Грамошта (село)

село во Костурско, Егејска Македонија

Грамошта или Грамушта (на костурски дијалект: Грамушча; грчки: Γράμμος или Γράμος, Грамос; до 1927 г. Γράμμοστα, Грамоста,[2] влашки: Gramosta) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Нестрам на Костурскиот округ во Западна Македонија, Грција. Населението брои 10 жители (2021). Претставува најзападно населено место во Егејска Македонија.

Грамошта
Γράμος
Грамошта is located in Грција
Грамошта
Грамошта
Местоположба во областа
Грамошта во рамките на Нестрам (општина)
Грамошта
Местоположба на Грамошта во општината Нестрам и областа Западна Македонија
Координати: 40°23.55′N 20°50.13′E / 40.39250° СГШ; 20.83550° ИГД / 40.39250; 20.83550
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостур
ОпштинаНестрам
Општ. единицаГрамошта
Надм. вис.&100000000000013900000001.390 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно10
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа 70 км југозападно од градот Костур, високо во пазувите на планината Грамошта (грцизирано: Грамос), на надморска височина од 1.390 м.[3] Во близина на селото е сместено планинското езеро Гиздово. Во непосредна близина е границата со Албанија. Атарот зафаќа површина од 59,4 км2

Историја

уреди

Селото изворно било македонско, но пред повеќе од три века, во немирни времиња, населението било приморано да се пресели во близина на Горно Дреновени, основајќи истоимена населба. Во втората половина на XVIII век селаните го напуштиле и ова село, прибирајќи се во Горно Дреновени.[3] На нивно место се во Грамошта се населиле Власи.[4]

Во 1769 г. арнаутските банди го уништиле селото, заедно со соседните Линотопи, Ветерник, Пискохор, Лагор, Омотско и Загар.[5]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Грамосъ (Грамости) има 160 жители Власи.[6] За време на Илинденското востание во селото влегла големата чета на војводата Васил Чакаларов, која со радост била дочекана од влашкото население. Селото било нападнато од арнаутски башибозук и успешно одбранета од четата на ВМОРО.[7]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Грамош се води како чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 30 куќи.[8]

Во 1905 г. според грчка статистика, селото имало 450 жители, а населението е лажно наведено како „грчко“.[9] Во пописите од 1913 и 1920 г. се води како напуштена населба. Пописот од 1928 г. дава 13, а оној во 1940 г. — 55 жители, сите од машки пол, што значи дека се работи за сточари кои напасувале добиток, а не за трајни жители.[3]

Население

уреди

Бројот никогаш не може точно да се определи, бидејќи жителите постојано се раселуваат.[3]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 55 0 0 0 0 28 18 10
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

уреди

Селото припаѓа на општинската единица Грамошта со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Нестрам, во округот Костур. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Грамошта, каде е единствено населено место.

Стопанство

уреди

Селото се користи само во летниот период бидејќи преку зимата нема услови за живот и опстанок на стоката. Се одржуваат непрекинати економски врски со гратчето Хрупишта.[3]

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Γράμμοστα -- Γράμμος
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 14.
  4. „Οδοιπορικό στη Γράμμουστα“. Архивирано од изворникот на 2008-05-29. Посетено на 2016-03-07.
  5. Ανάτυπον από το Λεξικογραφικόν Δελτίον, σ.52 -Τομ. ΚΕ΄, Αθήνα 2005 της Ακαδημίας Αθηνών.
  6. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 266.
  7. Дневник на Киряк Шкуртов, во: Дневници и спомени за Илинденско-Преображенското въстание, Издателство на Отечествения фронт, София, 1984, стр. 65.
  8. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 99.
  9. „Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Grammos“. Архивирано од изворникот на 2007-07-26. Посетено на 2016-03-07.

Надворешни врски

уреди