Али-паша Јанински
Отомански феудалец, со албанско потекло
Али-паша Јанински ( 1741 - 5 февруари 1822) — османлиски феудалец од албанско потекло, паша на Јанина, а потоа одметник од централната османлиска власт и независен владетел. По верното подаништво на султанот Селим III, се осамостоил и се прогласил за независен владетел на Албанија, Епир и Мореја (Пелопонез) (1803), а потоа ја проширил својата власт и во Македонија, Тесалија и Грција. Поради суровоста во управувањето, влегол во народната традиција како беспримерен зулумќар. Воспоставил дипломатски врски и влегол во преговори со Наполеон, а потоа и со Англија. По двегодишна војна со султанот Махмуд II, со измама бил заробен и убиен.[1]
Али-паша Јанински | |
---|---|
Паша на Јанина | |
На должноста 1788–1822 | |
Лични податоци | |
Роден(а) | 1740 Бечишт, Отоманско Царство (денес Албанија) |
Починал(а) | 1822 (на 81–82 г.) Јанина, Отоманско Царство (денес Грција) |
Народност | Албанец |
Вероисповед | Ислам, Суфизам, Бекташи |
Прекар | Лав „Arslan“ (турски: Лав) „Лавот од Јанина“ |
Наводи
уреди- ↑ Охрид и Охридско низ историјата, книга втора. Од паѓањето под османлиска власт до крајот на Првата светска војна, ИНИ, Скопје, 1978