Портал:Струмица
Македонија · Уметност · Биографија · Географија · Историја · Јазик · Математика · Филозофија · Наука · Општество · Технологија
СТРУМИЦА
Струмица е град во Република Македонија која се наоѓаат на 41 22 северна географска широчина и 22° 35’ и 23° 45’ источна географска должина, го зафаќа крајниот југоисточен дел од Република Македонија веднаш под тромеѓето на меѓудржавните граници со Грција од југ и со Бугарија од исток. Со своите 35 311 жители е еден од поголемите градови во државата и претставува најголем културен, трговски и политички центар во овој регион.
Избрана статија
Црквата “Св.петнаесет тивериополски маченици“ е христијански храм кој се наоѓа во Струмица. Преданието за Св. Петнаесетте Тивериополски Маченици се одржал до дененс. Првото нивно спомнување се наоѓа во Охридското глаголско евангелие од крајот на 10 век и почетокот на 11 век. Во месецословот што е додаток на евангелието се одбележува поменот на Струмичките маченици. Од Базиликата е зачуван дел од апсидата на источната страна, северниот периметрален ѕид и основата на северниот стилобат. Подоцна над базиликата е изградена крстовидна црква. Изградбата на крстовидниот храм мартириум врз разурнатиот базиликален објект постои можност да бил изведен во текот на V век, или посигурно во VI век, во времето на Јустинијан, кога се обновени и ремоделирани многу запуштени храмови во Македонија.
Дали сте знаеле...
- Свети Петнаесетте тивериополски маченичи се заштитници на градот Струмица, и нивниот ден 11 декември се прославува секоја година во Струмица.
- Најдобриот фудбалер на Република Македонија, Горан Пандев по потекло е од Струмица.
- Во Втората балканска војна (1913 година), Струмица со мировниот договор од Букурешт останала под власт на Бугарија сè до 1919 година, кога со мировниот договор од Версај, со кој е завршена Првата светска војна, влегла во составот на Кралството СХС ( од 1929 година Кралство Југославија).
- Домат на струмички дијалект се вика френка.
- Во Струмица секоја година, 40 денови пред Велигден, се одржува традиционалниот Струмички карневал.
Избрана слика
Избрана биографија
Борис Трајковски (Струмица, 25 јуни 1956 година - Мостар, 26 февруари 2004 година) беше македонски политичар, втор претседател на Република Македонија, во периодот од 15 декември 1999 година до 26 февруари 2004 година, кога почина во трагична смрт во авионска несреќа. Борис Трајковски дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1980 година, специјализирал деловно право и право на работни односи. До 1997 година е раководител на правната служба на градежното претпријатие „Слобода“ од Скопје, од 1997 до 1998 година е шеф на Кабинетот на градоначалникот на Општина Кисела Вода – Скопје, а од 21 декември 1998 година е заменик министер за надворешни работи на Република Македонија во десно-центристичката влада предводена од Љубчо Георгиевски. Траjковски исто така беше претседател на Комисијата за надворешно - политички односи на ВМРО-ДПМНЕ, главен политички советник за надворешна политика на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, член на Претседателството на невладината организација Паневропско движење за Република Македонија, член на меѓународната конференција: "Решавање на конфликти" со седиште во Атланта, САД, учествувал на многубројни меѓународни конференции со тема решавање на конфликти, религиозна толеранција, религиозна слобода, бил претседател на младината на Обединетата методистичка црква во поранешна Југославија повеќе од 12 години.
Категории
Струмица |
---|