Баловец (наречено и Баловец, Балавце, Балавча или Балавџа; грчки: Κολχικό, Колхико) — село во подрачјето на Лагадина, Егејска Македонија (денес Грција). Населението брои 1.551 жител (2021).

Балевец
Κολχικό
Балевец is located in Грција
Балевец
Балевец
Координати: 40°45.22′N 23°7.53′E / 40.75367° СГШ; 23.12550° ИГД / 40.75367; 23.12550
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОпштинаЛагадина
Општ. единицаЛагадина
Надм. вис.&10000000000000160000000160 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно1.551
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Балевец е село на околу 7 км источно од градот Лагадина и на надморска височина од 130 м . До 1924 г. селото било населено исклучиво со Македонци.

Историја

уреди

Стопанство

уреди

Балевец традиционално се смета за прилично богато село, произведувајќи големи количества тутун, памук, детелина, градинарски култури и овошје. Добиточниот фонд се состоел од 4.500 овци и 1.000 глави крупен добиток.

Население

уреди

Сè до 1924 г, Балевец било сосем македонско село. Како такво Васил К’нчов го споменува со 360, а Бранков со 588 жители, додека во пописот од 1913 г. се води со 1.000, а во 1920 г. со 749 жители. По 1922 г. во селото се населил извесен број на грчки (понтски) доселенички семејства од Мала Азија, но и понатаму продолжил да преовладува македонскиот елемент. Заедно со доселениците, во 1928 г. селото се води со 846, во 1940 г. со 1.268, во 1951 г. со 1.655, во 1961 со 1.676, а во 1971 г. со 1.400 жители.[2]

Денес селото има 1.959 жители. Според Тодор Симовски, денес потомците на староседелските Македонци се побројни од потомците на грчките доселеници.[3]

Општествени установи

уреди

Културни и природни знаменитости

уреди

Редовни настани

уреди

Личности

уреди

Култура и спорт

уреди

Иселеништво

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Симовски, Тодор (1978). Населените места во Егејска Македонија: географски, етнички и стопански одлики. I. Скопје: Институт за национална историја. стр. 383.
  3. Тодор Симовски „Населените места во Егејска Македонија“, Скопје 1998.

Надворешни врски

уреди