Пеце Јованов Ивановски ( 1925 во Маџари, Скопје1945 во Врпоље, Хрватска) ― македонски партизан и учесник во НОВ.[1]

Пеце Ивановски
Роден 1925 година
Маџари, Скопје
Починал 1945 година
Врпоље, Хрватска
застрелан во глава, во импровизирана воена болница, каде веќе лежел ранет од претходна битка.

Животопис

уреди

Се занимавал со земјоделство. На 20 ноември 1944 година стапил во 3 македонска ударна бригада. Бил борец во Вториот баталјон. Учествувал во сите битки што ги водела Бригадата против непријателот. Бил ранет во ногата кај Врпоље, Хрватска. Истурената болница во која бил и тој по отстапувањата на Бригадата паднал во рацете на непријателот и заедно со помладиот брат Веле, загинал од непријателска рака.

При откопувањето на гробот било констатирано дека непријателот дополнително го усмртил од близу, со куршум во челото. По ослободувањето, неговите посмртни останки како и коските на неговиот брат Веле Ивановски, биле пренесени и погребани во гробиштата кај Маџари.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 66. На |first= му недостасува |last= (help)