Ориент
Ориент ― поим за исток во однос на Европа, традиционално опфаќа сè што припаѓа на Источниот свет. Тоа е антоним на поимот Оксидент, кој се однесува на Западниот свет. На англиски, тој е во голема мера метоним за и истовремен со континентот Азија - слабо класифициран во Југозападна Азија, Југоисточна Азија, Јужна Азија, Средна Азија, Источна Азија, а понекогаш и со Кавказ. Првично, поимот Ориент бил користен за означување само на Блискиот Исток, но подоцна неговото значење еволуирало и било проширено, означувајќи ја и Средна Азија, Југозападна Азија, Јужна Азија, Југоисточна Азија или Далечниот Исток.
Поимот „ориентален“ често е користен за опишување на предмети (или, архаично, луѓе) од Ориентот.[1]
Етимологија
уредиПоимот „Ориент“ потекнува од латинскиот збор oriens, што значи „исток“ (букв. „изгревање“ < orior „изгрев“). Употребата на зборот за „изгревање“ за да се однесува на исток (каде што изгрева сонцето) има поврзаности во многу јазици: споредете ги поимите „аревелк“ на ерменски: Արեւելք (на ерменски аревелк значи „исток“ или „изгрејсонце“), „Левант“ (на француски levant значи „изгрева“), „восток“ на руски (восход на руски значи изгрејсонце), „Анадолија“ (грчки: анатоле), „мизрахи“ на хебрејски („зриха“ што значи изгрејсонце), „шарк“ (شرق) на арапски (на арапски јашрик (يشرق) значи изгрев; шурук (شروق) значи изгревање), „шигис“ (шығыс) на казашки (шигу (шығу) значи „да излезе“), доу (doğu) на турски (домак (doğmak) значи „да се роди“/„да излезе“, хавар (خاور ) на персиски значи исток, донг (東) на кинески е пиктограм на сонцето што изгрева зад дрво[2]) и „Земјата на изгрејсонцето“ за да се однесува на Јапонија. На арапски, зборот машрек буквално значи „изгрејсонце“, „исток“, името потекнува од глаголот шарака (арап. شرق, „да свети, осветлува, зрачи“ и „да изгрее“), од коренот ш-рк (ش-ر-ق), што се однесува на исток, каде што изгрева сонцето.[3][4] Историски гледано, регионот Машрек бил јужниот дел на Римската Империја за време на средниот век.
Многу антички храмови, вклучувајќи ги паганските храмови и еврејскиот Храм во Ерусалим, биле изградени со нивните главни влезови свртени кон Исток. Оваа традиција се спроведувала во христијанските цркви.
Спротивниот поим „Оксидент“ потекнува од латинскиот збор occidens (окиденс), што значи запад (буквално: заоѓање < occido пад/залез). Овој поим значел запад (каде што заоѓа Сонцето), но паднал вон употреба во англиски јазик, и во другите јазицим во корист на „ Западниот свет“.
Историја на поимот
уредиТериторијализацијата на римскиот поим „Ориент“ се случила за време на владеењето на императорот Диоклецијан (284–305), кога била створена Диезецата на Ориентот (латински: Dioecesis Orientis). Подоцна во 4 век, била створена и преториската префектура на Ориентот (латински: Praefectura Praetorio Orientis), вклучувајќи го и поголемиот дел од Римското Царство, од Тракија кон исток; нејзиниот најисточен дел беше првобитната Диецеза на Ориентот, што одговара приближно на регионот Сирија.
Со текот на времето, заедничкото разбирање на „Ориентот“ постојано било менувано кон исток, бидејќи Европјаните патувале се повнатре во Азија. Конечно стигнале до Тихиот Океан, во она што западњаците го нарекле „Далечниот Исток“. Овие промени во времето и идентификацијата понекогаш го збунуваат опсегот (историски и географски) на ориенталните студии. Сепак, остануваат контексти каде што „ориентот“ и „ориентален“ ги задржале своите постари значења (на пример, „ориенталните зачини“ обично се од регионите што се протегаат од Блискиот Исток до потконтинентална Индија до Индо-Кина). Патниците може повторно да одат со возот Ориент-експрес од Париз до неговиот крај во европскиот дел на Константинопол, рута воспоставена на почетокот на 20 век.
Во европската историографија, значењето на „Ориентот“ бил менуван во опсегот неколку пати. Првично, поимот се однесувал на Египет, Левант и соседните области[5] западно до Мароко. Во текот на 1800-тите, Индија, а во помала мера и Кина, почнале да го поместуваат Левантот како првостепен предмет на ориенталистичкото истражување, додека поимот се појавува и во делата од средината на векот за да опише изглед или воочена сличност со „ориенталната“ власт или култура., како на пример во романот на Толстој „Војна и мир“ од 1869 година, во кој Наполеон, откако ја видел „ориенталната убавина“ на Москва, ја нарекува „Тој азиски град на безбројните цркви, света Москва!“,[6] додека во 1843 година, историчарот Вилијам Прескот од Соединетите Држави, ја користел фразата „варварска помпа, навистина ориентална“ за да го опише дворскиот живот на благородништвото на Ацтеките во неговите спомнувања за историјата на освојувањето на Ацтечката Империја.[7] Уште во 1957 година , Карл Витфогел ги вклучил римската и инкската држава во неговата студија за она што тој го нарекол ориентален деспотизам, демонстрирајќи дека поимот сè уште носи значење во западната мисла што ја надминува географијата. До средината на 20 век, западните изучувачи воглавно го сметаке „Ориентот“ само за Источна Азија, Југоисточна Азија и источна Средна Азија.[5] Неодамна, на почетокот на 20 век, поимот „Ориент“ често продолжи да биде користен на начини што ја вклучувало и Северна Африка. Денес, поимот првенствено повикува слики на НР Кина, Кореја, Јапонија, Виетнам, Монголија и полуостровска Југоисточна Азија.[5] „Ориентот“ во голема мера е културолошки поим, големи делови од Азија - најзначајно Сибир - биле исклучени од научниот поим за „Ориентот“.[5]
Подеднакво валидни поими за Ориент сè уште постојат во англискиот јазик во колокации како што се ориенталните студии (сега азиски студии во некои земји).
Придавскиот поим „ориентален“ бил користен од Западот за да означува култури, народи, земји, азиски килими и стоки од Ориентот. „Ориентален“ значи воглавно „источен“. Тоа е традиционална ознака (особено кога се пишува со голема буква) за сè што припаѓа на Ориентот или „Исток“ (за Азија), а особено на неговата источна култура. Го означувал источниот правец во историската астрономија, честопати скратено „ори“.[8] Во современиот соединетодржавски англиски, „ориентално“ обично се однесува на нештата од деловите на Источна Азија традиционално опфатени од источноазијци и повеќето средноазијци и југоисточни азијци расно категоризирани како „монголоидни“. Ова ги исклучува Евреите, Индијците, Арапите и повеќето други јужноазиски народи. Поради историската дискриминација на Кинезите, Корејците и Јапонците, во некои делови на Соединетите Држави, некои луѓе го сметаат поимот навредлив. На пример, државата Вашингтон го забранува зборот „ориентален“ во законодавството и владините документи и наместо тоа го претпочита зборот „азиски“.[9]
Во повеќе месни употреби, „ориентално“ е користено и за источните делови на земјите како што е регионот Ориент/Исток во Мароко. „Ориентален“ може да биде користен и како синоним за „источен“, особено во романските јазици. Примерите ги вклучуваат „ориенталните“ и „оксиденталните“ покраини Миндоро и Негрос на Филипините и францускиот департман Ориентални (Источни) Пиринеи.
