Васе Суми — македонски револуционер со влашко потекло, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.

Васе Суми
Роден Бојмица, Гевгелиско, Егејска Македонија
Починал 1906
Голема Ливада, Гуменџиско, Егејска Македонија

Животопис уреди

Суми е роден во гратчето Бојмица, Гевгелиско, тогаш во Османлиското Царство, денес во Грција. Влегува во ВМОРО и станува војвода. Загинува во пролетта 1906 година заедно со три негови четници во борба со турските сили крај селото Голема Ливада.[1]

Наводи уреди

  1. „Борис И. Николов, ВМОРО - войводи и ръководители (1893-1934)“. macedonia.kroraina.com. Посетено на 2023-10-28.