Пејоратив
Пејоратив[1][2] — збор или граматички облик што изразува негативна или непочитувана конотација, ниско мислење или недостаток на почит кон некого или нешто.[3] Исто така се користи за изразување критика, непријателство или игнорирање. Понекогаш, поимот се смета за пејоративен во некои општествени или етнички групи, но не и во други, или може да биде првично пејоративен, но подоцна прифаќа непејоративна смисла (или обратно) во некои или сите контексти.
Етимологија
уредиЗборот пејоратив потекнува од минатиот партицип во доцниот латински peiorare, што значи „да се влоши“, од peior „полошо“.[4]
Семантичка промена
уредиПонекогаш некој збор или поим првично може да се користи како пејоративен збор, а потоа да добие непејоративно значење и обратно. Во историската лингвистика, оваа појава е позната како пејорација и мелиорација, или семантичка промена.
Образување пејоративи во македонскиот јазик
уредиВо македонскиот јазик, пејоративите најчесто се образуваат со наставките: – е, -ле, – ло, – ко.[5] На пример:
- воле,
- ушле,
- забле,
- вошло,
- смрдло,
- плачко,
- влечко.
Наводи
уреди- ↑ „пејоратив“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „пејоратив“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „Pejorative | Define Pejorative at Dictionary.com“. Dictionary.reference.com. Посетено на 2012-04-25.
- ↑ „Pejorative (adj.)“. Online Etymology Dictionary. Посетено на October 16, 2016.
- ↑ „Стилска вредност на зборовите“. Македонски јазик. Посетено на 10 октомври 2021.
Дополнителна литература
уреди- Croom, Adam M. (2011). „Slurs“. Language Sciences. 33 (3): 343–358. doi:10.1016/j.langsci.2010.11.005.
- Croom, Adam M. (2014). „Remarks on 'The Semantics of Racial Slurs'“. Linguistic and Philosophical Investigations. 13 (1). стр. 11–32.
- Croom, Adam M. (January 2014). „The Semantics of Slurs: A Refutation of Pure Expressivism“. Language Sciences. 41, Part B. стр. 227–242. doi:10.1016/j.langsci.2013.07.003.
- Henderson, Anita (Spring 2003). „What's in a Slur?“. American Speech. 78 (1). Project MUSE. стр. 52–74.
Надворешни врски
уреди„Пејоратив“ на Ризницата ? Pejorative Language on Internet Encyclopedia of Philosophy