Од 19 век, „ориенталист“ е традиционалниот поим за изучувач за ориенталистика; сепак, употребата во англискиот јазик на зборот „ориентализам“ за опишување на академски „ориентални студии“ е ретка: Оксфордскиот англиски речник наведува само една таква употреба, од Лорд Бајрон во 1812 година. „Ориентализмот“ е пошироко користен за да се однесува на делата на многу уметници од 19 век кои се специјализирале за „ориентални“ теми и честопати црпеле на нивните патувања во Северна Африка и Западна Азија. Уметниците, како и изучувачите, веќе биле опишувани како „ориенталисти“ во 19 век. Во 1978 година, палестинско-соединетодржавскиот научник Едвард Саид ја објавил својата влијателна и контроверзна книга „Ориентализам“ и го употребил поимот за да ја опише распространетата западна традиција, и академска и уметничка, на предрасудно надворешни толкувања на арапскиот и муслиманскиот свет, која е обликувана од ставовите на европскиот империјализам во 18 и 19 век.[10]
Тековна употреба
уредиБритански англиски
уредиНа британскиот англиски, поимот „ориентален“ (Oriental) понекогаш сè уште е користен за да се однесува на луѓе од Источна и Југоисточна Азија (како што се оние од НР Кина, Јапонија, Кореја, Република Кина, Индонезија, Малезија, Филипини, Мјанмар, Сингапур, Тајланд, Виетнам, Камбоџа, Монголија, Брунеј и Лаос).[11]
Зборот „Азиец“ (Asian) во Обединетото Кралство, понекогаш се однесува на луѓе кои доаѓаат конкретно од Јужна Азија (особено Пакистан, Индија, Бангладеш, Шри Ланка, Непал, Малдиви, Иран и Авганистан), бидејќи британските Азијци како целина сочинуваат приближно 9,3% од населението во Обединетото Кралство и луѓето со етнички јужноазиско потекло ја сочинуваат најголемата група во оваа категорија.[12] „Ориенталци“ (Orientals) се однесува исклучиво на луѓе со потекло од Источна и Југоисточна Азија, кои сочинуваат приближно 0,7% од населението во Кралството како целина. Од нив, мнозинството се со кинеско потекло.[13] Ориент е исто така збор за сјајот на финиот бисер.[14] Хонгконг, поранешна британска колонија, е наречен „Бисерот на Ориентот“ заедно со Шангај. Во Обединетото Кралство, и поголемиот дел од Комонвелтот, тој не се смета за погрден поим, при што многу луѓе од Источна Азија избираат сами да го користат - особено во имињата на источноазиските бизниси, како што се ресторани и продавници.
Луѓето во Обединетото Кралство од Југозападна Азија, Мала Азија и Блискиот Исток често се нарекувани со колонијалскиот поим Блискоисточен (Middle Eastern) или Азиец (Asian). Тоа може да се однесува на арапогласни, Курди, Турци, Асирци, Ерменци од Западна Азија, Езиди, Египќани (вклучувајќи ги Коптите), сириски Арамејци, Мандејци, Шабаки и Турвомани, меѓу другите.
Соединетодржавски англиски
уредиПоимот „ориентален/но“ (Oriental) може да звучи застарено, па дури и да биде сфатен како пејоративен од некои, особено кога е користен како именка.[15] Џон Куо Веј Чен, директор на Програмата и Институтот за азиски/тихоокеански/соединетодржавскистудии на Универзитетот во Њујорк, рекол дека основната критика на поимот започнала во Соединетите Држави за време на културолошката промена во 1970-тите. Тој рекол: „Со антивоеното движење во САД во 60-тите и раните 70-ти, многу Азиски Американци го идентификуваа поимот „ориентален“ со западната постапка на расизирање на Азијците како вечно спротивен на „другите““,[16] со тоа што разлика помеѓу „западното“ и „источното“ потекло на предците.
Ова е особено релевантно кога се однесуваат на земји и народи кои не се поврзани со историскиот „Ориент“: надвор од поранешната Римска Империја и Сасанидска Империја, вклучително и поранешната Диецеза на Ориентот, како и други земји кои споделуваат културни наследства со ориенталните православни цркви и ориентално католичките цркви. Спротивно на тоа, регионите на Азија понапред на исток, надвор од културното владеење на аврамските религии, не ги делат истите историски поврзаности, отстапувајќи место за поимот „ориентален“ да има различни конотации.
Во 2016 година, претседателот Обама го потпишал правниот акт Д.П. (Домот на претставниците; H.R.) 4238 на њујоршкиот конгресмен Грејс Менг со кој е заменет зборот со „азиски Американец“ во сојузниот закон.[17][18]
НР Кина
уредиКинескиот збор 东方 (донг фанг) е преведуван како „ориентално/ен“ во службените англиски имиња на неколкуте ентитети, на пример: Ориентален ликовен центар, Ориентална филмска метропола. Во други случаи, истиот збор и повеќе буквално преведуван како „источно/ен“, на пример China Eastern Airlines) (во превод: Кинески источни авиолинии).
Уругвај
уредиСлужбеното име на Уругвај е Ориентална Република Уругвај, придавката „Ориентална“ се однесува на географската местоположба на земјата, источно од реката Уругвај .
Поимот „ориенталец“ (Oriental) е користен и како демоним за во Уругвај, обично со формална или свечена конотација. Зборот исто така има длабоко историско значење како резултат на неговата долготрајна употреба во регионот, бидејќи од 18 век се користел во однос на жителите на Банда Ориентал, историското име на териториите што сега ја сочинуваат современата нација Уругвај.
