Риен
Риен (германски: Rühen) — општина во округот Гифхорн, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
Риен | |
Лутеранската црква во Риен | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Гифхорн |
Општ. заед. | Броме |
Месни единици | 3 |
Градоначалник | Карл Урбан (ДХС) |
Основни податоци | |
Површина | 30,89 км2 |
Надм. височина | 65 м |
Население | 6.071 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 197 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | GF |
Пошт. бр. | 38471 |
Повик. бр. | 05367 |
Местоположба на Риен во рамките на округот Гифхорн | |
Координати | 52°29′0″N 10°52′0″E / 52.48333° СГШ; 10.86667° ИГД |
Географија
уредиМестоположба
уредиОпштината Риен се наоѓа помеѓу природните паркови Зидхајде и Дремлинг. Средногерманскиот Канал тече низ источниот дел на општината. Еден дел на општинската граница служи како покраинска граница помеѓу Долна Саксонија и Саксонија-Анхалт.
Општински единици
уредиОпштината Риен е поделена на следниве места:[2]
- Риен (3.710 жит.)
- Брехторф (1.118 жит.)
- Ајшот (793 жит.)
Соседни општини
уредиОпштината се граничи со следниве градови и општини:
Историја
уредиПомеѓу 1945 и 1990 година, Риен служел како западногермански граничен премин на внатрегерманската граница за речната пловидба на Средногерманскиот Канал. Преминот бил отворен за товарни пловила помеѓу советската окупациска зона во Германија (до 1949 година, потоа со Германската Демократска Република) или Западен Берлин и британската окупациска зона (до 1949 г.) и потоа Западна Германија. Сообраќајот бил предмет на одредбите од меѓузонскиот сообраќај.
Наводи
уреди- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
- ↑ Состојба 30 јуни 2018 г.
Надворешни врски
уредиОваа статија за место во Долна Саксонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |