Драгомирци
Драгомирци или Драгомир (грчки: Βαφιοχώρι, Вафиохори; до 1928 г. Δραγομίρ, Драгомир[2]) — село во Кукушко, Егејска Македонија, денес во општината Пајонија на Кукушкиот округ, Грција. Сè до Балканските војни било населено исклучиво со Македонци.[3]
Драгомирци Βαφιοχώρι | |
---|---|
Координати: 41°0.35′N 22°39.48′E / 41.00583° СГШ; 22.65800° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Кукушки |
Општина | Пајонија |
Општ. единица | Бојмица |
Надм. вис. | 60 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 152 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓа на 22 км западно од Кукуш и 10 км источно од Ругуновец.
Историја
уредиНа 2 км северно од селото е откриена населба од бронзеното време, прогласено за заштитен споменик во 1987 г.[4]
Во Отоманското Царство
уредиЦрквата „Св. Ѓорѓи“ во селото е изградена во 1806 г.[5]
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Драгомирци (Dragomirtzi) е село во Кукушката каза со 90 домаќинства сочинети од 400 Македонци.[6][7]
На крајот од ХІХ век селото било чифлик на еврејскиот банкар Саул Модијано од Солун. Во 1904 г. го закупиле под наем селото од Модијано за 7 години, но пред да истече рокот, го откупиле засекогаш.[8]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Драгомирци се состоело од 480 жители Македонци.[6][9] На почетокот на XX век целото население било под врховенството на Бугарската егзархија и во селото работела бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Драгомирци (Dragomirtzi) имало 616 Македонци под Егзархијата и во него работело бугарско училиште.[6][10]
Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека пред Балканските војни Драгомирци се состоело од 140 македонски куќи.[11]
Во Грција
уредиПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Населението значително настрадало од грчката војска во овие војни, и највеќето семејства пребегале во Струмичко, каде живеат и денес.[3] Таа година населението се намалило на 129 жители, но властите довеле 40 македонски гркомански семејства од Струмица[12] или Струмичко.[3] Во 1920 г. селото се води со 224 жители.[3] Гркоманските семејства набргу се вратиле во Струмичко, а 40 лица од преостанатите староседелски семејства биле прогонети во Бугарија. На нивно место власта довела Грци од Источна Румелија (Бугарија). Во 1928 г. селото е заведено како мештанско-дојденско со 596 жители,[3] од кои 478 лица (117 семејства) биле Грци дојденци, а останатите биле македонски староседелци кои не се иселиле.[13]
Име | Грчки | Ново име | Грчки | Опис |
---|---|---|---|---|
Курија[14] | Κουρί | Дасаки | Δασάκι[15] | местност на Ј од Беглерија[14] |
Беглерија[14] | Μπεϊγλερή | Архондика | Άρχοντικά[15] | местност на Ј од Ситарија и на З од Беглерија[14] |
Казаново[14] | Καζανόβον | Какорема | Κακόρεμα[15] | река на Ј од Казаново[14] |
Казански Ниви[14] | Καζανόβου | Аплома | Άπλωμα[15] | местност на ЈИ од Казаново[14] |
Беглерија[14] | Μπεϊγλερή | Вриси | Βρύση[15] | извор на ЈИ од Казаново и на СИ од Беглерија[14] |
Аврет Хисар[14] | Αβρέτ Χισάρ | Гинекокастрон | Γυναικόκαστρον[15] | крепост на ЈИ над Женско[14] |
Суртараш[14] | Σουρτάρας | Пиги | Πηγή[15] | местност на ЈИ од Драгомирци[14] |
Суртараш[14] | Σουρτάρας | Оргома | Όργωμα[15] | извор на ЈИ од Драгомирци[14] |
Аша Маале | Άσία Μαχαλέ | Синикия Асијас | Συνοικία Ασίας[15] | |
Бара[14] | Μπάρα | Авлаки | Αύλάκι[15] | местност на С од Драгомирци[14] |
Селемли[14] | Σελεμλή | Селинос | Σέληνος[15] | местност на СЗ од Драгомирци[14] |
Арџан[14] | Άρτζάν | Плиромена | Πληρωμένα[15] | езеро на СЗ од Драгомирци[14] |
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 844 | 997 | 1231 | 1091 | 986 | 868 | 781 | 603 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Културни и природни знаменитости
уреди- Црква „Св. Ѓорѓи“ од 1806 г.,[5][16] прогласена за споменик на културата
Личности
уреди- Димитар Бандулов — печатар
- Лазар Ников — револуционер на ВМОРО, четник на Аргир Манасиев[17]
- Петар Јотов (1872 – след 1943) — револуционер
- Трајко Ѓотов (1870 – ?) — револуционер, војвода на ВМОРО
- Христо Бандулов (1867 – ?) — просветен деец
- Димитар Атанасов Георгиев – Марчето (1920 – 1944) — борец во партизанското движење во Бугарија[18]
- Борци во МОО
- Георги Делев — борец во I чета на IX Велешка дружина, носител на орденот „За храброст“ IV степен
- Гоне Вардалиев (1874 – ?) — борец во четата на Иван Ташев со четата на Руша Делчева
- Мино Топлев (1874 – ?) — борец во Кукушката чета
- Мито Главов (Мицо Глаов, 1888/1890 – ?) — борец во Кукушката чета, I чета на XIV Воденска дружина
- Мицо Наков (1866 – ?) — борец во Нестројната чета и IV чета на XIV Воденска дружина
- Јанак Гонов (1884 – ?) — борец во Кукушката чета[19]
- Јанаки Георгиев (1886 – ?) — учител, борец во I чета на XIII Кукушка дружина
- Јанаки Стојанов — борец во Нестројната чета на III Солунска дружина
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 87–88. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Α1/Φ16/14096/597/20-5-1987 - ΦΕΚ 353/Β/6-7-1987“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 24 јануари 2021. Посетено на 28 јуни 2018.
- ↑ 5,0 5,1 Ευγενίδου, Δέσποινα (1982). Μια "Συντεχνία" αγιογράφων του 19ου αιώνα από την Κολακιά (PDF). Θεσσαλονίκη: Μακεδονικά, Τόμος ΚΒ (1982) 180-204. стр. 182. Посетено на 10 јуни 2014.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 160–161. ISBN 954-8187-21-3.
- ↑ Влахов, Туше (1969). Кукуш и неговото историческо минало (PDF) (Второ допълнено. изд.). София: Наука и изкуство. стр. 170, 217.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 165. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 98–99.
- ↑ Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 32.
- ↑ Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 106.
- ↑ Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
- ↑ 14,00 14,01 14,02 14,03 14,04 14,05 14,06 14,07 14,08 14,09 14,10 14,11 14,12 14,13 14,14 14,15 14,16 14,17 14,18 14,19 14,20 14,21 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
- ↑ 15,00 15,01 15,02 15,03 15,04 15,05 15,06 15,07 15,08 15,09 15,10 15,11 „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 483. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 147): 1047. 1969. Занемарен непознатиот параметар
|month=
(help) - ↑ Λάμπρου, Σουλτάνα Δ. „Ιερός Ναός Αγίου Γεωργίου στο Βαφειοχώρι“. Promo.cross. Архивирано од изворникот на 2014-12-05. Посетено на 16 јуни 2014.
- ↑ „Дневник на четите, изпратени в Македония од пункт Кюстендил. 1903-1908“, ДА-Враца, ф. 617к, оп.1, а.е.1, л.25
- ↑ Списък на убити партизани
- ↑ >Можеби истоветен со Јанаки Георгиев.
Надворешни врски
уреди- Драгомирци на Ризницата ?