Ново В’дришта
Ново В’дришта (грчки: Νέος Μυλότοπος, Неос Милотопос) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Постол во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 1.983 жители (2011). Иако е новосоздадена, ова сепак е етнички мешана населба поради доведувањето на македонско население од повисоките села.[2]
Ново В’дришта Νέα Πέλλα | |
---|---|
Местоположба во областа | |
Координати: 40°49.7′N 22°21.18′E / 40.8283° СГШ; 22.35300° ИГДКоординати: 40°49.7′N 22°21.18′E / 40.8283° СГШ; 22.35300° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Постолски |
Општина | Постол |
Општ. единица | Кир |
Надм. вис. | 60 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 1.983 |
Часовен појас | EET (UTC+2) |
• Лете (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија Уреди
Селото се наоѓа во Солунското Поле на 7 км северозападно од градот Пазар (Ениџе Вардар).
Историја Уреди
Основано е во 1924 г.[3] од Грци преселени од Турција, претежно од источнотракиското село Ќурумџе[4] и нешто од Мала Азија.[3] Во 1928 г. е попишано заедно со В’дришта, со вкупно 1.098 жители, а како одделна населба почнува да се води во 1940 г. кога се заведени 995 лица.[3] Во 1951 г. во Ново В’дришта се попишани 1.119 жители, накачувајќи се на 1.240 во 1961, за во 1971 г. да се смали на 1.116 лица.
Доведување на македонско население Уреди
Во 1970-тите етничката слика на селото се променила, кога властите решиле речиси насила да ги иселат планинските Корнишор и Радомир, и да го доведат нивното македонско население во Ново В’дришта за негово полесно контролирање и асимилација.[2] Со вселувањето на донесените Македонци во новоизградените домови од државата, населението на селото се зголемило. Така, во 1981 г. населението се накачило на 1.771, во 1991 г. на 2.071,[3] достигнувајќи 2.605 жители во 2001 г., па намалувајќи се на 1.983 жители во 2011 г.
Население Уреди
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | — | 1.119 | 1.240 | 1.116 | 1.771 | 2.071 | 2.605 | 1.983 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство Уреди
Селото важи за прилично богато поради високите приноси на овошје, жито, памук и бостан и други култури, а развиено е и краварството.[3] Се одгледуваат и овци и кози, кои жителите дојдени од Корнишор и Радомир ги напасуваат во атарите на нивните стари села.[3]
Наводи Уреди
- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 71–72.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 75.
- ↑ Ново В’дришта на порталот на поранешната општина Кир (грчки)