Калиница
Калиница или Јач Ќој (грчки: Καλή, Кали; до 1927 година: Καλλίνιτσα, Калиница[2]) — село во Пазарско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Вртикоп, во Централна Македонија, Грција.
Калиница Καλή | |
---|---|
Поглед на селото | |
Координати: 40°49′N 22°11′E / 40.817° СГШ; 22.183° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Постол |
Општина | Вртикоп |
Општ. единица | Мениида |
Надм. вис. | 40 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 1.378 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 585 00 |
Повик. бр. | 23810-41 |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа 5 километри северно од главниот пат Пазар-Воден, а северозападно од Пазар, на надморска височина од 40 метри.[3] Вкупната површина на селскиот атар изнесува 24 квадратни километри.
Сместено е во Солунското Поле, на 12 километри источнот од Воден.
Историја
уредиДо 1924 година, селото било населено со македонско и турско население.[3]
Турското население се иселило во Турција пред август 1922 година во согласност со размената на населението предвидена со Лозанскиот договор, а на негово место биле населени грчки бегалци од истанбулскиот четврт Мармара, Источна Тракија и галиполското село Ангелохори.[4] Во 1928 година, Калиница било претставено како чиста бегалска населба со 200 бегалски семејства со вкупно 814 жители.[5]
Во 1927 година, името на селото било променето во Кали (Καλή).
Стопанство
уредиКалиница е богато село, а главни производи на населението се жито, памук, сусам, овошје, а делумно е развиено и краварството.[3]
Население
уредиСпоред статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Калиница (Јач Ќој) живееле 140 Македонци и 700 Турци.[3][6] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Калиница Јачќој (Kalinitza Yatch-Keuy) имало 176 Македонци.[7]
Во пописот од 1913 година било забележано со 1.073 жители, а во 1920 година со 1.207 жители. Во согласност со Лозанскиот договор во 1924 година, турското население се иселило во Турција, а на негово место, грчките власти населиле 843 бегалци од Источна Тракија. Така, селото станало мешана населба, која во 1928 година имала 1.017 жители, а во 1940 година 1.206, од кои мнозинството бегалци. По војната, населението на селото, исто така, покажувало извесно зголемување. Така, во 1951 година биле попишани 1.206 жители, во 1961 година 1.319, во 1971 година 1.454, во 1981 година 1.510, а во 1991 година 1.463 жители.[3]
Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 1.684 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 1.378 жители.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1.206 | 1.206 | 1.319 | 1.454 | 1.510 | 1.463 | 1.684 | 1.378 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
уредиСелото припаѓа на општинската единица Мениида со седиште во селото Калиница, која припаѓа на поголемата општина Вртикоп, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Калиница, во кој е единствено село.
Културни и природни знаменитости
уреди- Цркви
- Црква „Св. Атанасиј“ — најстара црква во селото, изградена во 1780 година, изгорела во 1952 година;
- Црква „Свет Крст“ — на средишниот плоштад
- Црква „Св. Ѓорѓи“ — надвор од селото
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Καλλίνιτσα – Καλή
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). „Воденски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 70.
- ↑ „Калиница на сайта на дем Мениида“. Архивирано од изворникот на 2009-08-21. Посетено на 2016-03-17.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ Васил К’нчов. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 146.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 102–103.
Белешки
уреди- Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.