Споменик Македонија (Струмица)
Споменикот Македонија — споменик кој се наоѓа во Градскиот парк во Струмица. Споменикот бил изграден во чест на загинатиот Претседател на Република Македонија, Борис Трајковски, кој по потекло е од Струмица.
Споменик Македонија | |
---|---|
Поглед кон споменикот „Македонија“ | |
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 526: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Македонија Струмица" does not exist | |
Општи податоци | |
Град | Струмица |
Земја | Република Македонија |
Координати | 41°26′35.6″N 22°38′15.4″E / 41.443222° СГШ; 22.637611° ИГД |
Почната | 2005 |
Технички податоци | |
Големина | 5,8 м |
Проектирање и изградба | |
Архитект | Григориј Потоцки |
Автор на скулптурата „Македонија“ е рускиот вајар Григориј Потоцки. Истата била изработена во рамките на „Меѓународната струмичка ликовна колонија - 2005“.[1]
Споменикот се состои од ликот на Борис Трајковски и жена која држи крст со венец. Ова уметничко дело според авторот Поточкииј ја симболизира љубовта на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски кон својата татковина и христијанството.
Споменикот бил откриен од страна на Претседателот на Собранието на Република Македонија, Љупчо Јордановски и Градоначалникот на Општина Струмица Зоран Заев, на 11 декември 2005 година по повод Денот на заштитниците на Струмица Св. Петнаесет Тивериополски свештеномаченици.
На мермерната плоча на споменикот е испишана познатата изрека на претседателот Б.Трајковски:
“Сите заедно споделуваме една единствена судбина наречена Македонија...”
Галерија
уредиНаводи
уреди„Споменик Македонија (Струмица)“ на Ризницата ? |