Илиџиево
Илиџиево или Јајлаџиево (грчки: Χαλκηδόνα, Халкидона; до 1926 г. Γιαλιατζίκ, Јалјаѕик или Γιαλατζίκ, Јлаѕик[2]) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Илиџиево на Солунскиот округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 3.094 жители (2011).
Илиџиево Χαλκηδόνα | |
---|---|
Колиба во Илиџиево за време на Првата светска војна | |
Координати: 40°43.76′N 22°35.88′E / 40.72933° СГШ; 22.59800° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Солун |
Општина | Илиџиево |
Општ. единица | Илиџиево |
Надм. вис. | 20 м |
Заедница | |
• Население | 3094 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 570 07 |
Повик. бр. | 23910-2 |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во Солунското Поле, 31 км од Солун и 19 км од Пазар (Ениџе Вардар). Лежи на надморска височина од 20 м.[3]
Илиџиево е важна сообраќајна раскрсница од каде што се дели главниот пат кој води од Солун кон југозападна Егејска Македонија. Од овде водат три краци: еден за Катерина, друг за Бер и Кожани и трет за правецот Пазар-Воден-Лерин.[3]
Историја
уредиСпоред Тодор Симовски, во селото живееле претежно Македонци и помал број Турци.[3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. местото броело 497 жители, но погрешно го наведува населението како турско.[3][4] Според Христо Силјанов след Илинденското востание во 1904 г. целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.[5] Според податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. Илинџиево (Ilindjievo) имало 320 жители, сите Македонци.[6][7]
Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога населението броело 253 жители. Во неговиот патописен попис од 1917-18 г. Боривое Милоевиќ го завел Илиџиево како чисто македонско село со 30 куќи.[3], а во 1920 г. населението се намалило на 188 жители, сите Македонци.[3] Во 1926 г. Илиџиево е преименувано во Халкидона. Во 1920-тите грчките власти почнале да доселуваат Грци од други земји,а па така во 1928 г. имало 1.191 жител, од кои дури 922 (247 семејства) биле доселеници.[8] Според евиденцијата од 1928 г. доселениците го имале следново потекло:
- 150 семејства од Кадиќој (Халкидон) во Источна Тракија
- 40 семејства од Бургас, Бугарија
- 30 семејства од Ениќој (Неохори), Афионкарахисарско, Турција
- 20 семејства од подрачјето на Цулу, Мала Азија
- 7 семејства од Бурса
Поради добрата положба и плодната почва добиена со пресушувањето на Ениџевардарското Езеро, Илиџиево во 1940 г. пораснало на 1.867 жители, а по Граѓанската војна почнало да наликува на гратче, поради што продолжил растот на населението.[3]
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1876 | 2415 | 3293 | 2930 | 3036 | 3144 | 3749 | 3094 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
уредиСелото припаѓа на општинската единица Илиџиево со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Илиџиево, во округот Солун. Воедно, градот е дел од општинскиот оддел Илиџиево, каде е единствено населено место.
Стопанство
уредиЗемјиштето во атарот на Илиџиево важи за многу плодно. Се одгледуваат големи количества на овошје, памук, житарки и други земјоделски производи.[3]
Културни и природни знаменитости
уреди- Цркви
- Св. Петар и Павле од XIX век
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Γιαλιατζίκ -- Χαλκηδών
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 321.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.141.
- ↑ Силянов, Христо. „Освободителните борби на Македония“, том I, София, 1993, стр.126.
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp.218-219.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.