Градобор
Градобор или Грдобор (грчки: Πεντάλοφος, Пендалофос; до 1953 г. Γραδεμπόρι, Градембори[2][3]) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Даутбал на Солунскиот округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 2.022 жители (2011), сите Македонци.[4]
Градобор Πεντάλοφος | |
---|---|
Координати: 40°44.30′N 22°50.88′E / 40.73833° СГШ; 22.84800° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Солун |
Општина | Даутбал |
Општ. единица | Калитеја |
Надм. вис. | 120 м |
Заедница | |
• Население | 2022 |
• Површина (км2) | 29.87 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 545 00 |
Повик. бр. | +30-231x-xxx-xxx |
Рег. таб. | NAx-xxxx до NXx-xxxx |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во областа Вардарија во Солунското Поле, 10 км северозападно од Солун. Лежи крај левиот брег на реката Галик, на надморска височина од 120 м.[4]
Историја
уредиВо 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович го опишал Градобор како македонско село.[5][6] Меѓу 1896 и 1900 г. селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија[7]. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ де вели дека во 1873 г. Јирдо-Боре (Yirdo-Bore) е село со 90 домаќинства сочинети од 480 жители Македонци.[8][9] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. селото брои 800 жители, сите Македонци христијани.[8][10]
По податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година селото (Gradobor) имал 1.040 жители, сите Македонци[8]. Од нив 780 биле под врховенството на Бугарската егзархија и 260 под Цариградската патријаршија. Во селото работеле две пропаганди — бугарската и грчката, и секоја имала свое училиште.[11]
Боривое Милоевиќ вели дека пред Балканските војни Градобор се состоел од 125 македонски куќи.[12] Истражувајќи ги доселеничките При неговата посета во 1917-1918 г. Милоевиќ евидентирал дека една од куќите му припаѓала на семејство чиј основоположник Коритенец се доселил од селото Коритен околу 1888 г. како домазет.[13]
За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарите. Меѓутоа, напоредно на нив, месната милиција ја раководел кукушкиот војвода Гоце Междуречки, поставен од Тодор Александров. Поради зачестените напади од грчката војска, бугарските единици морале да се повлечат[14]. Со Букурешкиот договор во 1913 г. Градобор е припоен кон грчката држава, кога имал 822 жители.[4]
Во 1920 г. во селото се евидентирани 740 жители, а во 1928 г. населението се накачило на 907 жители.[4]
Име | Грчки | Ново име | Грчки | Опис |
---|---|---|---|---|
Врбалак[15] | Βαρμακίστικα | Плаја | Πλαγια[16] | месност на СЗ од Градобор и на СИ од Бугариево по десниот брег на Галик[15] |
Свети Илија[15] | Προφήτης Ήλίας Μπάλτζας | Профитис Илијас | Προφήτης Ήλιας[16] | возвишение на С од Градобор и на З од Балџа (407,5 м)[15] |
Бујук Тепе[15] | Μπουγιούκ Όρος | Корифи | Κορυφή[16] | возвишение на СИ од Градобор и на З од Балџа[15] |
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1114 | 1236 | 1344 | 1353 | 1435 | 1563 | 1944 | 2022 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
уредиСелото припаѓа на општинската единица Калитеја со седиште во Градобор, која припаѓа на поголемата општина Даутбал, во округот Солун. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Градобор, каде тоа е еднственото населено место.
Стопанство
уредиНаселението се занимава со одгледување на тутун, жито и други земјоделски култури. Делумно е развиено и сточарството, особено краварството.
Културни и природни знаменитости
уредиЛичности
уреди- Атанас Градоборлијата (1860-1903) — револуционер ВМОРО и војвода
- Димитар Златанов Градоборски († 1820) — духовен композитор
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Γραδεμπόριο -- Πεντάλοφος
- ↑ „Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 315.
- ↑ Нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската пропаганда.
- ↑ Григорович, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр. 91.
- ↑ Илюстрация Илинден, 1936, бр.79, стр. 1
- ↑ 8,0 8,1 8,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 152–153. ISBN 954-8187-21-3.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 140.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp.218-219.
- ↑ Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 36.
- ↑ Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 66.
- ↑ Генов, Георги. Беломорска Македония 1908 - 1916, Торонто, 2006, стр. 162
- ↑ 15,0 15,1 15,2 15,3 15,4 15,5 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
- ↑ 16,0 16,1 16,2 „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 669. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 208): 1478. 1969. Занемарен непознатиот параметар
|month=
(help)
Надворешни врски
уреди- Градобор на Ризницата ?
- Дијалектен текст од Градобор — Институт за ареална лингвистика при МАНУ