Додулари
Додулари или Додулар (со облиците Дудулари, Дудулар[2]; грчки: Διαβατά, Дијавата, до 1926 г. Δουδουλάρ, Дудулар[3]) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Делта на Солунскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци.[2]
Додулари Διαβατά | |
---|---|
Координати: 40°41.15′N 22°51.29′E / 40.68583° СГШ; 22.85483° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Солунски |
Општина | Делта |
Општ. единица | Ехедор |
Надм. вис. | 17 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 10.205 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиДодулари е се наоѓа во Солунското Поле во областа Вардарија меѓу реките Галик и Вардар. Оддалечено е неколку километри северозападно од градот Солун.
Историја
уредиВо Османлиското Царство
уредиЦрквата „Св. Димитриј“ е изградена во 1853 г.[4] Според Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) селото првично било метох, а потоа продадено како чифлик на две царски девојки.[5]
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Дондуларе (Dondoularé) е село со 30 домаќинства сочинети од 140 жители Македонци.[6][7] Во 1874 - 1875 г. во Додулари учителствувал Димитар Мавродиев.[8]
Во 1880 г. муктарот (кметот) на Додулари, Коста Манук, е испратен во затвор во Азија поради учество во потпишување на петиции до Румелиската комисија.[9] Меѓу 1896 и 1900 г. селото преминало под врховенството на Бугарската егзархија.[10]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Додулари имало 180 жители Македонци.[6][11] Според Христо Силјанов, по Илинденското востание во 1904 г. целото село (Дудуларе) прешло под врховенството на Бугарската егзархија.[12] По податоци егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Дудуларе (Doudoularé) имало 232 Македонци, сите под егзархијата. Во селото работело бугарско училиште.[13]
Според извештај на Димитриос Сарос од 1906 г. Дудулар (Δουδουλάρ) е словенојазочно село во Солунската митрополија со 130 жители со сопсвена национална свест. Во селото работело 1 бугарско училиште со 20 ученици и 1 учител.[14]
Во Грција
уредиВо 1913 г. по Втората балканска војна Додулари е припоено кон Грција, кога населението броело 121 жител.[2] Во прегледот на населението направен во 1917 и 1918 г. Милоевиќ го завел Дудулар како село со 30 македонски куќи.[15]
Во 1926 г. селото е преиманувано во Дијавата. Согласно Лозанскиот договор во 1922 г. во селото са населени 87 семејства на туркојазични Грци од Мала Азија и 98 семејства на кавкаски Ерменци (исто така од Турција), вкупно 562 лица.[16] Во 1928 г. Додулари е заведено како староседелско-дојденско село со 170 доселенички семејства сочинети од 524 лица.[17] Некои од малобројните македонски мештани (официјално 54 лица) се преселиле во Бугарија заради притисоците.[2] Следствено на тоа, Македонците останале мошне мало малцинство во селото.
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 779 | 1.125 | 1.707 | 2.716 | 3.375 | 4.463 | 8.423 | 9.890 | 10.205 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Културни и природни знаменитости
уреди- Цркви
- „Св. Димитриј“ од 1853 г., прогласена за споменик на културата
- „Св. Димитриј и Св. Бессребреници“ од 1981 г.
Личности
уреди- Родени во Додулари
- Варнава Тирис (р. 1958) — од доселеничко семејство, митрополит на Неаполско-ставруполската епархија
- Иван Ангелов (1831 – ?) — свештеник во Кониково од 1871 до 1910 г.[18]
- Иван Манук — борец во Македонско-одринските чети[19]
- Коста Манук — учесник во Македонското востание, затворен во Азија
- Митре Дудуларски — револуционер, терорист на Централниот комитет на МРО, заедно со Иван Карасулијата го убил србоманскиот учител Илија Пејчиновски во Солун на 6 септември 1897 г.[20]
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 317–318. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ „ΥΑ ΥΠΠΕ/Β1/Φ34/67500/1506/9-1-1985 - ΦΕΚ 61/Β/4-2-1985“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 19 септември 2021. Посетено на 15 октомври 2014.
- ↑ Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 46.
- ↑ 6,0 6,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 150–151. ISBN 954-8187-21-3.
- ↑ Енциклопедия „Пирински край“, том I. Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1995. стр. 524. ISBN 954-90006-1-3.
- ↑ Кирил патриарх Български. Българската екзархия в Одринско и Македония след Освободителната война 1877-1878. Том първи, книга първа, стр. 356, 389.
- ↑ Шалдевъ, Хр. (1936). „Екзархъ Йосифъ I за задачата на Екзархията следъ 1887 год“ (PDF). Илюстрация Илиндень. Илинденска организация. 9 (79): 1. Занемарен непознатиот параметар
|month=
(help) - ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 141. ISBN 954430424X.
- ↑ Силяновъ, Христо (1943). Освободителнитѣ борби на Македония (PDF). II. Следъ Илинденското възстание. София: Издание на Илинденската Организация. стр. 126.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 218–219.
- ↑ Παπαδόπουλος, Στ. Ι (1975). „Η κατάσταση της παιδείας το 1906 στην ύπαιθρο του Κάζα Θεσσαλονίκης: (Μια ανέκδοτη έκθεση του Δημητρίου Μ. Σάρρου)“ (PDF). Μακεδονικά (грчки). Θεσσαλονίκη: Εταιρεία Μακεδονικών Σπουδών. XV (8): 136–137. Занемарен непознатиот параметар
|lang-hide=
(help) - ↑ Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 36.
- ↑ „Δήμος Εχεδώρου. Τα Διαβατά“. Архивирано од изворникот на 2024-01-30. Посетено на 2024-01-30.
- ↑ Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 20 јуни 2012, Посетено на 20 јуни 2012
- ↑ Енциклопедия. Българската възрожденска интелигенция. Учители, свещеници, монаси, висши духовници, художници, лекари, аптекари, писатели, издатели, книжари, търговци, военни... София: ДИ „Д-р Петър Берон“. 1988. стр. 36.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 422. ISBN 954-9800-52-0.
- ↑ „Борбите в Македония – Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 54-55, ISBN 954-9514-56-0