Спирос Франгопулос
Спиридон или Спирос Франгопулос (грчки: Σπυρίδων Φραγκόπουλος) е грчки офицер, деец на грчката вооружена пропаганда и учесник во Борбата за Македонија.
Спирос Франгопулос | ||
Роден | 1879 Закинтос, Грција | |
---|---|---|
Починал | 1905 Голема Ливада, денес Грција |
Животопис
уредиСпирос Франгопулос е роден на островот Закинтос [1][2]. Како лајтант влегол во андартската чета на капетанот Михаил Мораитис (капитан Кодрос) со псевдонимот капетан Зограс (καπετάν Ζόγρας). Од пролета 1905 година го обиколуваат реонот на Гуменџе, а во мај истата година четата им била предадена од населението на влашкото село Ливада. Во текот на последната борба со аскерот, андартската чета се разбегала по Пајак Планина, а Спирос Франгопулос и капетан Мораитис биле убиени [3].
Новите грчки власти му подигнале споменик на Франгопулос во Крива.
Извори
уреди- ↑ Χρήστος Π. Ίντος. Κέντρα οργάνωσης, δράσης και αντίστασης των Ελλήνων στον ν. Κιλκίς κατά την περίοδο του Μακεδονικού αγώνα, σ. 188.[мртва врска]
- ↑ Pandektis > Modern Greek Visual Prosopography
- ↑ Бабев, Иван, „Македонска голгота - Спомени и изповеди от Ениджевардарско“, ТАНГРА ТанНакРа ИК, София 2009 г., стр. 637