РК Струмица
РК Струмица — поранешен македонски ракометен клуб со седиште во Струмица.
РК Макс Струмица | |
---|---|
Целосен назив | Ракометен клуб Струмица |
Основан | 1954 |
Распуштен | 23 август 2016 |
Игралиште | Спортска сала Парк, Струмица |
Приемност | 2,300 |
Главен тренер | Ванчо Трендафилов (последен) |
2015–16 (ВИП Супер Лига) (последна) | 3ти |
Бои | |
Клупски бои | |
Дресови |
Историјат
уредиРК Струмица бил формиран во 1954 година и на почетокот бил дел од Спортското друштво „Партизан“ од Струмица. Најголем удел во развојот на ракометниот спорт од тоа време имал Марко Божинов, познат стопанственик и јавна личност. До 1976 година клубот постигнувал променливи резултати, играјќи во сите лиги и купови на Македонија. На средината од 1970-тите се случил пресврт и РК „Струмица“ бил постојан член на Втората лига, за во 1991 година да се пласира во Првата македонска лига, каде играл до 1993 година, кога повторно се вратил во понизок ранг.
Во многуте импулсивни години на подеми и падови во овој период, траен белег во клубот оставиле многу ракометари но и членови на управата: Благој Пакетов, Петар Василев, Петар Морарцалиев, Звонко Китанов, Мите Гарванлиев, Методи Гарванлиев, Ристо Василев, Кирил Бјадов, Петар Кечев, Ванчо Трендафилов, Наско Митров, Трајче Проданов, Панче Иванов и Томе Дрвошанов Петар Секулов Атанас Секулов
Настапи во Првата македонска лига
уредиНа почетокот на новиот милениум клубот го добил новиот спонзор „Супера“ и набргу струмичките ракометари повторно влегле во Првата македонска лига. Амбициите на клубот станале уште поголеми со учеството во полуфиналето од Купот на Македонија, каде, само со еден гол разлика, загубил од РК Пелистер од Битола. Веќе во следната, 2002 година, РК „Зомимак-М“ се пласирал во елитната ВИП Супер Лига на Македонија. Ова било времето на најголемите ракометни достигнувања, кога во градот владеела вистинска ракометна еуфорија. Меѓутоа, поради недоразбирања, спонзорот го напуштил клубот, па во 2003 година клубот повторно се спуштил во пониските ракометни кругови. Така, до 2011 година, клубот имал постојани активности на ниво на преживување, главно заради иницијативноста на спонзорот „Зоми Мак М“, кој не дозволил клубот да згасне со работа.
Оваа генерација оставила големи траги во струмичкиот ракомет, а како позначајни ракометари биле: Мите Пандев, Димитар Пандев, Пепи Пецанов, Жан Јанев, Ратко Маќенаџиев, Павле Велков, Владо Андовски, Ванчо Трендафилов (тренер и играч) Зоран Маќенаџиев, Ване Василев, Младен Лазаров, Мите Димитриев, Мики Танев, Никола Илиев, Новица Лапевски, Сашко Брндевски, Марјан Андонов, Тони Василев, Горан Филиповиќ, Дејан Ефтимов, Ристо Лазаров, Аата Тутенковски и Александар Котевски.
По експресното влегување во машката ракометна „ВИП Супер Лига“, РК „Зомимак М“ успеал да ги изненади сите и во првата година од влегувањето во најсилната конкуренција успеал да го освои првото место и со самото тоа обезбедил учество во плеј-оф натпреварувањето, каде завршил како третопласиран. Паралелно со успесите во лигата, „рисовите“ со голем успех се натпреварувале и во Купот на Македонија. Тие успеале да се пласират во финалето на завршниот турнир и во Струмица да го донесат сребрениот пехар. По завршувањето на одличното трето место во „ВИП Супер лигата“, екипата на РК „Зомимак“, за првпат во својата историја, зела учество во едно европско натпреварување, Купот на ЕХФ.
Во август 2015 година, клубот во сменил своето име во Макс Струмица, откако компанијата „Макс” станала генерален спонзор.[1][2]
Во август 2016 година, клубот поради финансиски причини се распаднал и го откажал своето учество во Супер лигата.[3][4][5]
Меѓународни настапи
уредиЗа сезоната 2015/2016, „Зомимак М“ за првпат обезбедил учество во лигата „СЕХА“.[6][7] Притоа, на првиот натпревар во Лигата „СЕХА“, одигран на домашен терен, РК „Макс Струмица“ одиграл нерешено екипата на РК „Војводина“, со резултат 25-25. Најефикасни во екипата на „Макс Струмица“ биле Маиќ и Чантурија, кои постигнале по девет и осум голови, соодветно.[8] Подоцна, во шестиот натпревар, одигран на домашен терен, РК „Макс Струмица“ одиграл нерешено 30-30 со „Борац“ од Бања Лука, што било второ реми во „СЕХА“ по претрпените четири порази. Во струмичката екипа, најефикасен бил Реваз Чантурија, со постигнати 13 голови.[9]
Состав
уреди
Наводиуреди
Надворешни врскиуреди
|