Казаново (грчки: Κοτύλη, Котили; до 1928 г. Καζάνοβο, Казаново[2]) — село во Кукушко, Егејска Македонија, денес во општината Кукуш на областа Централна Македонија, Грција. Сè Втората балканска војна било населено исклучиво со Македонци.[3]

Казаново
Κοτύλη
Казаново is located in Грција
Казаново
Казаново
Местоположба во областа
Казаново во рамките на Кукуш (општина)
Казаново
Местоположба на Казаново во Кукушкиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°58.42′N 22°39.59′E / 40.97367° СГШ; 22.65983° ИГД / 40.97367; 22.65983
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки
ОпштинаКукуш
Општ. единицаРугуновец
Надм. вис.&1000000000000009000000090 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно16
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото е сместено на околу 8 км југоисточно од градот Ругуновец.

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Казаново (Cazanovo) е село во Кукушката каза со 40 домаќинства на 1.848 Македонци.[4][5]

Меѓу 1896 и 1900 г. селото преминало под врховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда.[6] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. Казаново (Kazanovo) било село во Кукушката каза со 240 Македонци и во него работело бугарско училиште.[4][7]

Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека пред Балканските војни Казаново имало 25 куќи на Македонци христијани.[8]

Во Грција

уреди

За време на Втората балканска војна во 1913 г. селото било опустошено, а населението побарало спас во Вардарска Македонија. Истата година тоа е припоено кон грчката држава согласно Букурешкиот договор, а на пописот од таа година се води како напуштено.[3]

По Првата светска војна атарот на селото е откупен од неколку велепоседнички семејства на чело со родоначалникот Котили, по кој е дадено неговото ново име. Поседниците се стекнале со 750 хектари првокласна земја. Во 1920 г. селото имало 53 жители, а во 1928 г. тие биле 42.[3]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 112 151 131 88 53 67 40 16
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Културни и природни знаменитости

уреди

Личности

уреди
 
Дејци на ВМОРО од Кукушко. Трајко Косето Аџаларски, Мине Токлев и Доне Постоларски; Јане Лисичин Казановлија, Лазар Голов и Христо Дили-пале, 19 октомври 1904 г.
  • Вангел Казански (1860 – по 1943) — револуционер
  • Јане Казански — револуционер, деец на ВМОРО
  • Јане Георгиев — револуционер на ВМОРО, четник на Аргир Манасиев[10]
  • Гоце Запрев (Запров, 1884/1885 – ?) — борец во МОО, Кукушка чета, II чета на XIV Воденска дружина[11]
  • Jордан Христов (1885 – ?) — борец во МОО, Кукушка чета, XIV Воденска дружина[12]
  • Мице Колев (1879 – ?) — борец во МОО, Кукушка чета, IV чета на XIV Воденска дружина[13]

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  3. 3,0 3,1 3,2 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 95. ISBN 9989-9819-6-5.
  4. 4,0 4,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 161–162. ISBN 954-8187-21-3.
  6. Шалдевъ, Хр (1936). „Екзархъ Йосифъ I за задачата на Екзархията следъ 1887 год“ (PDF). Илюстрация Илиндень. Илинденска организация. 9 (79): 1. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  7. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 98–99.
  8. Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 32.
  9. „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ34/24412/504/8-6-1987 – ΦΕΚ 378/Β/27-7-1987“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-05-11. Посетено на 20 октомври 2014. Занемарен непознатиот параметар |arhiveurl= (help)
  10. „Дневник на четите, изпратени в Македония от пункт Кюстендил. 1903-1908“, ДА-Враца, ф. 617к, оп.1, а.е.1, л.25
  11. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 108 и 263. ISBN 954-9800-52-0.
  12. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 769. ISBN 954-9800-52-0.
  13. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 355. ISBN 954-9800-52-0.