Доганџиево
Доганџиево или Доганџи (грчки: Πρόχωμα, Прохома; до 1926 г. Δογαντζή, Доганѕи[2]) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Илиџиево на Солунскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 1.214 жители (2011).
Доганџиево Πρόχωμα | |
---|---|
Координати: 40°47.54′N 22°40.0′E / 40.79233° СГШ; 22.6667° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Солунски |
Општина | Илиџиево |
Општ. единица | Куфалово |
Надм. вис. | 90 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 1.214 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 570 11 |
Повик. бр. | 231 0711 |
Географија
уредиСелото е сместено во областа Вардарија на Солунското Поле на левиот брег на реката Вардар, 8 км источно од Куфалово и на 36 северозападно од Солун по стариот државен пат за Скопје.[3][4]
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиНа крајот на XIX век Доганџиево било мешано, но претежно турско село во Солунската каза. Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Доганџиево живееле 28 Македонци христијани,[5] 200 Турци и 84 Роми.[6]
Македонското население на селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Дуганџиево (Dougandjievo) имало 88 Македонци под егзархијата, што значи дека нивниот број значително се зголемил во текот на последните пет години.[7]
Според општинската страница на Илиџиево во селото пред 1912 г. живееле 200 Турци муслимани и 50 Македонци христијани.[4]
Во Грција
уредиПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција, согласно Букурешкиот договор. Веројатно доста настрадало во војните, бидејќи пописот од таа година бележи само 9 жители.[3] Малку подоцна тука се сместени грчки доселенички семејства, така што во 1920 г. селото веќе имало 265 жители, а преостанатите мештани биле иселени.[3] Од 1922 г. властите почнале да доселуваат уште грчки колонисти, така што во 1928 г. Доганџиево било наполно дојденско село кое броело 592 жители (165 семејства).[8] Дојденците биле претежно од Понд, и тоа од Везинќој, Санда (денес Думанли), Котиора (денес Орду), Моламстафа и Ептакоми, но имало и преселници од Пашќој во Кавказ и 40 семејства од Суботан во Карс.[4]
Во 1940 г. во Доганџиево се попишани 952 жители, кои во 1951 г. се смалиле на 938, а во 1961 г. се накачиле на 1.013. Во 1971 г. бројноста доживеала значаен пад на 733 жители, но се повратила на 980 на пописот во 1981 г. Во 1991 г. се 1.002 жители. Во текот на следното десетлетие населението уште повеќе пораснало, па во 2001 г. селото имало 1.294, а во 2011 г. — 1.214 лица.
Во 1926 г. селото е преименувано во Прохома, што значи „насип“. Главна селска црква е „Воздвижение на Чесниот Крст“.[4]
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 952 | 938 | 1.013 | 733 | 980 | 1.002 | 1.294 | 1.214 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
уредиСелото важи за прилично богато бидејќи има мошне плодно земјиште кое целосно се наводнува. Се произведува многу жито, памук, овошје и др.[3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Δογατζή -- Πρόχωμα
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 317.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 „Πρόχωμα“. Δήμος Χαλκηδόνας. Посетено на 8 јули 2019.[мртва врска]
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 140. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 218-219.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.