Јуренџик
Јуренџик, Реџик или Уреџик (грчки: Πεύκα, до 1955 г. Ρετζίκι, Ренѕики[2]) — населба и поранешна општина во подрајчето на Солун, Егејска Македонија. Со реформата на локалната управа во 2011, местото влегло во состав на денешната општина Неаполи-Сикјес.[3] Населението брои 13.435 жители (2021).
Јуренџик Πεύκα | |
---|---|
Поглед на Јуренџик | |
Координати: 40°39′N 22°59′E / 40.650° СГШ; 22.983° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Солун |
Општина | Неаполи-Сикјес |
• Општ. един. | 1,800 км2 (0,695 ми2) |
Надм. вис. | 230 м |
Население (2021)[1] | |
• Општ. един. | 13.435 |
• Општ. един. густина | 7,500/км2 (19,000/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓа на 6 км североисточно од Солун и исто толку од Пејзаново. Лежи крај патот Солун - Хортач, на надморска височина од 230 м.[4]
Историја
уредиПорано Јуренџик бил одморалишно место за европските конзули и стопанственици. во 1922 г. тука е подигната нова населба за грчки доселеници од Мала Азија и Источна Тракија. Во 1928 г. Ренѕик било дојденско село со 54 грчки доселенички семејства сочинети од 214 лица.[5]
Поради патот и пријатната клима, населбата продолжила да расте. Најголем пораст е забележан во 1960-тите и 1990-тите.
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 264 | 251 | 392 | 899 | 1.501 | 2.288 | 4.702 | 6.393 | 13.435 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Општествени установи
уредиНаводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ Закон „Каликратис“ Архивирано на 27 април 2017 г. - Министерство за внатрешни работи (грчки)
- ↑ Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 338–339. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012