Ново Село (Даутбал)
Ново Село или Ениќој (грчки: Νεοχωρούδα, Неохоруда) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Даутбал на Солунскиот округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 1.703 жители (2011), сите Македонци.[2]
Ново Село Νεοχωρούδα | |
---|---|
Координати: 40°44.25′N 22°52.38′E / 40.73750° СГШ; 22.87300° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Солун |
Општина | Даутбал |
Општ. единица | Калитеја |
Надм. вис. | 220 м |
Заедница | |
• Население | 1703 |
• Површина (км2) | 29.87 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 545 00 |
Повик. бр. | +30-231x-xxx-xxx |
Рег. таб. | NAx-xxxx до NXx-xxxx |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во Солунското Поле. Оддалечено е 10 км северозападно од Солун и 1,5 км источно од Градобор.
Историја
уредиВо османлиско време
уредиВо 1771 г. Ново Село е споменато како христијанско село, а во 1862 г. е заведено како село со 76 христијански куќи.[3]
Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович го опишал Ново Село како македонско село.[4][5] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека 1873 г. Ново Село (Novo-Sélo) било село со 130 домаќинства и 580 жители Македонци.[6][7] Меѓу 1896 и 1900 г. селото преминало под врховенството на Бугарската егзархија[8]. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. селото брои 740 жители, сите Македонци христијани.[6][9]
Во учебната 1894-95 г. под револуционерот Аргир Манасиев, а со помошта на првенците Ставре Новоселски, Ѓорѓи Саламурчев, Пецо Бакалинот, Христо Чочев и други отвориле унијатско училиште. Во него се запишале 30-35 деца.[10]
По податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. Ново Село (Novo-Selo) имало 1.016 жители Македонци[6], од кои 552 биле под врховенството на Бугарската егзархија, а 464 под Цариградската патријаршија. Селото било изложео на две странски пропаганди — бугарската и грчката и во него работеле и бугарско и грчко училиште.[11]
Припојување кон Грција
уредиСо Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава кога имало 727 жители.[2] Откупени се 8 имоти на жители кои се преселиле во Бугарија.[12] Во неговиот патописен попис од 1917-18 г. Боривое Милоевиќ завел дека Ново Село има 145 македонски куќи.[2] Во 1920 г. селото имало 884 жители (439 мажи и 445 жени).[13]
Во пописот од 1928 г. Ново Село е заведено како македонско, со 919 жители, од кои 9 биле грчки бегалци доведени од Турција (3 семејства).[14]
Население
уредиЦелото население на Ново Село до денешен ден е чисто македонско. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1138 | 1235 | 1258 | 1212 | 1195 | 1430 | 1979 | 1703 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Знаменитости
уреди- Црква „Св. Никола“ од 1959 г.
Самоуправа и политика
уредиСелото припаѓа на општинската единица Калитеја со седиште во Градобор, која припаѓа на поголемата општина Даутбал, во округот Солун. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Градобор, каде тоа е еднственото населено место.
Стопанство
уредиНаселението произведува тутун, жито и други земјоделски производи, а делумно е застапено и сточарството.[2]
Личности
уреди- Дине Стојанов — револуционер на ВМОРО, четник на војводата Апостол Петков; се иселил во САД во 1909 г. и членувал во МПО „Прилеп“ во Стилтон; чичко му и син му се убиени во 1922 г. од Грци[15]
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 336.
- ↑ Δημητριάδης, Βασίλης. Φορολογικές κατηγορίες των χωριών της Θεσσαλονίκης κατά την Τουρκοκρατία, ΜΑΚΕΔΟΝΙΚΑ, σύγγραμα περιοδικόν της ΕΤΑΙΡΕΙΑΣ ΜΑΚΕΔΟΝΙΚΩΝ ΣΠΟΥΔΩΝ, τόμος εικοστός, Θεσσαλονίκη, 1980, σελ. 422, 437. Цитирано по: Λιθοξόου, Δημήτρης. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Θεσσαλονίκης / Γ.
- ↑ нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската политика
- ↑ Григорович, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр. 91.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 152 - 153.
- ↑ Илюстрация Илинден, 1936, бр.79, стр. 1
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 140.
- ↑ Известия на Института за българска литература. Т. 7, 1958, стр. 350 - 351.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 218-219.
- ↑ Μιχαηλίδης, Ιάκωβος. Σλαβόφωνοι μετανάστες και πρόσφυγες από τη Μακεδονία και τη Δυτική Θράκη (1912 – 1930), διδακτορική διατριβή, Θεσσαλονίκη 1996, σελ. 197. Цитирано по: Λιθοξόου, Δημήτρης. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Θεσσαλονίκης / Γ.
- ↑ Απογραφή 1920, σελ. 116. Цитирано по: Λιθοξόου, Δημήτρης. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Θεσσαλονίκης / Γ.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, σελ. 43“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ Македонски Алманах, издава ЦК на МПО, уредник Петар Ацев, издание на „The Macedonian Tribune“, Indianapolis, 1940, стр. 404.