Споменик на Револуцијата (Струмица)
Споменик на Револуцијата — меморијален споменик кој се наоѓа на влезот од Градскиот парк во Струмица и е посветен на паднатите борци во НОВ во Струмица.
Споменик на Револуцијата | |
---|---|
Споменикот на Револуцијата во Градскиот Парк во Струмица | |
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 526: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Македонија Струмица" does not exist | |
Општи податоци | |
Град | Струмица |
Земја | Република Македонија |
Координати | 41°26′31.8″N 22°38′18.3″E / 41.442167° СГШ; 22.638417° ИГД |
Завршена | 1963 |
Сопственик | Општина Струмица |
Проектирање и изградба | |
Архитект | Илија Аџиевски |
Споменикот е дело е на академскиот ликовен уметник Илија Аџиевски[1].Споменикот се состои од два елементи: од вертикално поставен мермерен столб, на кој е изведена релјефна композиција од машка, женска и детска фигура - претстава на учесници во НОВ. Вториот дел се состои од две човечки фигури, изработени од алуминиум. Двата елементи лежат врз правоаголна мермерна платформа, во дијагонална поставеност еден спрема друг врз рамна површина. И двете фигури се во згрчена положба што претставува борци по стрелањето како паѓаат, но постојат и толкувања дека тоа е стриповско претставување во две слики на еден борец во пад.Решението на споменикот е спроведено во две концепциски спротивставени пластични обработки. Тоа се гледа во користениот материјал, во стилско-ликовната оформеност на секој од деловите.
Врз вертикалниот столб од бел мермер е врежана композиција составена од три поставена една над друга поставени претстави: машка, детска и женска, веројатно да се сугерира широчината на народното учество во борбата. Релјефите се решени преку плиток цртеж, со згорнична, крајно шематска и декоративно стилизирана обработка. Ритамот е искршен, спроведен со остроагли и сечени линии. Вториот дел се состои од две човечки фигури што би требало да ја симболизираат смртта за татковината, а се изработени од алуминиум. Едната од фигурите е во свисната положба а другата е предадена во изнасилена, патетична, неубедлибо деформирана става на „прекршено“ тело.
Наводи
уреди„Споменик на Револуцијата (Струмица)“ на Ризницата ? |