Самарина
Самарина (грчки: Σαμαρίνα, влашки: Samarina) — село во Гребенско, Егејска Македонија, денес во општината Гребен на Гребенскиот округ во Западна Македонија, Грција. Населението брои 378 жители (2011), сите Власи.[2]
Самарина Σαμαρίνα | |
---|---|
Поглед на Самарина од планината Смолика | |
Координати: 40°06.26′N 21°01.08′E / 40.10433° СГШ; 21.01800° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Костур |
Општина | Гребен |
Општ. единица | Самарина |
Надм. вис. | 1.450 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 378 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 511 00 |
Повик. бр. | 24620 |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа 50 км западно од градот Гребен, во источното подножје на планината Смолика во северен Пинд. Иако административно е дел од македонскиот Гребенски округ, Самарина лежи во долината на реката Војуша и географски припаѓа на Епир, а не на Македонија. Најблиски населени места се Фурка во општината Коница (Епир) на северозапад, Жужел во општината Нестрам (Костурско) на север преку планината Куркури и Филипишта (Гребенско).
Со надморска височина од 1.450 м[2], Самарина е највисокото населено место во Егејска Македонија и цела Грција.
Историја
уредиОсманлиско време
уредиСамарина заедно со Мечово и Авдела се традиционално меѓу најголемите влашки населби во денешна Грција.
За големината и значењето на селото сведочи фактот што жителите зеле големо учество во Грчката војна за независност. Познато е дека 120 самаринци учестуввале во пробивот при Опсада на Месолонги под команда на Михос Флорос.
Во црквата „Св. Илија“ стои натпис од 1828 г., а во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ од 1829 г. се споменува митрополитот Антим II Гребенски.[3]
Во XIX век Самарина била на удар на грчката пропаганда, но во селото работела и романската пропаганда, иако во помал степен отколку во Авдела. Во 1880 г. во Самарина е отворено романско училиште по залагање на Т. Шому.[4]. Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Самарина имала 2.600 жители, сите Власи.[5] Познато е дека бројката на К’нчов е премала, бидејќи грчката статистика за 1904 г. наведува 3.059 жители, кои ги нарекува влахофони, од кои 52 пороманчени.[6] без притоа да им ја признае етничката припадност.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Самарина се води како чисто влашко село во Гребенската каза на Серфиџенскиот санџак со 902 куќи.[7]
Со Букурешки договор во 1913 г. Самарина е припоена кон грчката држава, кога имала дури 4.198 жители.[2] Како последица од Првата светска војна населението почнало силно да опаѓа. Во 1928 г. населението броело само 603 жители, но во 1940 г. успеало да се врати на 1.142 жители.[2]
Втора светска и Граѓанска војна
уредиСамарина за кратко била окупирана од Италијанците за време на Грчко-италијанската војна, но местото вистински настрадало по Втората светска и Граѓанската војна кога е наполно напуштена[2] и останала речиси празна сè до 1970-тите.[2]
Население
уредиПо Граѓанската војна селото практично се испразнило и не почнало да се населува во поголема мера сè до 1970-тите. Оттогаш наваму, бројноста на жителите бележи пораст и повторен пад.
Жителите на Самарина денес ги има во разни краишта на светот, како и поголемите градски центри во Грција, каде водат организиран живот во здруженија и друштва.[2]
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1.142 | 4 | 5 | 10 | 605 | 285 | 701 | 378 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
уредиСелото припаѓа на општинската единица Самарина со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Гребен, во округот Гребен. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Самарина, каде е единствено населено место.
Наводи
уреди„Самарина“ на Ризницата ? |
- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 128–129.
- ↑ ΣΑΡΑΝΤΗΣ, ΘΕΟΔΩΡΟΣ Κ. Π (1987–1988). Τα Γρεβενά. (Συμβολή στην ιστορία τους) (PDF). „Μακεδονικά“, XXVI, Εταιρεία Μακεδονικών Σπουδών. стр. 281–282. Посетено на 2014-08-26.CS1-одржување: датумски формат (link)
- ↑ Ласку, Стојка. Од историјата на ароманскиот печат во Македонија. Списанијата "Братство" и "Светлина", Скопје 2007, с. 122
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.276
- ↑ Κωνσταντίνος Σπανός. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 48-49, 2001.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 73.