Ју или Ю (кирилица: ; глаголица: ) — буква од кириличната азбука и ги претставува звучните вредности /ju/ или /u/ кога е палателизирано. Покрај денешниот изглед на буквата, во раните ракописи напишани на кирилица, буквата се појавува и како OI. Тоа најверојатно било така затоа што буквата е можеби создадена од комбинација на грчките букви омикрон и јота. Со користењето на буквите Ѥ,ІА, Ѩ и Ѭ дошло и до смена на буквата ју од старата форма OI во денешниот изглед Ю. Буквата денес се користи во рускиот, бугарскиот, украинскиот и белорускиот јазик. Исто така се користи и во несловенски кирилични азбуки.