Турија (езеро)

вештачко езеро во Струмичко
За други значења поимот „Турија“ видете на појаснителната страница

Турија — вештачка акумулација изградена во 1972 година на истоимената река Турија во Струмичката Котлина.[1] Се наоѓа на 16 км северно од Струмица.[2] Браната е земјено-насипна, со глинено јадро преку кое е нафрлан чакал и камен. Круната е долга 417,3 м, широка 8 м, и висока над теренот 78 м. Должината на заезерениот дел изнесува 4,5 км, широчината 500 м, а зафаќа површина од 0,16 км2. Вкупната зафатнина на акумулациониот базен изнесува 48.000.000 м3, од која 3.000.000 м3 е мртов простор. Се користи за наводнување на 10.000 ха обработливи земјоделски површини во Струмичкото Поле.[3]

Турија
Карта
Координати41°34′13″N 22°39′47″E / 41.57028° СГШ; 22.66306° ИГД / 41.57028; 22.66306
Видвештачко
Сливни земјиМакедонија
Најг. должина4,5 км км
Најг. ширина500 м км
Површина{{Пб/Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „к“
 |1=Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „к“
}}
0,16 км2 км2
Зафатнина48.000.000 м3 км3

Наводи

уреди
  1. Подрачје на речниот слив на река Струмица. План за управување со речниот слив 2016-2027. Нацрт финален извештај. Ноември, 2016. стр. 22.
  2. Никодиновски, Борис (2000). Основи на воена географија на Република Македонија. Нико Компјутери.
  3. Александар Стојмилов, Физичка географија на Република Македонија, ПМФ, Скопје, 2002