Свети Васил (село)
Свети Васил или Ајвасил (грчки: Άγιος Βασίλειος, Агиос Василиос; до 1927 г. Ајвасил[2]) — село во Општина Лагадина во Солунскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 1.180 жители (2021).
Свети Васил Λαγκαδίκια | |
---|---|
Координати: 40°39′N 23°6′E / 40.650° СГШ; 23.100° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Солунски |
Општина | Лагадина |
Општ. единица | Лагадинско Езеро |
Надм. вис. | 77 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 1.180 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на неколку километри од градот Лагадина во јужниот брег од Лагадинско Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 77 метри.
Историја
уредиВо селото е зачувана византиската Светивасилска кула висока 15 метри, изградена во XIV век, која најверојатно не служела за заштита на селото, туку била поврзана со испорака на стоки од рибарството и земјоделството кои доаѓале од езерото и околните плодни области. Според традицијата кулата и селото го носеле името на византискиот цар Василиј I Македонецот од IX век[3].
Во XIX век Свети Васил е село, кое припаѓало кон Лагадинската каза на Отоманското Царство. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 40 семејства со 178 жители Грци[4]. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 270 жители Грци[5].
Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 200 Грци[6].
Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[7]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 198 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 582 жители. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд. Во 1927 година, селото било преименувано во Василудион.[8]
Население
уредиВо 1928 година селото броело 767 жители.[9], додека во 1940 година селото броело 1059 жители.
Селото во пописот од 1951 година броело 1251 жител, на пописот од 1961 година, во селото живееле 1247 жители, во 1971 година имало 1051 жител, во 1981 година имало 1026 жители, додека во 1991 година имало 1139 жители[10]. Денеска, населението на селото е 1275 жители според пописот од 2001 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1.059 | 1.251 | 1.247 | 1.051 | 1.026 | 1.139 | 1.275 | 1.309 | 1.180 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Културни и природни знаменитости
уреди- Црква „Св. Ѓорѓи“ од XIX век, прогласена за споменик на културата
- Црква „Успение на пресв. Богородица“ — главен храм
- Светивасилска кула — византиска одбранбена кула, прогласена за споменик на културата
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπέροβα --Λαγκαδίκια
- ↑ „Δήμος Λαγκαδά“. Архивирано од изворникот на 2014-08-22. Посетено на 2016-03-21.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 152-153.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 169.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 196-197
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 89.
- ↑ „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-21.