Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј во Струмица

музеј во Струмица, Македонија

Завод за заштита на спомениците на култура и музеј е основан како покраински музеј во 1952 година. Првата изложба била организирана на 1 мај 1955 година и содржала материјали од историја, етнологија и археологија[1].

Музејот во Струмица
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 526: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Македонија Струмица" does not exist
Општи податоци
ГрадСтрумица
ЗемјаРепублика Македонија
Координати41°26′7.4″N 22°38′12.2″E / 41.435389° СГШ; 22.636722° ИГД / 41.435389; 22.636722
Завршена1952

Во рамките на своите истражувања заводот вршел археолошки ископувања на црквите во Водоча, Вељуса, „Свети Петнаесет тивериополски маченици”, „Свети 40 севастиски маченици” - Банско, Орта џамија, Цареви кули, Римската терма во Банско, „Мачук“ и „Црвено Поле“, „Страната” кај Ангелци и многу други објекти[2].

НУ Завод и Музеј има објавено повеќе книги, каталози, брошури и водичи: „Зборник на трудови“ (1989), „Галерија на Икони“ – каталог на изложбата (2000), „Христијанството во културата и уметноста на Струмичката епархија“ (2002), „Духовните традиции на Тивериопол“ (2003), „Струмица културно - историско наследство“ (2005), „Зборник на трудови“. Установата располага и со изложбен простор, спомен - куќата на Благој Јанков – Мучето, Старата турска пошта и Галеријата на икони[3].

Од 1 јануари 2005 година установата прераснaла во регионален конзерваторски центар надлежен за Струмица, Дојран, Валандово, Богданци, Гевгелија и нивните околини. Објектот каде се наоѓа музејот е вклучен во Списокот на Културно наследство на Македонија.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди