Голема Ливада

село во Гуменџиско, Егејска Македонија
(Пренасочено од Ливада (Ениџевардарско))

Голема Ливада или само Ливада (грчки: Λιβάδια, Ливадија или Μεγάλα Λιβάδια, Мегала Ливадија или Μεγάλο Λιβάδι, Мегало Ливади, влашки: Livădz, Livezi) — село во Гуменџиско, Егејска Македонија, денес во општината Пајонија на Кукушкиот округ, Грција. Традиционално е населено со Власи. Блиското село Мала Ливада, кое било во потесна врска со Голема Ливада денес е отпишано бидејќи не е обновено по Граѓанската војна.[2]

Голема Ливада
Πηγή
Куќа со буки во Голема Ливада
Куќа со буки во Голема Ливада
Голема Ливада is located in Грција
Голема Ливада
Голема Ливада
Местоположба во областа
Голема Ливада во рамките на Пајонија (општина)
Голема Ливада
Местоположба на Голема Ливада во Кукушкиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 41°0.21′N 22°17.31′E / 41.00350° СГШ; 22.28850° ИГД / 41.00350; 22.28850
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки
ОпштинаПајонија
Општ. единицаГолема Ливада
Надм. вис.&100000000000012000000001.200 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно404
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото се наоѓа на 27 км северозападно од градот Гуменџе. Лежи на висорамнина во средиштето на планината Пајак на 1.200 м.н.в.

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Ливада било големо влашко село основано во XVIII век од Власи дојденци од Епир, притиснати од Албанците. Првите доселеници дошле на висорамнината околу 1760 г. Во 1769 г. следеле нови преселнички бранови од Грамошта, но и од Москополе, срушено за првпат истата година од Албанците. Преселбите се засилиле за време на Али-паша Јанински (1788-1820). Меѓу 1812 и 1816 г. на висорамнината се доселиле семејства од Периволи, Гребенско, а по 1856 г. дошле и Власи од Самарина, исто така во Гребенско.[3]

Овие први доселеници првично живееле распрснато. На почетокот на XVIII век е основано селото Мала Ливада, а меѓу 1830 и 1840 г. се изградени првите камени куќи во Голема Ливада. Одделните маала на ги носеле имињата на старите села — Мисќани, Грамуштанли, Пириволате.[4] Жителите на Ливада продолжиле да се занимаваат со номадско сточарство. Иако биле обиколени од влахомегленските села, тие го зачувале влашкиот јазик, поинаквиот начин на живот, носијата и обичаите.[3]

Голема и Мала Ливада се претвориле во важни стопански центри во подрачјето. Власите одржувале трговски врски со Пазар, Гевгелија и Солун. Во селото се појавила романската пропаганда и отворено е романско училиште.[3] Дел од жителите на Ливада сепак останале верни на гркоманијата и ги поддржувале андартските чети кои војувале со ВМОРО.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Ливадија било село во Ениџевардарската каза со 2.100 Власи христијани.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Ливада (Livada) имало 3.480 Власи и работело влашко училиште.[6] По податоци на Бугарската егзархија во 1910 г. Голема Ливада имала 400 семејства од 1.760 жители Власи и една црква.[7]

Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека пред Балканските војни во Голема Ливада имало 850 куќи на Власи христијани, а во Мала Ливада имало 150 куќи, исто така на Власи христијани.[8]

Во Грција

уреди

По Балканските војни во 1913 г. селото влегло во состав на Грција согласно Букурешкиот договор. Првиот грчки попис води 3.823 жители во Голема и 355 жители во Мала Ливада, но според други податоци селата имат над 5.500 жители. Селата силно настрадале во Првата светска војна, кога се практично уништени, и нивните жители за две години (1916-18) се распрснати. Падот се засилил со појавата на епидемија на грип. Доселувањето на грчки дојденци од Мала Азија, сиромаштијата и постојаната романска пропаганда ги зголемил стихиите на иселување - над 13 од жителите на Ливада се преселиле во Добруџа, Романија.[3]

За време на Втората светска војна на 4 мај 1943 г. германската војска заедно со некои македонски мештани од околината ги опљачкале и запалиле двете села. Ливада силно настрадала и во Граѓанската војна. Жителите се раселиле во преку 40 населени места. Во Воденско и Ениџевардарско — Свети Илија, Калиница, Колибите, Свети Ѓорѓи, Врежот, Долно Власи, Голо Село, Бабјани,[9] Обор,[10] К’шлар, В’дришта, Ново В’дришта, Спирлитово и Пазар.[11] Во Гуменџиско и Кукушко — Гуменџе, Бојмица, Ашиклар, Ругуновец, Бајалци, Драгомирци, Казаново, Смрдешник, Кара Ахматли и Кукуш. Во Солунско — Доганџиево, Коњари, Ени Маала, Градобор, Ново Село, Даутбал, Додулари, Арманќој, Менемени, Јуренџик, Лембед, Илиџиево, Пејзаново, Ексохи, Хортач, Капуџилар, Седес, Агија Тријада, Свети Васил, Балевец и Солун.[3]

По војната мал број семејства останале да живеат меѓу урнатините на двете села. Продолжиле да се занимаваат со традиционалното номадско сточарство и одгледување на компир. Во 1970 г. урнатините на Голема Ливада се отстранети и изградени се 80 мали нови куќи. На почетокот на XXI век овие куќите се намножиле на 120. Мала Ливада денес е отпишана.