Германски
уредиНа германски, „Ориент“ обично е користен како синоним за областа помеѓу Блискиот Исток и Источна Азија, вклучувајќи ги Израел, арапскиот свет и Голема Персија.[се бара извор]
Поимот Азијци (германски: Asiatien) значи азиски народ во општа смисла. Друг збор за Ориент на германски е Моргенланд (Morgenland; сега главно користен поетски), што буквално се преведува како „Утринска Земја“. Антонимот „Абендланд“ (Abenland; поретко: „Окцидент“, Okzident) исто така е главно поетски, а се однесува на (Западна) Европа.[се бара извор]
Поврзано
уреди- Ориентализирачки период на архаична грчка уметност
Наводи
уреди- ↑ „Definition of ORIENTAL“. www.merriam-webster.com (англиски). Посетено на 26 октомври 2023.
- ↑ Harbaugh, Rick (1998). „東“. Chinese Characters: A Genealogy and Dictionary. Han Lu Book & Pub. Co. стр. 227. ISBN 0-9660750-0-5. Посетено на 26 октомври 2023.
- ↑ Alvarez, Lourdes María (2009). Abu Al-Ḥasan Al-Shushtarī. Paulist Press. стр. 157. ISBN 978-0-8091-0582-3.
- ↑ Peek, Philip M.; Yankah, Kwesi (12 декември 2003). African Folklore: An Encyclopedia. Routledge. стр. 442. ISBN 978-1-135-94873-3.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 Lewis, Martin W.; Wigen, Kären (1997). The myth of continents: a critique of metageography. University ù Africa. ISBN 9780520207431. Посетено на 26 октомври 2023.
- ↑ Tolstoy, Leo (1957). War and Peace. Harmondsworth: Penguin. стр. 1034.
- ↑ Prescott, William. History of the Conquest of Mexico. New York: Random House Modern Library. стр. 21.
- ↑ Hooke, Robert. 1666. Drawing of Saturn in Philosophical Transactions (Royal Society publication) Volume 1
- ↑ „Senate bill (pdf file)“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 5 март 2009. Посетено на 26 октомври 2023.
- ↑ Nosal, K R. American Criticism, New York Standard, New York. 2002
- ↑ „Oriental Countries“.
- ↑ „2021 Census: Ethnic group, England and Wales“. Office for National Statistics. 29 ноември 2022. Посетено на 26 октомври 2023.
- ↑ „2011 Census: KS201UK Ethnic group, local authorities in the United Kingdom, Accessed 19 April 2014“.
- ↑ orient: definition of orient in Oxford dictionary (British & World English). Oxforddictionaries.com. Посетено на 26 октомври 2023.
- ↑ „Definition of ORIENTAL“. www.merriam-webster.com.
- ↑ „Oriental: Rugs or People?“. nyu.edu. Архивирано од изворникот на 4 септември 2012. Посетено на 26 октомври 2023.
- ↑ Weaver, Dustin (20 мај 2016). „Obama signs measure striking 'oriental' and 'negro' from federal law“. The Hill. Посетено на 26 октомври 2023.
- ↑ "APAs in the News/News Bytes: Legislation to Remove 'Oriental' From Federal Law Passes Senate, Pacific Citizen, May 20 – 2 јуни 2016, стр. 4"
Дополнителна книжевност
уреди- [Анкерл, Гај] Coexisting Contemporary Civilizations: Arabo-Muslim, Bharati, Chinese, and Western (ИНУПРЕС), Женева, 2000 година. ISBN 2-88155-004-5
- Bitar, Amer (2020). Bedouin Visual Leadership in the Middle East: The Power of Aesthetics and Practical Implications. Springer Nature. ISBN 9783030573973.
Надворешни врски
уреди- Американското ориентално друштво Архивирано на 15 јуни 2015 г.
- Институт за проучување на античките култури, Западна Азија и Северна Африка, порано Ориентален институт на Универзитетот во Чикаго
- За објавувањето на азискиот и ориенталниот модел на малцинството од Алан Ху.
- Критичарот во Ориентот од Џорџ Хамлин Фич
- Германска ориентална порта
- Што е проблемот со кажувањето на Ориентот? од Кристофер Хил за „За Јапонија: ресурс за учител“