Божидар Ѓуриќ
Божидар Ѓуриќ (25 април 1925 во Маџари, Скопје — 1944 во Озрен, Босна и Херцеговина)— македонски партизан, учесник во НОВ.[1]
Божидар Ѓуриќ | ||
Роден | 25 април 1925 Маџари, Скопје, Македонија под окупација на Кралство Југославија | |
---|---|---|
Починал | 1944 година Озрен, Босна и Херцеговина |
Животопис
уредиНеговото семејство се доселило во Скопје пред војната, каде завршил седум класа гимназија. По окупацијата на Македонија, бугарските фашистички окупатори, заедно со другите доселеници, го протерале и неговото семејство во Србија. Па така се населил во Лесковац.
На Народнооолободителното движење му се приклучил во 1942 година како младинец. Во март 1942 година стапил во 1. Јужноморавска бригада, со која учествувал во сите борби што ги водела оваа бригада против окупаторските единици. Во составот на 1. Јужноморавска бригада за време на Шестата непријателска офанзива, во почетокот на 1944 година преминал во Босна и Херцеговина. Од обичен борец израснал во храбар политички комесар на младински баталјон. По доаѓањето на 1. Јужноморавска бригада во Босна, преминал во 2. Пролетерска бригада со која учествувал во сите борби на истата.
Во редовите на 2. Пролетерска бригада учествувал во крвавите борби против германски и други квинслиншки единици. Неговиот баталјон бил опколен од непријателот на планината Озрен во Босна. При пробивот на непријателскиот обрач тој загинал. Закопан бил со десетина соборци, на падините на Озрен планина.[1]