Во 1964 г. е основано Фолклорното друштво на Голема Ливада со седиште во Солун, а в 1994 г. и друштвото „Пенде Врисес“ на Власите од Ливада во Бојмица. Во 1995 г. се основани уште две друштва — Друштво на Власите од Седес и Кајачали „Агиос Николаос“ и друштвото „Агио Пневма“ на Власите од Ливада, Кокинопило и Клисура во Лембед.[3]

Месности во Ливада преименувани со службен указ на 31 јули 1969 г.
Име Грчки Ново име Грчки Опис
Синистра[12] Σινίστρα Зервокорифи Ζερβοκορυφή[13] врв на ЈИ од Ливада[12]
Мегалос Перос Μεγ. Περός Исома Ίσωμα[13] врв
Микрос Перос[12] Μικρός Περός Исома Ίσωμα[13] врв на ЈЈЗ од Ливада (1.222 м)[12][12]
Паприте[12] Πάπριτε Фтерес Φτέρες[13] врв на ЈЗ од Ливада (1.355 м)[12][12]
Грамада[12] Γκαρμάντα Петрорема Πετρόρεμα[13] река на Ј од Ливада[12]
Гроб[12] Γκρόπ Тафос Τάφος[13] врв на Ј од Ливада (1.457,8 м)[12]
Карабунар[12] Καρά Μπουνάρ Мавропигадо Μαυροπήγαδο[13] месност на ЈЗ од Ливада[12]
Чаири[12] Τσαΐρια Ливадија Λιβάδια[13] месност на ЈЗ од Ливада[12]
Горица[12] Γκουρούτσικα Корифи Κορυφή[13] врв на ЈИ од Ливада[12]
Франгово[12] Φράγκοβα Франгохора Φραγκοχώρα[13] месност на ЈИ од Ливада[12]
Ируска[12] Ίρούσκα Самари Σαμάρι[13] врв на З од Ливада (1.382 м)[12]
Хасан Тепе[12] Χασάν Τεπέ Антирас Άντήρας[13] возвишение на З од Ливада[12]
Мусов Гроб[12] Γκρόπα Μούσιο Мнима Μνήμα[13] врв на СЗ од Ливада[12]
Сехово[12] Σέχοβον Анеморахи Άνεμόραχη[13] врв на ИСИ од Ливада[12]
Бигорлива[12] Μπικορλίβα Ливади Λιβάδι[13] месност на СИ од Ливада[12]
Гува[12] Γκούβα Лака Λάκκα[13] извор на И од Ливада, Ј под врвот Сехово[12]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 1.493 15 257 402 404
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Личности

уреди
 
Ташо Гиздаров
Родени во Ливада
  • Анастасиос Белис — андартски капетан
  • Василе Барба (1918 – 2007) — филолог-ароманист во Германија
  • Георги Костов — револуционер на ВМОРО, четник на Штерјо Јунана[14]
  • Георги Штерјо — револуционер на ВМОРО, четник на Аргир Манасиев[15]
  • Думитру Лимона (1912 – 1977) — архивист-палеограф во Романија
  • Коста Гули (1916 – 1985) — поет во Романија
  • Михаил Хандури — војвода на влашка чета на ВМОРО
  • Наќе (Јанко) Георгиев — револуционер на ВМОРО, четник на Апостол Петков[16]
  • Нешо Ташов — револуционер на ВМОРО, четник на Аргир Манасиев[15]
  • Никола Митрев — борец во МОО во четата на Ичко Димитров[17]
  • Николаос Давелис — андартски деец
  • Николаос Несиос — андартски деец
  • Митре Николов — револуционер на ВМОРО, четник на Штерјо Јунана[14]
  • Стерјо Наум — андартски капетан
  • Ташо Гиздаров (1884 - 1933) — револуционер на ВМРО
  • Штерјо Јунана (? – 1906) — револуционер, војвода на ВМОРО
Починати во Ливада

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 56. ISBN 9989-9819-6-5.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Αστέρης Ι. Κουκούδης. Τα Μεγάλα Λιβάδια του Πάικου[мртва врска]
  4. Ντίνος Κιούσης. Μεγάλο Λιβάδι - Κιλκίς, Καθημερινή Архивирано на 30 јануари 2012..
  5. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 153. ISBN 954430424X.
  6. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 194–195.
  7. Шалдев, Христо. Областта Боймия в Югозападна Македония. Македонски преглед, 1930, 6:1, стр. 61–69.
  8. Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 29.
  9. Бабяни на порталот на општината Кир, Архивирано од изворникот на 16 јануари 2010, Посетено на 27 јануари 2010
  10. Обор на порталот на општината Кир, Архивирано од изворникот на 11 август 2011, Посетено на 27 јануари 2010
  11. Спирлитово на порталот на општината Кир, Архивирано од изворникот на 28 февруари 2010, Посетено на 27 јануари 2010
  12. 12,00 12,01 12,02 12,03 12,04 12,05 12,06 12,07 12,08 12,09 12,10 12,11 12,12 12,13 12,14 12,15 12,16 12,17 12,18 12,19 12,20 12,21 12,22 12,23 12,24 12,25 12,26 12,27 12,28 12,29 12,30 12,31 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  13. 13,00 13,01 13,02 13,03 13,04 13,05 13,06 13,07 13,08 13,09 13,10 13,11 13,12 13,13 13,14 13,15 „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 483. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 147): 1049. 1969. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  14. 14,0 14,1 „Дневник на четите, изпратени в Македония от пункт Кюстендил. 1903-1908“, ДА - Враца, ф. 617к, оп.1, а.е.1, л.56
  15. 15,0 15,1 „Дневник на четите, изпратени в Македония от пункт Кюстендил. 1903-1908“, ДА-Враца, ф. 617к, оп.1, а.е.1, л.25
  16. „Дневник на четите, изпратени в Македония от пункт Кюстендил. 1903-1908“, ДА-Враца, ф. 617к, оп.1, а.е.1, л.30
  17. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 453. ISBN 954-9800-52-0.

Надворешни врски

уреди