Спирлитово
Спирлитово или Испирлик (грчки: Πλαγιάρι, Плајари; до 1926 г. Ίσπερλικ, Исперлик[2]) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 349 жители (2011). Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Турци.[3]
Спирлитово Πλαγιάρι | |
---|---|
Координати: 40°51.6′N 22°16.43′E / 40.8600° СГШ; 22.27383° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Постолски |
Општина | Постол |
Општ. единица | Кир |
Надм. вис. | 110 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 349 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото е сместено во Солунското Поле, во јужното подножје на планината Пајак, 12 км северозападно од градот Пазар (Ениџе Вардар).
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиСпоред статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Спирлитово броело 600 жители, сите Турци.[4] Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни селото се состоело од 93 турски куќи.[3]
Во Грција
уредиПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 595 жители, кои во 1920 г. се салиле на 501 лице.[3] Во 1920-тите населението е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место се доведени грчки колонисти од Источна Тракија, и тоа од Болаир (Плајари), како и некои од Мидија и Оргаз. Во селото дополнително се доселиле и Власи од кожанското село Влашка Блаца и соседната Голема Ливада. Во 1926 г. селото е преименувано во Плајари, по старото село на мнозината дојденци.[5] Според пописот од 1928 г. Спирлитово било чисто дојденско село со 213 лица (82 семејства).[6]
Во 1940 г. Спирлитово имало 465 лица кои по војните почнале да се намалуваат, што трае до денес.[3]
Цркви
уреди- „Рождество на пресв. Богородица“
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 465 | 421 | 467 | 436 | 387 | 373 | 363 | 349 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
уредиБидејќи е полупланинско, селото е релативно сиромашно. Се одгледуваат жито, пченка, памук, сончоглед и тутун. Делумно е застапено и сточарството.[3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ίσπερλικ -- Πλαγιάρι
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 79.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 146. ISBN 954430424X.
- ↑ Спирлитово на порталот на поранешната Општина Кир Архивирано на 28 февруари 2010 г. (грчки)
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.