Ени Маала (Солунско)
Ени Маала (грчки: Πετρωτό; до 1926 г. Γενή Μαχαλά, Ени Махала[2]) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Даутбал на Солунскиот округ во Централна Македонија, Грција.
Ени Маала Πεντάλοφος | |
---|---|
Координати: 40°48.51′N 22°52.19′E / 40.80850° СГШ; 22.86983° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Солун |
Општина | Даутбал |
Општ. единица | Калитеја |
Надм. вис. | 135 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 289 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓа во областа Вардарија во Солунското Поле. Лежи на левиот брег на реката Галик, во северното подножје на планината Балџа.
Историја
уредиНад селото е сместена тврдината Кале,[3] која била утврдена населба во средниот век.
Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Ени махала, Лагадинска каза, живееле 120 Турци.[4]
По Блаканските војни во 1913 г. Ени Маала влегло во состав на Грција со гласно Букурешкиот договор. Таа година имало 85 жители, кои во 1920 г. се намалиле на 53.[5] Во 1924 г. по сила на Лозанскиот договор населението е иселено во Турција, а на негово место се доведени Грци од Понд.[5] Според пописот од 1928 г. Ени Маала било дојденско село со 21 семејства сочинети од 83 лица.[6] Во 1926 г. селото е преименувано во Петрото.
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 165 | 298 | 286 | 191 | 210 | 232 | 326 | 289 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ . Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece http://pandektis.ekt.gr/pandektis/handle/10442/170536. Посетено на 12 април 2021. Занемарен непознатиот параметар
|заглавие=
(help); Отсутно или празно|title=
(help) - ↑ „Φρούριο Αετού ή Φρούριο Πετρωτού“. Ελληνικά Κάστρα. Занемарен непознатиот параметар
|access=
(се препорачува|access-date=
) (help); Недостасува права црта во:|access=
(help); no-break space character во|title=
во положба 16 (help) - ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 171. ISBN 954430424X.
- ↑ 5,0 5,1 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 319. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012