Веле Ивановски
Веле Јованов Ивановски ( 1925 во Маџари, Скопје ― 1945 во Врпоље, Хрватска) ― македонски партизан и учесник во НОВ.[1]
Веле Ивановски | ||
Роден | 1925 година Маџари, Скопје, Македонија под окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | април, 1945 година Врпоље, Хрватска |
Животопис
уредиСе занимавал со земјоделство. На 20 ноември 1944 година, по ослободувањето на Скопје, стапил во 3 македонска ударна бригада, заедно со постариот брат Пеце.
Како борец на минофрлачка чета станал мајстор во ракувањето со новото оружје, посебно со минофрлачи. По успешно завршената военополитичка обука, со Бригадата заминал на Сремскиот фронт. Во жестоката битка за ослободување на Врпоље, храбро загинал. По ослободувањето, неговите посмртни останки како и коските на неговиот брат Пеце Ивановски, биле пренесени и погребани во гробиштата кај Маџари.