Добре Томев Ивановски (20 април 1926 во Маџари, Скопје16 април 1945 во Врпоље, Хрватска) ― македонски партизан и учесник во НОВ.[1]

Добре Ивановски
Роден 20 април 1926 година
Маџари, Скопје, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал 16 април 1945 година
Врпоље, Хрватска

Животопис

уреди

Завршил четири класа вечерна гимназија. На 25 ноември 1944 година стапил во 3 македонска ударна бригада со која замина на Сремскиот фронт. Како борец на специјална автоматска чета, учествувал во непосредните борби, гради в гради. Храбро загинал на 16 април 1945 година, во крвавата битка за ослободување на Врпоље. Бил закопан на местото каде загинал. По завршувањето на војната неговите посмртни останки биле пренесени на гробиштата во Маџари.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 68. На |first= му недостасува |last= (help)