревари завршиле со нерешен резултат 1–1 и 2–2 Иран се квалификувал за Светското првенство поради правилото за повеќе постигнати голови во гости. Во квалификациите за Светското првенство 2002 во интерконтиненталниот бараж Австралија играла против Уругвај. Иако во првиот натпревар Австралија победила со резултат 1–0 во вториот натпревар Уругвај остварил убедлива победа со резултат 3–0 и се пласирал на Светско првенство. Четири години подоцна исти двобој Уругвај и Австралија повторно се сретнале во баражот. Овој пат Австралија била поуспешна по изведување на пенали во реваншот на домашен терен. Во двата натпревари домаќините оствариле идентични победи со резултат 1–0. За разлика од Австралија, за Хондурас ова бил прв интерконтинентален бараж.[2]

Натпревари

уреди

Прв натпревар

уреди
10 ноември 2017 (2017-11-10)
16:00 UTC−6
Хондурас   0–0   Австралија Стадион Олимпико Метрополитано, Сан Педро Сула
Гледачи: 38,000
Судија: Даниеле Орсато (  Италија)
Извештај
 
 
 
 
 
 
 
Хондурас
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Австралија
GK 22 Донис Ескобер
RB 21 Брајан Бекелес   19'
CB 23 Џони Паласиос   37'
CB   3 Хенри Фигероа
LB   7 Емилио Исагире  
RM 20 Хорхе Кларос   78'
CM   8 Алфредо Мехија
CM 16 Луис Алфредо Лопес   66'
LM 12 Ромел Киото
CF   9 Антони Лосано   73'
CF 11 Карлос Ланса   60'
Замени:
MF 17 Михаел Киринос   60'
MF 10 Марио Мартинес   90+3'   66'
FW 13 Карло Костли   73'
Селектор:
  Хорхе Луис Пинто
 
GK   1 Метју Рајан
CB   6 Метју Џрман   47'
CB 20 Трент Сеинсбри   48'
CB   8 Бејли Рајт
RM   7 Џош Рисдон   39'   84'
CM 15 Миле Јединак  
CM 21 Масимо Луонго   87'
LM 16 Азиз Бехич
RF 22 Џексон Ирвајн   74'
CF   9 Томи Јуриќ   89'
LF 13 Арон Мој
Substitutions:
MF 23 Том Рогиќ   74'
DF   2 Милош Дегенек   84'
FW 17 Никита Рукавиција   89'
Селектор:
Анге Постекоглу

Помошни судии:
  Лоренцо Мангели
  Рикардо ди Фјоре
Четврти судија:
  Паоло Талјавенто

Втор натпревар

уреди
15 ноември 2017 (2017-11-15)
20:00 UTC+11
Австралија   3–1   Хондурас Стадион Австралија, Сиднеј
Гледачи: 77,060
Судија: Нестор Питана (  Аргентина)
Јединак   54'72' (пен..)85' (пен..) Извештај М. Фигероа   90+3'
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Австралија
 
 
 
 
 
 
 
Хондурас
GK   1 Метју Рајан
CB   8 Бејли Рајт
CB 20 Трент Сеинсбри   88'
CB   6 Метју Џрман   2'
DM 15 Миле Јединак  
CM   5 Марк Милиган   89'
CM 13 Арон Мој   45+2'
AM 23 Том Рогиќ   77'
RW   7 Метју Лики   81'
LW 16 Азиз Бехич
CF   4 Тим Кејхил   66'
Substitutions:
FW   9 Томи Јуриќ   66'
FW 10 Роби Крузе   77'
MF 14 Џејмс Троиси   89'
Селектор:
Анге Постекоглу
 
GK 22 Донис Ескобер
RWB 21 Брајан Бекелес
CB 23 Џони Паласиос   84'
CB   3 Мајнор Фигероа     19'
CB   5 Евер Алварадо
LWB   7 Емилио Исагире   42'
CM 20 Хорхе Кларос   57'
CM   6 Брајан Акоста
RW 17 Алберт Елис
LW 12 Ромел Киото   75'
CF   9 Антони Лосано
Замени:
DF   4 Хенри Фигероа   42'   73'
MF 10 Марио Мартинес   73'
FW 11 Еди Ернандес   75'
Селектор:
  Хорхе Луис Пиното

Помошни судии:
  Ернан Мајдана
  Хуан Пабло Белати
Четврти судија:
  Патрисио Лоустау

Наводи

уреди
  1. „Dates set for Socceroos-Honduras World Cup qualifier“ (англиски). SBS the World Game. 15 октомври 2017. Посетено на 19 декември 2017.
  2. „Preliminary Draw procedures outlined“ (англиски). FIFA.com. 9 јули 2015. Архивирано од изворникот на 2015-07-12. Посетено на 20 декември 2017.

Надворешни врски

уреди