Менемени
Менемени (грчки: Μενεμένη), постаро име: Нов Менемен (Νέα Μαινεμένη, Неја Менемени) — населба западниот дел на Солун, Егејска Македонија и седиште на општината Амбелокипи-Менемени. Населението брои 14.297 жители (2021).
Менемени Μενεμένη | |
---|---|
Местоположба во областа [[file:Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 42: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Егејска Македонија Амбелокипи-Менемени" does not exist|240px|Менемени во рамките на Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 42: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Егејска Македонија Амбелокипи-Менемени" does not exist]]
Менемени | |
Координати: 40°39.15′N 22°54.40′E / 40.65250° СГШ; 22.90667° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Солун |
Општина | Амбелокипи-Менемени |
Општ. единица | Менемени |
Надм. вис. | 7 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 14.297 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Историја
уредиНаселбата е основана во 1922 г. кога тука биле доведени околу 160 грчки семејства од истоименото село Менемени во Мала Азија (денес Менемен). На пописот од 1928 г. Менемени се состоело од 114 семејства со вкупно 496 жители, сите грчки доселеници.[2] Истата година почнала изградбата на црквата „Св. Петка“ со облик на куполна трикорабна базилика, наречена по истоимената црква во старото село Менемени во Турција. Првите жители се занимавале исклучиво со земјоделство, но потоа почнале да се занимаваат и лозарство и сточарство. Денес многумина имаат градски занимања.
Со владина наредба во 1934 г. кон Менемени се приклучени новооснованите доселенички населби Ново Арманќој и Нов Босфор. Така зголемена, во 1940 г. населбата е заведена со 2.571 жител.[2] По Втората светска војна населението доживеало голем пораст поради близината на Солун.
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 2571 | 3.615 | 4.995 | 8.352 | 12.141 | 12.932 | 14.910 | 14.746 | 14.297 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Знаменитости
уреди- „Св. Хрисостом Сирин“ — споменик посветен на т.н. Малоазиска катастрофа до црквата „Св. Петка“
- Споменик на паднатите борци на плоштадот „Св. Нектариј“
- Индиски гробишта на Антантата, каде се погребани војници од Индија регрутирани од Британците во Првата светска војна
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 334. ISBN 9989-9819-6-5.
Надворешни врски
уреди- Менемени на Ризницата ?
- Историја на Менемени (грчки)